Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Најдобар Пелистер сезонава, но без награда

СИЛЕН ОТПОР И ГОЛЕМ НАПРЕДОК ВО ИГРАТА, НО ПАК ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Куманово - Пелистер 97:91 (33:28, 26:12, 18:37, 20:14)

Во ретко убав и драматичен натпревар кој го одигра Пелистер, избраниците на Благој Печалов претрпеа нов пораз, но играа достоинствено и малку недостигаше да се вратат со изненадување од гостувањето кај Куманово.
А мечот не наговестуваше драматика, откако во првите 10-15 минути предноста на кумановци растеше од минута во минута. Пред се србите Врањес и Мишковиќ со серија на поени го полнеа битолскиот кош (59:40). Но прилепчанецот Петар Апцев имаше своја вечер, пак блескаше Голубовиќ и со одлична игра во рекетот, Пелистер се врати и на крајот од третата четвртина имаше 77:77. Со таква драма се влезе во последните 10 минути во кои и судиите „вмешаа свои прсти„ околу финалниот исход. Пак Мишковиќ и капитенот Станимировиќ погодија во клучните моменти и Куманово побегна на +6 до финална победа од 97:91. Во победничката екипа Врањеш постигна фантастични 36 поени, рамо до рамо со него беше и Мишковиќ со 23. Во тимот на Пелистер, Петар Апцев беше автор на својата најдобра партија оваа сезона и постигна 29 поени. Мико Голубовиќ со 27, Радосављевиќ постигна 23 и Даниел Захариевски 13 поени исто така беа позитивни. Штета што одличниот меч на цела стартна петорка на Пелистер не донесе резултат. Во наредното 16 коло, Пелистер го дочекува кавадаречки Фени Индустри на 8 март во спортската сала Младост.    

Нема коментара:

Постави коментар