Powered By Blogger

12. 3. 2014.

Без Брдаровски против Македонија Ѓ.П.

КАРТОНИТЕ НЕ ГО ШТЕДАТ ТИМОТ НА ПЕЛИСТЕР И ОВАА СЕЗОНА ВО ОФИЦИЈАЛНИТЕ МЕЧЕВИ
Пелистер и оваа сезона има сериозни проблеми со суспензиите и заработи дури шест исклучувања на мечевите во првенството и Купот.
Дури два пати играше и со по два фудбалери помалку. На мечот со Вардар не настапи Филип Миленковски заради акумулација на пет жолти картони, а против Македонија Ѓ.П. ќе недостига пак уште еден одбранбен фудбалер. Сега Владица Брдаровски заради жолтиот картон против црвено-црните нема да настапи во 22 коло против Македонија Ѓ.П. Тренерот на зелените Драган Бочевски најверојатно доверба ќе му укаже на бугаринот Кирил Динчев, кој на националната арена „Филип втори„ настапи на позицијата на лев бек и одигра многу позитивен меч.   

Нема коментара:

Постави коментар