Powered By Blogger

28. 2. 2015.

Кој ќе ги брани боите на Пелистер оваа пролет?

ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАН ИГРАЧКИОТ КАДАР НА ПЕЛИСТЕР ПРЕД ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ШАМПИОНАТОТ
Утре продолжува фудбалскиот шампионат на Македониј, а Пелистер има големи промени во својот играчки кадар. 14 новајлии ќе го носат зелениот дрес оваа пролет, во обид да се подобри осмото место од есенскиот дел.

Младиот Пелистер врти нов лист по есенската криза

ПО БЛИЗУ 100 ДЕНА ПАК ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ ВО БИТОЛА И ТОА ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК ПРОТИВ БРЕГАЛНИЦА
Љубителите на фудбалот во Битола 100 дена чекаат на прволигашки фудбал, а преку 150 на гол на нивните љубимци. Од мечот со Тетекс, зелените немаат победа, но малку работи оваа пролет може да се споредуваат со тимот кој презими на осмото место. Само 13 фудбалери од ростерот на Марјан Секуловски останаа во клубот, а 5-6 новајлии ќе се најдат во стартниот тим в недела на директниот дуел против Брегалница.

Моделите на Шанел ќе продаваат билети и ќе се фотографираат со гледачите

ОРГИНАЛЕН НАЧИН КАКО ПЕЛИСТЕР ДА СОБЕРЕ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ПУБЛИКА В НЕДЕЛА ПРОТИВ БРЕГАЛНИЦА
Утре во Битола се очекува голема посета за мечот од 18 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Пелистер и Брегалница. Организаторот на натпреварот преку моделите на модното студио Шанел ги промовираше билетите за мечот и токму тие ќе бидат на наплатните места и ќе се фотографираат со гледачите под Тумбе кафе.

26. 2. 2015.

Хаџиевски: „Не работиме само за денес, правиме проект што ќе трае со години„

ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕД ДЕБИТО СО БРЕГАЛНИЦА В НЕДЕЛА
Со официјална прес-конференција битолски Пелистер ја претстави фудбалската пролет, а со тоа и 14 нови фудбалери кои пристигнаа во Битола во текот на зимскиот преоден рок. Нема дилеми дека градот под Пелистер со нетрпение очекува да го види „Тумбе кафе„ исполнет и да се истркала топката во меч за бодови. Тренерот Ѓоко Хаџиевски го спореди овој проект со оној пред четврт век, кога како дел од југословенската лига, во Пелистер внесе свежа крв и „фрли во оган„ шест фудбалери од по 16 години во сениорската екипа.

24. 2. 2015.

Пелагониско реми во последната контрола

МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО НАЈНОВОТО ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ НА СТАРИТЕ РИВАЛИ  
Пелистер - Победа 0:0

Стадион: Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Панде Атанасов и Васко Клочевски

Пелистер:
Драгоевиќ, Петрески, Смокоски, Чешмиџиев, Велковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Миленковски, Трифуновски, Цирлидис
Уште играа: Пашовски, Талевски, Трајковски, Атанасов, Речковски

Победа:
Апостоловски, Митрески, Милошески, Ф. Мирчески, Николов, Здравески, Мегленски, Аломеровиќ, Шаркоски, Карчески, Јанкоски
Уште играа: Јованоски, И. Мирчески, Ацески, Богоески, Зојчески, Чешалкоски, Јанкулоски, Ѓорѓиески

23. 2. 2015.

Хаџиевски: „Пелистер ќе биде подготвен за в недела и мечот со Брегалница„

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЈА ТЕМПИРА ФОРМАТА ЗА БИТОЛЧАНИ В НЕДЕЛА ДА БИДАТ МАКСИМАЛНО ПОДГОТВЕНИ
Во првиот домашен тест по враќањето од Анталија, фудбалерите на Пелистер загубија од Влазрими на чија што клупа седи Драган Бочевски, кој до јуни минатата година го водеше Пелистер. Сепак тренерот на зелените Ѓоко Хаџиевски не е премногу загрижен бидејќи знае дека на една недела до пролетниот старт мора да го штеди тимот и превентивно да внимава да не загуби уште некој фудбалер заради повреда:

Два гола на Марковски на дебито за Грин Гули

ОДЛИЧНО ДЕБИ НА НИМОЛА МАРКОВСКИ ВО ДРЕСОТ НА ГРИН ГУЛИ


Битолчанецот Никола Марковски дебитираше со два гола во победата на неговиот Грин Гули против Норткот Сити со 4:1 во австралискиот регионален шампионат.

21. 2. 2015.

Реми на Китановски и Вождовац на теренот на лидерот Партизан

СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Томе Китановски одигра 82 минути, а Вождовац освои бод на теренот на лидерот во српската Јелен Супер лига, Партизан во Белград (3:3). Пред 4.000 гледачи на стадионот на Партиза, како и на првиот натпревар на кој беше домаќин, Вождовац водеше до 85 минута, и ако на првата средба прими два гола и загуби, денес извлече бод.

Бочевски го изненади шареноликиот Пелистер

ВО ПРВИОТ ДОМАШЕН ТЕСТ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД ЕКИПАТА НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ
Пелистер - Влазрими 0:2 (0:1)

Стадион: „Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски
Асистенти: Васко Клочковски и Томче Чагорски (сите од Битола)
Стрелци: Зекири во 43 и Османи во 76 минута за Влазрими
Жолти картони: Тафо (Влазрими)

19. 2. 2015.

Битолчани воодушевени од подготовките, но загрижени од повредите

НА ОСУМ ДЕНА И ДВА КОНТОЛНИ ТЕСТА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ПЕЛИСТЕРЦИ СО „ПОЛНИ АКУМУЛАТОРИ„ НО И СО МНОГУ ИЗОСТАНОЦИ
Неполна недела фудбалерите на Пелистер тренираат под Тумбе кафе и ја минуваат последната фаза пред пролетниот дел од шампионатот. Зелените минаа 14 дена во Белек, Анталија во кои се подготвија како никогаш до сега, но загрижуваат повредите кои се помногубројни.

18. 2. 2015.

Надежите ремизираа со Тетекс, Мирчевски стрелец на вториот гол

ВО КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО СКОПЈЕ, НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 19 ГОДИНИ РЕМИЗИРАШЕ ПРОТИВ ТЕТЕКС
Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра 3:3 против прволигашот Тетекс на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски". Тетовскиот прволигаш го отвори резултатот од натпреварот со погодокот на Христов во 30. минута.

17. 2. 2015.

ФФМ и „Чкембарите„ со конструктивна средба пред фудбалската пролет

НА 12 ДЕНА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ПЕЛИСТЕР, ЧКЕМБАРИТЕ И ФФМ НА ЗАЕДНИЧКА ТРКАЛЕЗНА МАСА
ФФМ од Битола ја започна својата кампања за подобрување на организацијата на фудбалските натпревари оваа пролет и за максимална безбедност на гледачот на нашите стадиони. Така на тркалезна маса присуствуваа делегатите за безбедност при ФФМ, челниците на ФК Пелистер, комесарот за безбедност на битолскиот клуб и претставници на навивачката група „Чкембари„.

16. 2. 2015.

Битолските карате надежи ги собраа медалите на Балканскиот Куп

ОДЛИЧЕН ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „ЗАНШИН - ДО„ ОД БИТОЛА
На Балканскиот куп кој се одржа во Лесковац на кој учествуваа  120 клубови со вкупно 870 натпреварувачи,  битолчани покажаа дека уште од најмали нозе дека знаат да победуваат.  Карате Клубот “ЗАНШИН ДО ” - Битола , настапи со 9 натпреварувачи и се закити со 2 златни, 1 сребрен и 8 бронзени медали.

15. 2. 2015.

Битолчани се вратија дома, договорени последните два теста

ЗАВРШЕНА ГЛАВНАТА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АНТАЛИЈА
По 14 дена минати во Белек, Анталија фудбалерите на Пелистер денес се вратија во Битола и имаат две недели да го подготват првенственото деби оваа пролет со Брегалница под Тумбе кафе на 1 март. Со три порази и една победа, младата екипа на Хаџиевски одработи добар период на подготовки и по слободниот ден, стручниот штаб ќе го доближи тимот до перфектната физичка спрема.

Нови победи на Ристевски и Стојков во албанската лига

НОВИ ДОБРИ НАСТАПИ НА ДВАЈЦАТА МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО АЛБАНСКАТА ЛИГА 
Трет меч и трета победа за новиот клуб на Кире Ристевски, албанска Тирана оваа пролет. Лидерот го задржа првото место со победата против Елбасан (бившиот клуб на Ристевски) со 2:0 со головите на Сефа во 54 и Бакај во 90 минута.

Добро второ полувреме, но сепак пораз на зелените од украинскиот ривал

СО ЕДНО ЛОШО И ЕДНО ДОБРО ПОЛУВРЕМЕ И ПОРАЗ ОД УКРАИНСКИОТ РИВАЛ, ПЕЛИСТЕР ГИ ЗАВРШИ ТУРСКИТЕ ПОДГОТОВКИ 
Пелистер - Динамо Киев Б 0:2 (0:1)

Пелистер:
Драгојевиќ, Петковски. Чешмеџиев, Велковски, Смоковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Миленковски, Цилиридис

Уште играа: Ристевски, Стајев, Мирчевски

13. 2. 2015.

Пелистер го смени противникот, утре ќе спарингува со Б тимот на Динамо Киев

ПЕЛИСТЕР НАМЕСТО ПРОТИВ ПОЛСКА ЌЕ ИГРА ПРОТИВ УКРАИНСКА ЕКИПА ВО АНТАЛИЈА
Пелистер утре во Белек (Турција) ќе го игра последниот пријателски натпревар на подготовките, но ќе имаат друг противник во споредба со најавеното.

Настапија четворицата Македонци во Бивер Крик, Нашоку 59 во квалификациите во велеслалом

СПОРЕД ОЧЕКУВАЊАТА МИНАА НАСТАПИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ АЛПСКИ СКИЈАЧИ НА МУНДИЈАЛОТ ВО САД


Антонио Ристевски го освои 36 место во конкуренција на 84 натпреварувачи  во квалификациите во велеслалом на Светското првенство во алпско скијање во САД. Најуспешниот од четворицата македонски претставници патеката во Вејл ја мина за вкупно време од 2:03,88 минути и заостана над седум секунди во однос на победникот Клемен Коси (1:56,66 мин.) од Словенија.

12. 2. 2015.

Замина Мурговска, две засилувања од Металург за ЖРК Пелистер

ИГРАЧКИ ПРОМЕНИ ПРЕД СТАРТОТ НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ НА СКОПСКО СУПЕР ЛИГАТА ВО ЖЕНСКИ РАКОМЕТ
Пред стартот на вториот дел од женската суперлига, битолски ЖРК Пелистер претрпе битни промени во својот играчки кадар. Најдобрата ракометарка во есенскиот дел, Викторија Мурговска замина за Шведска, а клубот како замена доведе две ракометарки од Металург.

11. 2. 2015.

Берецки побрз од судискиот свиреж за минимален пораз на Пелистер

МИНУТИ ГО ДЕЛЕА ПЕЛИСТЕР ОД РЕМИ СО ПОЗНАТАТА УНГАРСКА ЕКИПА НА ТЕСТ МЕЧ ВО АНТАЛИЈА
Дебрецин - Пелистер 1:0 (0:0)

Стадион во Белек, Анталија (Турција) - Гледачи: 100
Стрелец: Берецки во 88 минута за Дебрецин

Дебрецин:
Слатка, Бердо, Мате, Брковиќ, Веднаи, Боди, Варга, Будла, Витреди, Тисцам Берецки
Уште играа: Новаковиќ, Ференци

Пелистер:
Драгоевиќ, Петковски, Чешмиџиев, Велковски, Смоковски, Тодоровски, Митиќ, Мустафов, Миленковски, Љамчевски, Цилиридис
Уште играа: Мирчевски, Трифуновски

9. 2. 2015.

Пелистер повторно тренира и ја подготвува пролетта

ПАК СО ЗАДОЦНУВАЊЕ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ ВО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС
Иако со задоцнување, ракометарите на Пелистер ги започнаа тренинзите и веќе една недела Николовски и Поповски во ладниот амбиент на спортската сала „Младост„ во Битола го подготвуваат тимот за ракометната пролет.

KK Младост обезбеди финале на младинскиот Куп на Македонија

ГОЛЕМ УСПЕХ НА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ СО ПЛАСМАНОТ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ
            
Младите кошаркарки на „Младост“-девојки родени 1997 и помлади за прв пат во богатата клубска историја ќе играат во финалето на младинскиот Куп на Македонија. Овој успех има уште поголема тежина бидејќи е постигнат на гостински терен, и тоа во храмот на македонската кошарка, салата „Градски парк“ во Скопје.

8. 2. 2015.

Нова важна победа на Ристевски и Тирана

ПОЛОВИЧЕН УЧИНОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО АЛБАНСКАТА ЛИГА 
Втор меч и втора пролетна победа за фудбалерите на Тирана, за која од новата година настапува и македонскиот интернационалец Кире Ристевски. Битолчанецот ги одигра сите 90 минути за Тирана на гостувањето кај Влазнија, кој екипата од главниот град го доби со 0:1 со голот на Бакај во 31 минута.

Црногорски голман пред потпис со Пелистер?

НА ПОВИДОК ЗАСИЛУВАЊЕ НА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА ЗА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Пелистер загрижен од повредата на Пашовски, се одлучи да потпише договор со уште еден квалитетен чувар на мрежата. Недостига само потпис и  црногорскиот интернационалец Милош Драгојевиќ ќе стане нов член на Пелистер.

Прва победа на пелистерци, совладан Колкхети Поти од Грузија

ПРВА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ НА ТУРСКИТЕ ПОДГОТОВКИ 
Пелистер - Колкхети Поти 2:0 (0:0)

Стрелци: Љамчевски во 75 и Речковски во 90 минута за Пелистер

Стадион во Белек, Анталија - Турција. Гледачи: 200
Стрелци:

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Чешмеџиев, Велковки, Смоковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Сулејмани, Цилиридис
Уште играа: Трифуновски, Миленковски, Распашковски, Мирчевски, Речковски

Констанца со превсрт обезбеди Final four на романскиот Куп

КОНСТАНЦА ОСТАНУВА СО ОПЦИИ ЗА ОДБРАНА НА РОМАНСКАТА КУП ТИТУЛА
Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Романија во ракомет. По домашниот пораз од Поли Темишвар со 26:28, екипата на Констанца надополни на гостувањето и го совлада тимот на Поли Темишвар со 24:27 (16:13). Чутура со 10 и Ракчевиќ со 5 гола беа најзаслужни за победата.

7. 2. 2015.

Марјан Нашоку на велеслаломската мундијалска трка во Вејл и Бивер Крик

НОВ БИТОЛЧАНЕЦ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Битолскиот скијач во алпски дисциплини Марјан Нашоку ќе се натпреварува  на светското првенство во алппско скијање во Веил и Бивер Крик, Колорадо (САД) кое ќе се одржува во периодот од 02.02.2015 до 15.02.2015. 19 годишниот Нашоку заедно со Антонио Ристевски, Дардан Дехари и Лука Божиновски, под водство на селекторот на македонската алпска скијачка репрезентација, Иван Лесевски.

6. 2. 2015.

Станоевиќ и Билали повредени и ќе бидат во аут уште 10 дена

НОВИ ДВА ПОВРЕДЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО ПЕЛИСТЕР ПО СОЛИДНИОТ НАСТАП ПРОТИВ ШАХТАР КАРАГАНДИ
Тренерот на пелистерци, Ѓоко Хаџиевски е задоволен од прикажаното на првиот контролен натпревар, кој зелените го загубија од казахстанскиот Шахтар Караганди со 1:0. Пелистерци играа многу порамноправно со силен и многу поскап ривал и тоа многу ќе им значи пред наредниот тест, в недела против грузискиот Колкхети Поти.

5. 2. 2015.

Минимален пораз на Пелистер од казахстански Шахтар

ПОРАЗ ОД КАЗАХСТАНСКИОТ ШАХТАР ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АНТАЛИЈА
Шахтар Караганди - Пелистер 1:0 (1:0)

Стадион во „Белек„ - Турција. Гледачи: 200
Стрелец: Обри во 9 минута за Шахтар Караганди

Шахтар:
Шацки, Дубков, Обри, Џидиќ, Порљиваев, Вошаљик, Петраци, Наждаран, Вилс, Аресњевич, Финонченко
Уште играа: Заруцки, Азаматов, Габишев, Покривач, Васиљев, Кострук, Муртазеев, Топчагиќ

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Смоковски, Чешмеџиев, Велковски, Тодоровски, Мустафов, Љамчевски, Станојевиќ, Митиќ, Цилиридис
Уште играа: Стајев, Трифуновски, Речовски, Распашовски, Сулејманов, Миленковски

4. 2. 2015.

Пелистер утре со казахстански, а в недела со грузиски противник


ПО ДВАТА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧА ВО МАКЕДОНИЈА, ПЕЛИСТЕРЦИ ОД УТРЕ ТЕСТИРААТ И ВО АНТАЛИЈА
По денешната двојна тренинг сесија, фудбалерите на Пелисстер утре го играат првиот контролен натпревар во Анталија, а за противник го имаат клубот од Казахстан, Шахтар Караганди. Казахстанците се единствени кои се сместени во хотелот „Ела Квалити„ заедно со битолчани, па ова ќе биде дуел на комшиите.

2. 2. 2015.

Пелистер денес заминува за Анталија, дефинирани три меѓународни теста

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, ПЕЛИСТЕР ДЕНЕС ЗАМИНУВА НА ПОДГОТОВКИ ВО ТУРЦИЈА
Фудбалерите на Пелистер денес патуваат за Анталија на централната фаза на зимските подготовки кои ќе ги извршат во идеални услови во познатото излетичко место Белек, крај Анталија во луксузниот хотел „Ела Квалити„.

1. 2. 2015.

Благојче Марковски, нов напаѓач на Ренова

ПАК БИТОЛЧАНЕЦОТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НАПАДОТ НА РЕНОВА ОВАА ПРОЛЕТ
Бившиот напаѓач на Пелистер, Благојче Марковски пронајде нов ангажман и во пролетниот дел од шамоионатот на Македонија ќе го носи дресот на Ренова. Марковски комплетно се опорави од тешката повреда која ја здоби на мечот во септември во Кратово и е во полн тренажен процес.