Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Ивановски не настапи, Астра со важна победа

ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ ЗА РОМАНСКА АСТРА СО НОВИОТ ТРЕНЕР, НО ИВАНОВСКИ ПАК Е НА КЛУПАТА
Во еден од двата последни натпревари од 25 коло на првата романска лига, Астра Плоешти забележа важна гостинска победа против Чеалул со 0:2. Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не настапи и цел меч го одгледа од клупата.
За Астра головите ги постигнаа Мател во 62 и Каленчеа во 90 минута. Со оваа победа екипата на Ивановски се доближи на 5 бода до водечката Стеауа, која утре го игра својот меч со Ботосани на домашен терен. Откако екипата на Ивановски го смени тренерот и дојде ветеранот Флорин Марин, следеше реми 0:0 во Купот и оваа важна гостинска победа. Во наредното 26 коло, наредната недела на 6 април, Астра пак гостува овој пат кај Брашов.  

Нема коментара:

Постави коментар