Powered By Blogger

29. 7. 2015.

Цврсто и пак нерешено за новиот Пелистер на Зоран Штерјовски

ПО МНОГУ ЖЕШКО ВРЕМЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌА НЕПОРАЗЕН И ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО ШТИП
Брегалница - Пелистер 0:0

По повеќе од 10 дена без контролен натпревар по враќањето од струшките подготивки, фудбалерите на Пелистер одиграа контролен натпревар против прволигашот Брегалница од Штип. Мечот се одигра на градскиот стадион во Штип, кој деновиве ќе започне процес на реновирање и штипските сини во првенството ќе бидат домаќини во Кочани.

Нападот ги загрижува пелистерци

ПРЕД ДЕНЕШНИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ ВО ШТИП, ПЕЛИСТЕР СО ЕВИДЕНТНИ ПРОБЛЕМИ ВО НАПАДОТ
По четири недели подготовки, фудбалерите на Пелистер влегуваат во последната фаза пред стартот на Втората лига. Ги очекуваат уште три контролни натпревари, во кој тренерот Зоран Штерјовски ќе го искристализира тимот за дебито против Влазерими во Кичево. Најголем проблем му преставува неефикасноста.

Пелистер го договори Борјан Маџовски

НА ПОВИДОК Е ЧЕТВРТО НОВО ИМЕ ВО БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Ракометарот на Металург јуниор, Борјан Маџовски само денови го делат од дресот на Пелистер. По неколку неделни преговори конечно сите детали се договорени и веројатно на почетокот од наредната недела и официјално младинскиот репрезентативец ќе стане ракометар на битолскиот суперлигаш.

27. 7. 2015.

Тимов бира меѓу понудите во нашата лига или нов излет во странство

СТРУМИЧАНЕЦОТ ИМА НЕКОЛКУ ПОНУДИ НА СВОЈА АДРЕСА, НАСКОРО РЕШАВА ЗА СВОЈАТА ИДНИНА
23 годишниот Филип Тимов се наоѓа на нов крстопат каде ќе ја продолжи кариерата. Бившиот младински репрезентативец на Македонија, откако играше во пет шампионати, сега има понуди од неколку домашни и неколку странски екипи.

Почина бившиот претседател на ФК Пелистер

ДЕНЕС ВО БИТОЛА ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФК ПЕЛИСТЕР, ПЕТАР ИЛИЕВСКИ - БЕМБО
Денес во 83 година од животот во Битола почина легендарниот претседател на ФК Пелистер и директор на Клиничката болница во Битола, д-р Петар Илиевски - Бембо. Човекот кој има големи заслуги за развојот на спортот, најконкретно на фудбалот, целиот свој живот беше посветен на спортот и секаде ја искажуваше својата пасија кон него.

Драгарски повторно слободен, мак-гигантите во нова трка за неговиот потпис

ДРАГАРСКИ ИНТЕРЕСЕН ЗА НАЈДОБРИТЕ ДОМАШНИ КЛУБОВИ, НО ПРИОРИТЕТ МУ ДАВА НА ПОНУДИТЕ ОД СТРАНСТВО
Иако пред еден месец се договори со новиот член на српската Супер лига, Радник од Сурдулица, младиот дефанзивец Христијан Драгарски повторно е слободен фудбалер и на нешто повеќе од еден месец до крајот на преодниот рок е опција за најдобрите македонски клубови.

Митревски: „Чест ми е што ќе бидам дел од големата фамилија на Бенфика„

БИТОЛЧАНЕЦОТ МИТРЕВСКИ ПРЕСТАВЕН ВО ТРОФЕЈНАТА САЛА НА БЕНФИКА
Репрезентативниот голман, Николче Митревски официјално беше претставен во неговиот нов клуб, португалска Бенфика. Клубот со најмногу акционери во светот, главно познат по фудбалскиот клуб, овој викенд ги претстави засилувањата за новата сезона.

23. 7. 2015.

Вржовски потпиша професионален договор со Пелистер

АМЕРИКАНЕЦОТ КОЈ МИНАТАТА СЕЗОНА БЕШЕ НА ПРОБА СЕГА ПОТПИША ПРОФЕСИОНАЛЕН ДОГОВОР СО ПЕЛИСТЕР
Пелистер го доведе веројатно и последното засилување во своите редови ова лето. Битолчани го  ангажираа 21 годишниот напаѓач од САД, Алекс Вржовски. Тој е роден во САД и во својата кариера има настапувано за универзитетот Конкордија во Мичиген.

Поешево и Пелистер ги добија Куп противниците

ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА НАЈМАСОВНОТО МАКЕДОНСКО ФУДБАЛСКА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Пелистер и Поешево добија прифатливи противници во првото коло од Купот на Македонија. И покрај испаѓањето од најсилниот ранг на натперварување, Пелистер беше носител и ќе игра со 11 Октомври за пласман во осминафиналето. Се игра само еден натпревар на стадионот „Гоце Делчев„ во Прилеп, а ако нема победник во 90 минути, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Третолигашот Поешево на бившите репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски, го дочекува Гостивар и „кова„ стратегија како да се прескокне првата рунда.

Пелистер стартува во Кичево, пелагониското дерби во третото коло

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА СЕЗОНАТА 2014/15
Денешната ждрепка за новите шампионати на Македонија за сезоната 2015/16, на Пелистер му подарија силен старт на сезоната во Втората лига. Во првото коло Пелистер гостува во Кичево кај Влазерими, на го дочекува Гостивар, а пелагониското дерби со Победа е на програмата во третото коло.

ОФИЦИЈАЛНО: Петар Топиќ потпиша за Пелистер

ХРВАТСКИОТ ГОРОСТАС И ОФИЦИЈАЛНО ЧЛЕН НА ПЕЛИСТЕР ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ
Како и што се шпекулираше веќе неколку дена, хрватскиот кружен напаѓач. Петар Топиќ потпиша двегодишен договор со Пелистер. Тоа значи враќање во Македонија на бившиот ракометар на Металург и големо засилување на битолскиот суперлигаш.

22. 7. 2015.

Маневски го смени клубот на Тајланд

БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ГО СМЕНИ КЛУБОТ, НО ОСТАНУВА НА ТАЈЛАНД
Битолчанецот, Борче Маневски кариерата ќе ка продолжи во второлигашот од Тајланд, Трат. Откако не успеа да се избори за соодветна минутажа во Чаинат, 30 годишниот Маневски потпиша за екипата која е на последната позиција во второлигашката конкуренција на Тајланд.

Битолски Младост ги собра медалите во Задар

НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ НА КК МЛАДОСТ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТУРНИР
КК Младост е најуспешна екипа на 11 меѓународен турнир „Воштарница Куп 2015“ кој што од 3 до 5 Јули се одржа во Задар (Хрватска). Турнирот беше во организација на кошаркаркиот клуб „Воштарница“ и нивниот претседател Томислав Кларица.

21. 7. 2015.

Косовски противник за ЖРК Пелистер

АНОНИМЕН ПРОТИВНИК ЗА ЖРК ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРОТО КОЛО НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ 
Ракометарките на ЖРК Пелистер го дознаа противникот за второто коло на Челинџ Купот, кое ќе се игра во ноември. Тие ќе се сретнат во двомеч со косовската екипа Шкипоња, со тоа што првиот меч ќе се игра во Битола, а возвратниот на Косово. Добра ждрепка имаа и останатите македонски клубови и во машка и во женска конкуренција.  

20. 7. 2015.

Пивотмен висок 204 сантиметри се договори со Пелистер

ПОЗНАТ ХРВАТСКИ ПИВОТМЕН ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Петар Топиќ се наоѓа пред потпис со битолски Пелистер. Недостига само целосна докуменатција, а личните услови со ракометарот се веќе договорени. Во текот на неделата се очекува негово доаѓање во Битола на потпис на договорот, кој клубот од под Пелистер, инсистира да биде на две години.

Дрогришки доби нов засилен договор и капитенска трака во Пелистер


СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ И ОТКРИВАЊЕ НА ПЛАНОВИТЕ ЗА СЕЗОНАТА НА РК ПЕЛИСТЕР
На официјална средба со новинарите, новиот раководечки тим на Пелистер ги претстави плановите за новата сезона и обелодени во која насока ќе се движи преодниот рок на битолскиот суперлигаш. Главната вест беше одлуката младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки да го продолжи договорот со клубот.

18. 7. 2015.

Митревски потпиша, наскоро доаѓа искусен кружен напаѓач

СЕ НАЗИРААТ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО РК ПЕЛИСТЕР
Пелистер секојдневно се екипира и го засилува играчкиот кадар за сезоната 2015/16. Координаторот на новиот управен одбор, Стевче Стефановски веќе договори двајца новајлии. По потписот на двегодишен договор со србинот Арсиќ, официјален е и трансферот на Кире Митревски, кој се враќа од Прилеп.

17. 7. 2015.

Четврт тест и четврто реми за новиот Пелистер на Зоран Штерјовски

ВТОР ПАТ МИРОЉУБИВО РЕМИ НА ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО НЕПОЛНИ ДВЕ НЕДЕЛИ
Втор пат во 12 дена, Пелистер и соседниот Младост Царев двор одиграа пријателски натпревар. По 1:1 во Битола на 5 јули, денес во Струга на теренот на Караорман по многу топло време, двете екипи одиграа 0:0.

16. 7. 2015.

Стефановски започна со голман: Арсиќ од денес „зелено-бел„

ПО ДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕГОВОРИ, НОВИОТ РАКОВОДЕЧКИ ТИМ НА РК ПЕЛИСТЕР ГО ДОНЕСЕ ПРВОТО НОВО ИМЕ
Симболично, Стевче Стефановски кој своевремено беше успешен голман, првото засилување во Пелистер откако дојде на функцијата координатор во клубот, го донесе на голманската позиција. 26 годишниот србин Игор Арсиќ попладнево пристигна во Битола и го стави потписот на двегодишен договор со битолскиот суперлигаш.

15. 7. 2015.

Трето подготвително реми за пелистерци

ВО ВТОРОЛИГАШКИ ДУЕЛ ВО СТРУГА, ПЕЛИСТЕР И ЕУРОМИЛК ИГРАА СО НАЈНЕПОПУЛАРНИОТ РЕЗУЛТАТ
Пелистер - Еуромилк 0:0

Во третиот контролен натпревар во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер одиграа 0:0 на стадионот на Караорман во Струга, против второлигашот Еуромилк од Горно Лисиче.

Од Аранџеловац до Лондон, можните европски противници на ЖРК Пелистер

НА ЕДНА НЕДЕЛА ДО ЖДРЕПКАТА, ЖРК ПЕЛИСТЕР ГИ ЗНАЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРОТИВНИЦИ
ЖРК Пелистер има некаква слика за своите противници во првото коло на Челинџ Купот. Девојките на Борче Марковски се во групата со Лондон Ејнџелс (ГБР), ХИФК (Финска), Ајдовчина (Словенија), Заглебје (Полска), Књаз Милош (Србија), Шулер (Холандија) и Винтертур (Швајцарија).

13. 7. 2015.

Оливера Наковска - Бикова петта на Светскиот Куп вo Хрватска

НОВ ВРВЕН РЕЗУЛТАТ НА НАЈДОБРАТА МАКЕДОНСКА ПАРАОЛИМПИЈКА
Златната битолска параолимпијка, Оливера Наковска - Бикова го освои петтото место во  дисциплината воздушен пиштол од 10 метри за жени, на Светскиот куп за стрелци-инвалиди што се одржува во хрватскиот град Осјек.

Ацески стрелец, Пелистер подобар од Металург, реми во вториот тест

РЕМИ И ВО ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ СО ПРВОЛИГАШ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Пелистер - Металург 1:1 (1:0)

Во вториот пријателски натпревар во подготовките за новата сезона, Пелистер пак одигра 1:1, овој пат против Металург во Охрид. Битолчани поведоа со голот на Нове Ацески од пенал кој го изнуди младиот Недановски во 45 минута, а скопјани израмнија преку Додовски во 67 минута.

12. 7. 2015.

„Стево Патако„ за прв пат ќе игра во Купот на шампионите!

ГОЛЕМ ПОДВИГ НА БИТОЛСКИОТ ШАХОВСКИ КЛУБ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ НА КУПОТ НА ШАМПИОНИТЕ ВО СКОПЈЕ ОВАА ЕСЕН
Бордот на Европската шаховска унија пред неколку месеци донесе одлука организатор на Европскиот клупски куп во шах во 2015 година да биде Скопје, поточно општината Карпош, а во техничка организација на ШК „Гамбит Асеко Сее„.

11. 7. 2015.

Шундовски: „Букурешт е мојот нов клуб„

ОФИЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕМИНОТ НА ШУНДОВСКИ НА КЛУПАТА НА ВИЦЕШАМПИОНОТ НА РОМАНИЈА, БУКУРЕШТ
Битолскиот ракометен тренер, Звонко Шундовски следната сезона ќе го води актуелниот вицепрвак на Романија, Букурешт.

9. 7. 2015.

Пелистерци заминаа во Струга на централните подготовки за сезоната

МОМЦИТЕ НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ ВО СТРУГА ЌЕ ЈА ПОДИГААТ ФОРМАТА ПРЕД ВТОРОЛИГАШКОТО ДЕБИ
Од денес фудбалерите на Пелистер се во Струга, каде ќе ја минат втората фаза од летните подготовки за сезоната 2015/16. Момците на Зоран Штерјовски ќе минат 12 дена во градот крај „Црн Дрим„ и ќе одиграат четири контролни натпревари. Нивна база ќе биде хотелот „Галеб„ а ќе тренираат на стадионот на Караорман.

7. 7. 2015.

Tомче Петрески ќе го води својот матичен клуб

УШТЕ ЕДНО ПОЗНАТО ИМЕ ЌЕ СЕДНЕ НА КЛУПАТА НА РК ПРИЛЕП
Бившиот репрезентативец на Македонија, Томче Петрески од сезоната 2015/16 ќе го води својот прв клуб во кариерата, Прилеп.

6. 7. 2015.

Лампевски и Стојковски нови засилувања за Пелистер

ПЕЛИСТЕР СО УШТЕ ДВА МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ ГО ПРИВРШУВА ПРЕОДНИОТ РОК ОВА ЛЕТО
Откако во јануари се обидоа да го донесат во дресот на Пелистер, искусниот десен бек на Силекс, кој своевремено настапуваше за Колубара, Даниел Лампевски деновиве ќе потпише за Пелистер.

Ференцварош му ја одзеде Суперкуп титулата на Ивановски и Видеотон

БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ УСПЕА ДА ГО ОСВОИ СУПЕРКУПОТ, ОТКАКО ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ СЕ РАДУВАШЕ НА ПРВЕНСТВОТО НА УНГАРИЈА
Видеотон на Мирко Ивановски загуби со 3:0 од Ференцварош во Суперкупот на Унгарија, во мечот со кој се отвори новата сезона во Унгарија.

5. 7. 2015.

Борбено реми на соседите во Битола

СО ОДЛИЧЕН ТЕСТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ, ПЕЛИСТЕР И МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ЈА ЗАПОЧНАА СЕРИЈАТА НА ТЕСТОВИ
Пријателски меч:
Пелистер - Младост Царев двор 1:1 (0:0)

Терен со вештачка трева „Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 200
Главен судија: Никола Магловски
Асистенти: Златко Лозановски и Пеце Кичевски (сите од Битола)       
Стрелци: Трифуновски во 73 минута за Пелистер, а Илиоски во 48 минута за Младост Царве двор
Жолти картони: Лазаревски (Младост Царев двор)
Црвени картони: Симјановски во 68 минута (Младост Царев двор)

3. 7. 2015.

В недела првиот тест, големи дилеми околу теренот за домаќинство

ПЕЛИСТЕР ПО 10 ДЕНА ТРЕНИНЗИ, В НЕДЕЛА ЌЕ ГО ИГРА ПРВИОТ ТЕСТ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА 
В недела од 17 часот на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола, новиот Пелистер на Зоран Штерјовски ќе го има првиот контролен натпревар против новиот прволигаш, Младост Царев двор. Битолчани ќе можат да ги претстават засилувањата Додевски, Главевски, Ацевски и Димитроски и по 10 дена тренинзи следува првиот тест пред заминувањето во Струга на 12 дневни подготовки.

ХЈС Работник на Данаон Купот во Грција

НОВО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО ЗА МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРИ НА ХЈС РАБОТНИК
Трета година по ред битолскиот клуб ХЈС Работник ќе учествува на еден од најсилните ракометни турнири за млади категории во соседна Грција „Данаон Куп„.

2. 7. 2015.

Два битолски „бисера„ поканети во академијата на Милан

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТИ
Aгенцијата СПОРТ ТАЛЕНТ доби ексклузивна покана за присуство на двата најдобри млади таленти од генерацијата 2003 година за учество на техничка селекција и тренинзи со тренери од фудбалската академија на  Милан во Италија.

1. 7. 2015.

Стефановски: „Почнуваме процес за трајна изградба на Пелистер„

ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ РК ПЕЛИСТЕР СО ОПШТИНА БИТОЛА КАКО ЕДИНСТВЕН АКЦИОНЕР
РК Пелистер од Битола од неодамна стана акционерско друштво, каде 100 процентен сопственик или акционер е општината Битола. Сите долгови кои клубот ги имаше, општината ги подмири и со тоа како и досега останува целосно да го финансира клубот.  „Историски наназад, најголеми резултати во спортот имал РК Пелистер.

Ивановски стрелец за Видеотон во тестот против Зорја

БИТОЛЧАНЕЦОТ СТРЕЛЕЦ ВО ТЕСТ МЕЧ НА УНГАРСКИОТ ПРВАК
Напаѓачот на Видеотон, Мирко Ивановски постигна гол на дуелот со Зорја и придонесе за победата на неговиот тим од 2:1 Битолчанецот продолжува со добрите игри за Видеотон и во текот на подготовките за настапот во квалификациите во Лигата на Шампионите.