Powered By Blogger

25. 3. 2014.

Мајнц „потопен„ кај „фенерџијата„

ВО НЕКОЛКУ ДЕНА МАЈНЦ НА НОВЕСКИ ЗАГУБИ ОД ПРВО И ПОСЛЕДНО ПЛАСИРАНАТА ЕКИПА ВО ЛИГАТА
По очекуваниот пораз од Баерн на домашен терен, Мајнџ 05 на Николче Новевски неочекувано загуби од последно пласираната екипа на табелата, Ајнтрахт Брауншвајг (3:1).
Во вонредното 27 коло, тимот на македонскиот интернационалец целосно потфрли и по трет пат е поразен во пролетниот дел од Бундеслигата. Кумела во 18 минута го отвори резултатот за домашната екипа. Мајнц израмни преку Милер во 20 минута од евидентна офсајд позиција. Но Нилсен во судиското надополнување на првото полувреме и Кумбела во 77 минута го дотолчија тимот на Томас Тухел. Новески ги одигра сите 90 минути во центарот на одбраната на гостите. Мајнц со овај пораз падна на седмото место со 41 бод. Во наредното 28 коло в сабота од 15:30 часот на „Кофејс арената„ екипата на Новески го пречекува Аугсбург.

Нема коментара:

Постави коментар