Powered By Blogger

2. 3. 2014.

Хубчев: „Го заштедив Спировски за мечот на Македонија„

ТРЕНЕРОТ НА БЕРОЕ ГО ПОТВРИ СВОЕТО ДОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ ВО СРЕДА ЗА МЕЧОТ МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА
Некогашниот репрезентативец на Бугарија од златната генерација на мундијалот во САД во 1994 година, Петар Хубчев блескаше од задоволство по првата пролетна победа на неговиот Берое над Љубимец од 5:0.
Тој за официјалната веб страна на клубот од Стара Загора, обелодени зошто не му даде ниту минута на битолчанецот Спировски, иако скоро на сите пријателски натпревари и на мечот со Литекс во првото пролетно коло беше во тимот: „Кога е во прашање Стефан, тој не играше само заради тоа што утре заминува на собир со својата репрезентација. Инаку мина одличен период од 25 јануари кога потпиша за нашиот клуб. В среда ќе одам во Скопје и се надевам дека ќе го гледам во дресот на репрезентацијата на Македонија„ рече Хубчев, кој од минатата сезона го води Берое, а претходно беше тренер во Черноморец Поморје и Ботев од Пловдив, а работеше и во Ајнтрахт Франкфурт, Волзбург, Славија Софија и како помошник во бугарската репрезентација. Спировски за македонската сениорска репрезентација има 4 настапи, а дебитираше во 2011 година против Азербејџан. За селекцијата до 21 година, одигра 21 меч и постигна 2 гола.  

Нема коментара:

Постави коментар