Powered By Blogger

24. 3. 2014.

Тренерска смена кај Астра на Мирко Ивановски

КАКОВ ЌЕ БИДЕ СТАТУСОТ НА МИРКО ИВАНОВСКИ, СЕГА КОГА АСТРА ИМА НОВ ТРЕНЕР?
По неколку натпревари во кои Астра не можеше да се препознае и освои само два бода на последните три натпревари, управата на клубот спогодбено го раскина договорот со тренерот Даниел Исаила.
Тренерот ја плати цената на лошите резултати, а веднаш беше доведен нов. Ветеранот Флорин Марин до крајот на сезоната ќе ја води екипата, во која свое место во шпицот на нападот бара македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски. Дебито на Марин ќе биде првиот меч од полуфиналето на Купот со градскиот ривал Петролул в среда попладне. 

Нема коментара:

Постави коментар