Powered By Blogger

31. 3. 2014.

Одржан првиот меморијален турнир „Петар Вељановски - Мувата„

ФУДБАЛСКИТЕ СУДИИ ОД БИТОЛА ОРГАНИЗИРАА ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ЗАГИНАТИОТ НИВНИ КОЛЕГА
Вечерва во организација на ОФС Битола се одржа првиот меморијален фудбалски турнир за фудбалски судии „Петар Вељановски - Мувата„ точно на двегодишнината од неговата прерана смрт.
Во спортската сала „Павел Шатев„ се одиграа неколку натпревари помеѓу шесте екипи колку што учествуваа од ОФС Битола (две екипи), ОФС Прилеп, ОФС Охрид и ОФС Струга. Во интересно надигрување, во кое резултатот не беше во преден план, судиите од Струга во освоија турнирот откако во финалето беа поуспешни од помладиот тим на ОФС Битола со 3:2 по изведувањето на пенали (1:1 во регуларниот тек). 
Со оглед на големиот интерес и одличната организација, турнирот ќе стане традиционален и од наредната година ќе брои многу повеќе екипи од целата држава и во организацијата ќе се приклучи ФФМ.

Нема коментара:

Постави коментар