Powered By Blogger

30. 4. 2014.

Новиот Меси е битолчанец и игра во Славија Прага

ЧЕШКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВУВААТ ЗА ГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ ВО ПРАШКА СЛАВИЈА
Откако како млад продукт на Ла Масиа, аргентинецот Лионел Меси „експлодира„ и четири пати беше прогласуван за фудбалер на годината, ширум светот „никнуваат„ новите Меси уште од мали години. Така и Македонија си има свој Меси.

29. 4. 2014.

Пелистер пречесто затајува на клучните натпревари

ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ „ПЕЧАТ ЗА ЕВРОПА„ А ПЕЛИСТЕР ПАК СЕ „ЛИЗНА„ ВО НАЈПОТРЕБНОТО
Саботниот меч со Работнички беше меч-топка за четврто излегување на фудбалерите на Пелистер на меѓународна сцена. Победа значеше голем исчекор, скоро 90% завршена работа, па дури и некој поглед кон титулата. Но по поразот кој следеше во врнежливото битолско попладне, сега пред зелените е потешкиот пат да се стигне меѓу четирите екипи кои ќе играат во европските купови, а титулата е невозможна мисија.

В сабота со Металург Ј. првакот в понеделник доаѓа во Битола


ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ ЗА НАРЕДНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПЛЕЈ-ОФОТ
Настапите на Вардар и Металург во Лигата на шампионите го измешаа календарот за плеј-офот на ВИП Супер лигата и синоќа стигна потврда за наредните два натпревари на битолски Пелистер.

28. 4. 2014.

Наредниот викенд ќе биде одбојкарски во Битола

ТРИ ОДБОЈКАРСКИ МЕЧЕВИ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ВО СКЛОП НА ВТОРИОТ ТУРНИР НА ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
Првиот викенд во мај во Битола ќе мине во знакот на одбојката. Втора година по ред во организација на ОК Пелистер Волеј ќе се одржи одбојкарски турнир, во кој меѓу 12 и 17 часот во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито„ ќе се одиграат три одбојкарски натпревари.

27. 4. 2014.

Констанца на Final four на ЕХФ Купот во Берлин

ПРВАКОТ НА РОМАНИЈА ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО ГОЛЕМАТА ЧЕТВОРКА НА ЕХФ КУПОТ
Ракометарите на Констанца на македонскиот тренер Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав Ангеловски го остварија најголемиот успех во клубската историја, откако се пласираа во полуфиналето на ЕХФ Купот на Final four турнирот во Берлин на 17 и 18 мај.

Новески и Мајнц по втор пат во евро-куповите

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Николче Новески и неговиот Мајнц со денешната победа од 2:0 над Нирнберг се зацврстија на шестата позиција на табелата, па на едно коло до крајот на сезоната го заверија својот пласман во Лигата на Европа за следната сезона.

Работнички ги спушти пелистерци на земја

ГОСТИТЕ ОД СКОПЈЕ ПОКАЖАА КАРАКТЕР И СНАОДЛИВОСТ ПО ТЕШКИОТ ТЕРЕН И ЗАСЛУЖЕНО ГО ДОБИЈА ДЕРБИТО ВО БИТОЛА
Пелистер - Работнички 1:2 (0:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Јосип Бартон
Асистенти: Иса Емрулаи и Насиф Љатифи (сите од Тетово)
Делегат: Блерим Бесими (Тетово)
Стрелец: Главевски во 89 минута за Пелистер, а Тодоровски во 3 и Маневски во 54 минута за Работнички
Жолти картони: Елмазовски (Пелистер), Силјановски, Трајчевски (Работнички)
Црвени картони: Трајчевски во 85 минута за Работнички

26. 4. 2014.

Пелистер го „прескокна„ Прилеп и се избори за меч со Металург

ПЕЛИСТЕР ОБЕЗБЕДИ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ НАЈВЕРОЈАТНО ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Пелистер - Прилеп 33:23 (18:10)

Игор Николовски со победа дебитираше на клупата на Пелистер, откако битолчани обезбедија меч со Металург за пласман на ракометниот Final four на Купот на Македонија во Охрид на 17 и 18 мај. Екипата на Пелистер беше пресилен залак за лидерот во Првата лига, Прилеп и го совлада со 10 голови разлика.

„Пелистерка„ со екстра премија за пелистерци

10.000 МОТИВИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ДА СЛАВАТ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА
На последниот тренинг пред натпреварот со Работнички, еден од клубските спонзори на ФК Пелистер оваа сезона Пелистерка ги посети фудбалерите на и им вети 10.000 евра доколку на следните два натпревари од можните 6 освојат најмалку 4 бода.

Пелистер ги „наплаќа сметките„ против „романтичарите„

ЕКИПАТА НА БОЧЕВСКИ ЖЕЛНА ЗА РЕВАНШ ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ОД СКОПЈЕ
Ремито против Вардар ги охрабри пелистерци во пресрет на последните четири натпревари, а прв од нив е денешниот против Работнички. Трет меч во Битола оваа сезона меѓу двата ривали, а традицијата вели дека битолчани се фаворити по двете победи од по 1:0 во првенството и Купот.

25. 4. 2014.

Загрижува коленото на Воденичаров

БИТОЛЧАНИ ДИСКРЕТНИ ОПТИМИСТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ КОЛА ОД ШАМПИОНАТОТ
Тешките натпревари во краток временски интервал и напорот по дождливото време во средата, оставија последици врз фудбалерите на Пелистер. Голем дел од нив се жалат на умор, а најсериозно делува коленото на Димитар Воденичаров.

24. 4. 2014.

„Празно множество„ на Филип втори

РЕМИ БЕЗ МНОГУ ЕМОЦИИ ВО ПОСЛЕДНОТО ТРЕТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ОВАА СЕЗОНА
Прва фудбалска лига - 29 коло
Вардар - Пелистер 0:0

Национална арена „Филип Втори“ - Скопје. Гледачи: 1000
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески и Лазе Чакарески (Струга)
Делегат: Ацо Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Иванов, Рељиќ, Ѓорѓиев (Вардар), Христов, Ковачев, Пашовски, Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

23. 4. 2014.

Петрески сменет, Николовски нов тренер на Пелистер

ИМЕНУВАН ЧЕТВРТ ТРЕНЕР НА КЛУПАТА НА ПЕЛИСТЕР ОВАА СЕЗОНА
Сосема неочекувано Томче Петрески од денес не е повеќе тренер на Пелистер. Младиот прилепски стручњак само 7 меча ја водеше екипата и во нив забележа 5 победи и 2 порази. Посебно тежок беше оној во Струмица од Зомимак М од 9 гола разлика.

Адутот на Пелистер е императивот и притисокот врз Вардар

ПЕТ ФИНАЛИЊА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР ГО ПРЕФРЛА ПРИТИСОКОТ КАЈ ЛУТИОТ РИВАЛ
Денес по утринскиот тренинг, фудбалерите на Пелистер и стручниот штаб заминуваат во Скопје каде во карантин ќе го подготвуваат најважното „вечно дерби„ веројатно во историјата. Двете екипи играле многу значајни натпревари, играле и едно финале на Купот, но никогаш заеднички не се бореле за титулата, овој пат во друштво на уште три екипи, па исходот од утрешниот меч може да биде одлучувачки.

Никогаш поважно “вечно дерби„ во историјата

КОГА ВО ИГРА ОСТАНАА САМО 15 БОДА, ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР СО СВОИ СМЕТКИ ГЛЕДААТ НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЃУСЕБЕН МЕЧ ОВАА СЕЗОНА
50 дена по последното „вечно дерби„ Вардар и Пелистер пак се соочуваат еден против друг во многу важен за меч за двете екипи и за расплетот во горниот дел на табелата. Битолчани по вчерашниот тренинг одпатуваа во главниот град во карантин, каде во мир ќе го подготвуваат едно од петте финалиња до крајот на шампионатот.

Вечното дерби без „Чкембарите„

САМО ЕДНА НАВИВАЧКА ГРУПА НА ПОСЛЕДНОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ВО СКОПЈЕ
Навивачката група „Чкембари„ од  Битола во јавноста преку официјално соопштение откри дека нема да допатува во Скопје на вечното дерби.

21. 4. 2014.

Важна плеј-оф победа на Универзитатеа Крајова

КИТАНОВСКИ НЕ НАСТАПИ, НО УНИВЕРЗИТАТЕА КРАЈОВА НЕ ГИ ДАВА БОДОВИТЕ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Патот кон Првата романска лига, Универзитатеа Крајова на Томе Китановски го почна со првата плеј-оф победа на домашен терен. Совладана е екипата Олт Слатина со 4:1. Китановски не настапи и целиот меч го одгледа од клупата, а за екипата на Габриел Балинт головите ги постигнаа Плесан во 12 и 48, Изворану во 60 и Чурелеа во 85 минута.

20. 4. 2014.

Новески и Мајнц немаа сили за подвиг во Дортмунд

ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ПРЕСИЛЕН ЗА ЕКИПАТА НА НОВЕСКИ
Во најспектакуларниот натпревар од 31 коло на Бундеслигата, европскиот вицешампион Борусија Дортмунд го совлада Мајнц 05 на Николче Новески со 4:2 на „Сигнал Идуна пар„ во Дортмунд. Новески ги одигра сите 90 минути, во меч кој беше дуел на Јирген Клоп против неговата бивша екипа.

Драгарски погоди за прекин на поразите

ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, ГОЛЕМА ПОБЕДА НА БИТОЛЧАНИ ПРОТИВ ЕУРОМИЛК
Прва фудбалска лига - 28 коло
Пелистер - Еуромилк 1:0 (1:0)


Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1200
Главен судија: Далибор Ѓорѓевски
Асистенти: Гоце Николов и Орце Стефановски (сите од Куманово)
Стрелец: Драгарски во 23 минута
Жолти картони: Брдаровски, Миленковски, Петковски (Пелистер), Стојковски, Мицков (Еуромилк)
Црвен картон: Стојковски (Еуромилк) во 50 минута

17. 4. 2014.

На Пелистер не му помогнаа ниту 42 поени на Радисављевиќ

ПОРАЗ ВО ДОБИЕН НАТПРЕВАР ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЧАЛОВ ПРОТИВ ВАРДАР АПАВЕ
Пелистер - Вардар Апаве 77:83 (21:15, 21;15, 17:22, 18:32)

Неколку дена по катастрофалниот пораз од преку 40 разлика во главниот град, кошаркарите на Пелистер загубија добиен натпревар и пред своите гледачи против Вардар Апаве. Долго време момците на Печалов имаа водство и контрола, но во последниот период играа катастрофална одбрана и им дозволија на црвено-црните да слават.

Лесна победа на Славија во Бургас

НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ФЕНЕРЏИЈАТА, СЛАВИЈА ЛЕСНО ДО НОВА ПОБЕДА
Трета победа на последните четири натпревари од плеј-аутот во бугарската лига за Кире Ристевски и неговата Славија. Во вонредното 34 коло, екипата од главниот град лесно славеше на гостувањето кај Нефтохимик Бургас со 0:3. Василев во 59, Иванов 72 и Јанков во 79 минута беа стрелци на головите за белите. Кире Ристевски како и цела оваа пролет ги одигра сите 90 минути на средбата.

Против Еуромилк без Мојсов и Ковачев

ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ДРАГАН БОЧЕВСКИ ПРЕД САБОТНИОТ МЕЧ СО ЕУРОМИЛК
Како поразот од Металург да не беше единствената лоша вест за навивачите на Пелистер, подготовката за мечот со Еуромилк в сабота исто така не носи ништо добро за зелените. Заради акумулација на жолти картони дефанзивецот Мартин Ковачев и фудбалерот за врска Ѓорѓи Мојсов нема да настапат против прволигашот од Лисиче.

Италијанскиот Емполи ќе скаутира во Битола

ПО АРСЕНАЛ И КЕЛН, УШТЕ ЕДНА ЕКИПА ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА ЌЕ ОРГАНИЗИРА СВОЈ КАМП ВО МАКЕДОНИЈА
Спортската организација СПОРТ ТАЛЕНТ од Битола со фудбалската академија ИСМ и ФК Емполи од Италија наредниот месец од 22 до 25 мај во Битола ќе организираат тренинг камп, кој ќе претставува директна техничка селекција за млади фудбалски таленти од 12 до 18 години.

Спартак победи по четири и пол месеци


ПО 11 МЕЧЕВИ БЕЗ ПОБЕДА, ПРВА ПРОЛЕТНА РАДОСТ ЗА ЕКИПАТА НА БИВШИОТ СЕЛЕКТОР
Откако беше елиминирана од Купот и ги загуби шансите за излез во Европа, екипата на Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски игра за престиж во српската Јелен Супер-лига и никако не успева да влезе во ритам.

Пелистер се намачи, но го совлада Пролет

ВТОРА ПОБЕДА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ТОМЕ ПЕТРЕСКИ
Пелистер - Пролет 28:23 (11:10)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Сашко Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Марјан Начевски (Скопје)

Ивановски и Астра во финалето на романскиот Куп

ПО МИНАТОГОДИШНОТО ПОЛУФИНАЛЕ, ОВАА ГОДИНА БИТОЛСКИОТ НАПАЃАЧ ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА РОМАНИЈА
Деновите на успеси на македонските фудбалски интернационалци во националните Купови ширум Европа ги комплетираше екипата на Мирко Ивановски, романска Астра Плоешти, која го обезбеди финалето на романскиот фудбалски Куп.

15. 4. 2014.

Бочевски ќе ги води најдобрите од Првата лига

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА КОИ ЌЕ ГИ ПРЕДВОДАТ НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОД ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, на 30 април ќе ги тестира најдобрите фудбалери од Првата МФЛ, на ревијален натпревар што ќе се одигра на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“.

Металург стои на патот до полуфиналето за пелистерци

ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛНИТЕ ГРУПИ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
Завршниот турнир на Купот на Македонија во ракомет станува невозможна мисија за пелистерци. Ракометарите Томче Петрески немаа среќа и во денешната ждрепка за четвртфиналните групи за Купот на Македонија се најдоа во група со актуелниот освојувач Металург.

Илиоски втор на мото-крос трката во Турција

И ВО ТУРЦИЈА БЛЕСОК НА БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН
Втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос овој викенд се возеше на патеката Хајраболу во Турција, а на неа учествуваа тројца македонски претставници: Борче Костов во класата МХ3, Андриан Ристевски во класата МХ85 и Христијан Илиоски во класата МХ1.

14. 4. 2014.

Победа за Ристевски, пораз за Спировски

МАКЕДОНСКИТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ СО ПОЛОВИЧЕН БИЛАНС ОВА КОЛО ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Екипата на Славија од Софија направи одлучувачки исчекор кон опстанокот со победата на гости против тимот на Гоце Делчев со 2:0 со нов одличен меч на репрезентативецот Кире Ристевски.

Илиоски втор на мото-крос трката во Турција

И ВО ВТОРАТА ТРКА ОД ИСТОЧНО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ, БИТОЛСКИОТ МОТО ФЕНОМЕН ПОТВРДУВА ДЕКА Е ОНОЈ СТАРИОТ
Втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос овој викенд се возеше на патеката Хајраболу во Турција, а на неа учествуваа тројца македонски претставници: Борче Костов во класата МХ3, Андриан Ристевски во класата МХ85 и Христијан Илиоски во класата МХ1.

Спартак тоне на табелата, дури и опстанокот сега е загрозен

НОВ ПОРАЗ НА ЕКИПАТА ВОДЕНА ОД БИВШИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР
Црната серија на Спартак продолжува. Во рамките на 23 коло на Јелен Супер-лигата  на Србија, Спартак загуби на гостувањето кај Доњи Срем со 1:0.

13. 4. 2014.

Само баражот го дели Мултитекс од Првата лига

ВТОРО МЕСТО ВО РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА И МЕСТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА ПРОМОЦИЈА Е ТОА ШТО ГО ОБЕЗБЕДИЈА БИТОЛСКИТЕ ПИНГ-ПОНГАРИ
ППК Мултитекс ТБТ вчера го одигра последниот натпревар од сезоната 2013/14 во рамките на Втората Пингпонгарска лига на Македонија. Битолчани извојуваа многу значајна победа против тимот на ППК Дебар Маало од Скопје. Домаќините добро го отворија натпреварот и имаа водство од 2:0 и 3:1.

12. 4. 2014.

Трајковски стрелец, Мехелен поразен

БЕЗ ПАЧОВСКИ, НО СО ДОБАР АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ, МЕХЕЛЕН ПАК ПОРАЗЕН ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО
Во мечот од 3 коло на разигрувањето за Лига Европа во белгиската Жупилер про лига, екипата на Мехелен на македонските интернационалци Александар Трајковски и Томе Пачовски загуби на гостувањето кај Кортријк со 4:1 со многу лошо второ полувреме.

Металург го „освои„ Тумбе кафе

КОГА НАЈМНОГУ ТРЕБАШЕ, ПЕЛИСТЕР СЕ „СОПНА„ ПРЕД СВОИТЕ ГЛЕДАЧИ И ГО ПРЕПУШТИ ВРВОТ
Прва фудбалска лига - 27 коло
Пелистер - Металург 1:3 (0:2)

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа вториот домашен пораз во сезоната и втор последователен по оној од Ренова во Тетово и во најпотребниот дел од сезоната го испуштија водечкото место. Битолчани како да изгореа во желбата против Металург и претрпеа тежок пораз кој за скопските зелени е реванш за ноемвриските 2:4 на Автокоманда.

Нова катастрофа на битолските кошаркари

ПОРАЗ ОД 27 РАЗЛИКА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО МЕЧОТ СО ДИРЕКТНИОТ КОНКУРЕНТ

Вардар Апаве - Пелистер 101:74 (20:18, 39:10, 21:23, 21:23)

Нов очекуван и висок пораз на кошаркарите на Пелистер, кои во Скопје лесно со многу слаба втора четвртина го загубија мечот со Вардар Апаве со 27 поени разлика.

Крајова и Китановски први во пресрет на плеј-офот

БИВШИОТ БЕК НА ПЕЛИСТЕР НАСТАПИ ЦЕЛ НАТПРЕВАР, А НЕГОВИОТ ТИМ ГО ОСИГУРА ПРВОТО МЕСТО ПРЕД ПЛЕЈ-ОФОТ
Томе Китановски одигра 90 минути, а во пресрет на плеј-офот неговата екипа Универзитатеа Крајова го осигура првото место со победата над Мјовени со 2:0.

Новески и Мајнц го „прегазија„ Вердер

БИТОЛЧАНЕЦОТ И НЕГОВАТА ЕКИПА БЛИСКУ ДО ВТОРОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ
35 годишниот „столб„ на одбраната на бундеслигашот Мајнц 05, битолчанецот Николче Новески одигра уште еден меч за чиста „десетка„ во кој неговите црвени забележаа уште една голема победа во битката за излез во Европа. Имено Мајнц 05 го прегази Вердер со 3:0 во рамките на 30 коло на Бундеслигата. Како и цела сезона на домашен терен, тимот на Тухел игра одлично и брзо го отвори резултатот против зелените од северот на Германија. Со автоголот на Педерсен во 5 минута, Мајнц широко си ги отвори вратите до нова победа. Мориц во 16 минута зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Мајли по акцијата на Поспех во 39 минута. Во второто полувреме домашната екипа лесно го приведе мечот кон крај. На четири кола до крајот на шампионатот, Мајнц 05 е седми на табелата со 47 бода и сонува место во Лигата на Европа. Во наредното 31 коло, Мајнц му гостува на Борусија во Дортмунд на 19 април од 15:30 часот.

Aстра конечно слави, Ивановски на клупата

ПОБЕДА НА КЛУБОТ НА ИВАНОВСКИ, НО БИТОЛЧАНЕЦОТ ОСТАНА НА КЛУПАТА ЗА РЕЗЕРВИ
По серија на нерешени резултати и порази, Астра Плоешти на македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски забележа важна домашна победа.

11. 4. 2014.

Турски капитал „влегува„ во ФК Пелистер?

ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ КУПУВАЧ НА ПЕЛИСТЕР ДЕНОВИВЕ ВО БИТОЛА
Денешниот ден може да биде клучен за иднината на ФК Пелистер. Предвидена е првата конкретна средба за продажба на клубот, а заинтересираната страна е компанија за железо од Турција.

10. 4. 2014.

Битолчани подготвени за реакција по поразот

СО КОМПЛЕТЕН РОСТЕР И ОСВЕЖЕНИ АМБИЦИИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ПОДГОТВУВААТ НОВА ДОМАШНА СЕРИЈА
Мечевите со Металург оваа сезона се меѓу најубавите и најгледливите во шампионатот на Пелистер. Од есенските 2:2 во Битола, до ноемврискиот триумф од 2:4 на „Автокоманда„ со четири гола на Стенио Жуниор и дочек на фудбалерите од „Чкембарите„ во доцните часови.

Кико и другарите ја „освојуваат„ Турција

БИТОЛСКИТЕ МОТО-КРОСИСТИ ПРЕД ВТОРИОТ ИСТОЧНО ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК
Овој викенд на патеката во Хајраболу (Турција) се вози втората трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, на кој Македонија ќе има тројца претставници: Христијан Илиоски, Борче Костов и Андриан Ристевски.

9. 4. 2014.

Пелистер ги „наплати сметките„ со Металург Јуниор

ПРЕЛЕСНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ НАЈМЛАДИОТ СУПЕР ЛИГАШ, ПЕТ НЕДЕЛИ ПО ПОРАЗОТ ВО СКОПЈЕ
Пелистер - Металург Јуниор 36:27 (20:12)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1000
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)
Делегат: Камер Металари (Скопје)
Црвен картон: Манасков (Металург Јуниор) во 36 минута

Победи на Ристевски и Спировски во бугарската лига

НАСТАПИ И ПОБЕДИ НА ДВАТА КЛУБА СО МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО БУГАРИЈА
Нова домашна победа на Славија од Софија во рамките на вонредното 31 коло од бугарскиот фудбалски шампионат. Во плеј-аутот за опстанок, екипата на Кире Ристевски го совлада Љубимец со 4:0, а македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути.

Нема финале за Канатларовски и Спартак

ПАК МИНИМАЛЕН ПОРАЗ ОД ВОЈВОДИНА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА СПАРТАК ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КУПОТ
Во возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Србија, новосадска Војводина и на вториот меч го совлада тимот на Спартак на Канатларовски со 1:0.

Априлско лудило на ТК Битола

МЕСЕЦ НА ТЕНИСОТ ВО НАШИОТ ГРАД
Од 12 до 14 април на тениските терени на ТК Битола, овој клуб ќе го организира отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки.

8. 4. 2014.

Голем македонски талент од Австралија, потпишува за Астерас Триполи

ЏЕЈМС ПЕТКОВСКИ БРЗО СЕ НАМЕТНА ВО АВСТРАЛИЈА И СЕ СЕЛИ ВО СИЛЕН ГРЧКИ ПРВОЛИГАШ
Еден од најталентираните македонци кои настапуваат во австралиската лига, 17 годишнит фудбалер за врска, Џејмс Петковски е пред потпис со грчкитот прволигаш Астерас Триполи.

Фудбалското и ракометното „вечно дерби„ во ист ден или во два дена?

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ФУДБАЛСКИОТ И РАКОМЕТНИОТ ДУЕЛ НА РЕПРЕЗЕНТИТЕ НА ДВАТА СПОРТСКИ ГРАДА, БИТОЛА И СКОПЈЕ

Двата спортски најголеми градови-ривали Скопје и Битола кон крајот на април ќе имаат нова двојна меѓусебна спортска битка во двата најпопуларни спорта.

Изненадувачка парична казна од РФМ за Ангеловски


НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РФМ ПАРИЧНО КАЗНЕТ НАЈВОЗРАСНИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА ПОСЛЕДНОТО ЕУРО
Големо изненадување и уникатна казна во македонскиот ракомет следеше утринава во редовната средба на првите луѓе на нашиот ракомет. за прв пат во историјата следи парична казна по изречена изјава пред новинарите.

ФОТО: Новиот стадион во Битола треба да биде вистинска „убавица„


БИТОЛЧАНИ ЛУДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА НОВИОТ „ТУМБЕ КАФЕ„
Денешниот ден може да биде еден голем нов почеток за битолскиот спорт. Имено, Општина Битола и архитектонското биро „Мегарон-инженеринг“ од Скопје преку архитектот Предраг Атанасов, во салата на советот на општината го промовираа идејното решение и проектот за изградба на новиот фудбалски стадион „Тумбе Кафе“ со капацитет од 12.300 гледачи.