Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Констанца го „збриша„ Шамбери за четвртфинале

ПОЗНАТИ СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ НА ЕХФ КУПОТ ВО РАКОМЕТ
Констанца  - Шамбери 29:25 (15:14)

Првакот на Романија, Констанца на македонскиот стручњак Звонко Шундовски и интернационалецот Бранислав Ангеловски обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕХФ Купот по победата во мечот со францускиот Шамбери од 29:25.
Во одлучувачкиот натпревар во Романија игран денес на пладне, Констанца водеше во текот на целиот натпревар и заслужено покрај фаворитот Фуксе Берлин ги продолжува натпреварите во вториот по квалитет европоски Куп. Во победничката екипа Чепреги постигна дури 10 гола, Чиротеу додаде уште 6 , а одличен впечаток остави и Ангеловски со 2 гола. Констанца која в џеб ја има титулата од романското првенство и веќе го освои Купот на Романија, се наоѓа на чекот до пласман на Final four на 17 и 18 мај во Берлин. Во четвртфиналето покрај Констанца сигурен пласман обезбедија и Монпеље, Пик Сегедин, Спортинг, Нант и шведскиот Луги. Фуксе Берлин има директно место во полуфиналето кое ќе го игра на домашен терен. 

Нема коментара:

Постави коментар