Powered By Blogger

28. 1. 2015.

Спартак подобар од Пелистер во вториот тест на зелените

ОХРИДСКИОТ ТЕС ПРОТИВ СПАРТАК ИГРАЧКИ ДОБРО МИНА, НО ПЕЛИСТЕР СЕПАК ЗАГУБИ ОД СПАРТАК СО 0:2 
Фудбалерите на Пелистер забележаа и втор пораз на контролните натпревар во предсезонатана. Во пријателски натпревар во Охрид, поуспешни од момците на Ѓоко Хаџиевски беа српските фудбалери на Спартак од Суботица кои славеа со 0:2.

27. 1. 2015.

Брдаровски претставен во новиот клуб

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕН ВО УНГАРСКИОТ ЃЕР, СО КОГО ТРЕНИРА ВЕЌЕ НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ
Унгарскиот Ѓер го претстави битолчанецот Владица Брдаровски, едно од неколкуте нови засилувања тимот оваа зима.

26. 1. 2015.

Пелистер поднесе барање за лиценца за настап во Европа

СИТЕ ПРВОЛИГАШИ ОСВЕН БРЕГАЛНИЦА ПОБАРАА ЛИЦЕНЦА ЗА ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАРИ
Девет македонски прволигаши побараа лиценца од УЕФА за следната натпреварувачка сезона под капата на УЕФА, а само штипска Брегалница не се пријави за таква лиценца, објави ФФМ. Битолски Пелистер иако е осми верува дека може да излезе во Европа во пролетниот дел од шампионатот 2014/15.

25. 1. 2015.

Пивковски ја менува Новара за Мартина Франка

ПИВКОВСКИ ВО ПОТРАГА ПО МИНУТИ ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ НА „ЧИЗМАТА„
Битолчанецот, Филип Пивковски пролетниот дел од сезоната како позајмен фудбалер од Новара ќе игра во италијанскиот третолигаш Мартина Франка. Младинскиот репрезентативец минатата полусезона во тимот на Новара не одигра ниту минута, а само еднаш беше на клупата за резервни играчи.

23. 1. 2015.

Ќе има битолско дерби во унгарската лига

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНОТО ВТОРОТО МЕЃУНАРОДНО ИСКУСТВО НА ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ 
Битолчанецот Владица Брдаровски денес потпиша договор на две и пол сезони со унгарскиот Ѓер. Бившиот фудбалер на Пелистер оваа зима го раскина договорот со својот матичен клуб, каде играше последните 18 месеци.

22. 1. 2015.

Пораз на дебито во Дојран на новиот Пелистер

ПОЗИТИВЕН ТЕСТ, НО ПОРАЗ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ НА ПЕЛИСТЕР ВО ДОЈРАН ВО МЕЧОТ СО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ
Пелистер - Младост Лучани 1:2 (0:0)

СЦ „Истатов„ - Дојран. Гледачи: 300
Стрелци: Распашковски во 93 минута за Пелистер, а С. Јовановиќ во 72 и Фрајдеј во 83 минута за Младост Лучани

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Миленковски, Чешмеџиев, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Мирчевски, Стојановиќ, Билали и Јоргос
Уште играа: Трифуновски, Тодоровски, Наумовски, Распашковски,Петревски

Младост Лучани: 
Радукиќ, Марковиќ, Гашиќ, Јагодиќ, Црномарковиќ, Ахчин, Ристиќ, Пешиќ, Протиќ, С. Јовановиќ, Фрајдеј
Уште играа: Латиновиќ, Лемез, Тешиќ, Л. Јовановиќ

По 12 дена тренинзи во Битола, комплетно реновираниот Пелистер на тренерот Ѓоко Хаџиевски го одигра првиот контролен натпревар во предсезоната. Битолскиот клуб доживеа пораз од српскиот Јелен Супелигаш Младост Лучани со 1:2 на во Дојран.

21. 1. 2015.

Сарачевиќ: „Јас станав играч, благодарение жешкиот терен во Битола„

ЛЕГЕНДАРНИОТ РАКОМЕТЕН АС СЕ ПРИСЕЌА НА РИВАЛСТВОТО СО ПЕЛИСТЕР И ГОСТУВАЊАТА ВО БИТОЛА
Легендарниот ракометен ас Златан Сарачевиќ, кога зборува за ракометна Македонија, која овие години често ја посетува преку натпреварите на ППК Загреб во СЕХА Лигата или Лигата на шампионите, не заборава што за него некогаш беше македонскиот ракомет.

20. 1. 2015.

Ивановски претставен во Видеотон

ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ШПАНИЈА, БИТОЛЧАНЕЦОТ ЗБОРУВАШЕ ПРЕД НОВИНАРИТЕ ВО УНГАРИЈА СО НОВИОТ ДРЕС НА ВИДЕОТОН 
По два романски клуба, Мирко Ивановски пред неколку дена се договори и потпиша со унгарскиот Видеотон до јуни 2017 година. Со оваа ќе атакува на шампионската титула во Унгарија веќе оваа сезона. „Среќен сум што дојдов во Видеотон.

Брдаровски пред трансфер во Унгарија

ПО ИВАНОВСКИ, УШТЕ ЕДЕН БИТОЛЧАНЕЦ БЛИСКУ ДО УНГАРСКАТА ЛИГА 
23 годишниот битолчанец Владица Брдаровски е пред  потпишување договор за продолжување на кариерата во унгарскиот прволигаш Ѓер. Од раководството на Ѓер информираа дека Брдаровски се наоѓа на пробен период во тимот и се очекува трансферот да се официјализира договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на истиот.

19. 1. 2015.

Рокада на контрoлните средби, в четврток деби со Младост Лучани

САМО УШТЕ ТРИ ДЕНА ДО ДЕБИТО НА КОНТРОЛЕН МЕЧ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
До крајот на неделата Пелистер планира да го затвори преодниот рок и да се насочи на втората фаза на подоготовките во која ќе игра и пријателски натпревари.

17. 1. 2015.

ФОТО: Ивановски со Видеотон „летна„ за Палма де Мајорка

МИРКО ИВАНОВСКИ ЗАМИНА НА ПОДГОТОВКИ ВО ШПАНИЈА СО СВОЈОТ НОВ КЛУБ
Битолчанецот Мирко Ивановски со својот нов клуб, унгарски Видеотон денес замина на подготовки во Палма де Мајорка, Шпанија. Ивановски кој го напушти романскиот Клуж се одлучи својата кариера да ја продолжи во Видеотон.

16. 1. 2015.

Мирко Ивановски пронајде нов клуб во Унгарија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПО ЧЕШКА И РОМАНИЈА ЌЕ ИГРА И ВО ШАМПИОНАТОТ НА УНГАРИЈА
Битолчанецот Мирко Ивановски го договорил својот трансфер во редовите на лидерот во унгарскиот шампионат Видеотон. Македонскиот репрезентативец неколку месеци, пишуваат романските медиуми. Екипата на Клуж е во финансиски колапс, но од Видеотон ќе добие компензација од 50.000 до 60.000 евра за трансферот на Ивановски.

15. 1. 2015.

Апостоловски од Пелистер во комшиска Победа

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПОВТОРНО БИТОЛЧАНЕЦ ЌЕ ГО НОСИ ДРЕСОТ НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА
Младиот битолски голман, Дејан Апостоловски беше прекуброен во Пелистер и во зимскиот преоден рок си побара нова средина. Така тој му пристапи на прилепска Победа која прави максимални напори да се врати во Втората лига.

Петровски и Ристевски го комплетираат звездениот преоден рок на Младост Царев двор

НОВИ ДВА БИТОЛЧАНИ ГО ОБЛЕКОА ДРЕСОТ НА МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Амбициозниот второлигаш Младост Царев Двор доведе уште две засилувања кои пристигнуваат од битолската школа.

13. 1. 2015.

Кире Ристевски една и пол година во албанска Тирана

КИРЕ РИСТЕВСКИ ОД ДЕНЕС Е НОВ ЧЛЕН НА АЛБАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ТИРАНА
Потенцијалниот македонски репрезентативец Кире Ристевски во наредните една и пол година ќе го носи дресот на албанскиот прволигаш Тирана. По една година мината во Бугарија во софиска Славија каде што одигра скоро цела минатата пролет и овосезонска есен, Ристевски како слободен фудбалер потпиша за една од најтрадиционалните албански екипи.

Јорданчо Наумоски тренира со Пелистер и очекува потпис

НА ПОВИДОК Е НОВ ТРАНСФЕР НА ФУДБАЛЕР ОД ПРИЛЕП ВО ДРЕСОТ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Младиот прилепчанец Јорданчо Наумоски, кој е изданок на школата на Победа, а минатата сезона го носеше дресот на Металург, деновиве тренира со Пелистер и наскоро клубот ќе донесе одлука дали ќе му понуди перманентен договор или не.

12. 1. 2015.

Пелистер тргна со снег, насмевка и тренинг со топка

ПЕЛИСТЕР МИРУВАШЕ ЕДЕН МЕСЕЦ, НО ДЕНЕС ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТТА ОД КОЈА МНОГУ ОЧЕКУВА
Денес на пладне во снежен амбиент на градскито стадион под Тумбе кафе, официјално започнаа подготовките за вториот дел од сезоната на комплетно новиот Пелистер. Хаџиевски прозиваше тим кој е многу изменет за разлика од тој кој обезбеди 18 бода и презими на 8 место. Заминаа Брдаровски, Динчев, Ступиќ, Ганчев, Марковски, Главевски, Ристевски, Магловски, Велевски и тимот до овој момент презентира пет новајлии.

11. 1. 2015.

Денес Пелистер ја почнува својата 2015 со големи очекувања

БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ПО 30 ДЕНА ОДМОР, ДЕНЕС МУ СЕ ВРАЌА НА ТРЕНИНЗИТЕ
По еден месец пауза, денес точно на пладне со состанок и официјален прв тренинг, битолски Пелистер ќе ги започне зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната 2014/15. Во зависност од временските услови деновиве ќе биде донесена одлука, каде ќе биде извршена првата фаза на подготовки се до 2 фебруари, кога експедицијата на чело со новиот стручен штаб ќе замине на подготовки во Анталија.

ФОТО: Пачовски се приклучи кон тренинзите на Вардар

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПО ПЕТ ГОДИНИ СЕ ВРАТИ ВО ВАРДАР СО КОГО СТАНА НАЦИОНАЛЕН ПРВАК 
Голманот и капитен на македонската репрезентацијата, Томе Пачовски не беше на прозивката, но од денеска е веќе во тренажен процес со својот нов клуб.

10. 1. 2015.

Нов почеток на академијата на ФК Пелистер

ДЕФИНИРАН ПОЧЕТОКОТ СО РАБОТА НА ШКОЛАТА НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Академијата на ФК Пелистер врши упис на таленти во своите возрасни категории за новата 2015 година. По реструктуирањето и новиот раководечки тим во клубската школа, Пелистер најавува поинаков принцип на работа. Затоа ги дефинира и термините за состаноци во возрасните категории на кои ќе бидат одредени и групите за работа и нивните одговорни тренери.   

9. 1. 2015.

Нови две засилувања за амбициозниот Младост Царев двор

УШТЕ ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ГО ЗАСИЛУВААТ МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ОБИД ЗА ПРОМОЦИЈА ВО ПРВАТА ЛИГА
Продолжува тенденцијата на засилувања на Младост Царев двор со бивши фудбалери на Пелистер. Ресенскиот клуб пред неколку дена го официјализираше трансферот на Стефан Магловски, кој беше второ ново име оваа зима по Антонио Крстановски, кој потпиша за ресенчани во последните денови од 2014 година.

Виктор Талевски е новиот дефанзивец на Пелистер

ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА СО БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ФРАНКФУРТ И БРЕГАЛНИЦА
19 годишниот македонски дефанзивец роден во Франкфурт, Виктор Талевски е нов член на Пелистер и ќе ја зголеми конкуренцијата во последниот дефанзивен ред, каде уште во ростерот партиципираат Степановски, Крстески, Атанасовски.

Нов битолчанецот во дресот на ресенски Младост

ПО ПЕЛИСТЕР И СИЛЕКС, ПОЛИВАЛЕНТНИОТ ФУДБАЛЕР ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА МИНУВА ВО МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР
Фудбалерот за врска на кратовски Силекс, Стефан Магловски во новата година ќе го облече дресот на второлигашот Младост Царев двор. Магловски кој е производ на школата на Пелистер со која го освои младинскиот Куп, а настапуваше неколку сезони и за сениорската екипа, ќе ја зголеми битолската колонија во четврто пласираната екипа во Втората лига.

Главевски потпиша за Силекс

ПО ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА И НАПРЕДОК, БЛАГОЈЧЕ ГЛАВЕВСКИ ЌЕ НАСТАПУВА И ЗА КРАТОВСКИ СИЛЕКС
Откако Пелистер го ослободи од обврските, корпулентиот напаѓач Благојче Главевски брзо пронајде нова средина. Тој ги договори сите детали со изненадувањето на пролетта, кратовски Силекс и веќе од понеделник ќе се приклучи на стартот на подготовките во Пробиштип.

Ристевски се враќа во албанската лига

ПО ЕДНА СЕЗОНА ВО БУГАРИЈА, БИТОЛСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ БЛИСКУ ДО ВРАЌАЊЕ ВО АЛБАНИЈА 
Македонскиот репрезентативец, битолчанецот Кире Ристевски, кој една сезона настапуваше во за бугарскиот прволигаш Славија Софија, ги договори сите детали со албанскиот прволигаш Тирана, јавуваат медиумите во оваа земја.

8. 1. 2015.

Становиќ и Митиќ ќе го креираат новиот Пелистер

ДВАЈЦАТА НАЈПОЗИТИВНИ ОД ДЕКЕМВРИСКАТА ПРОБА ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОРИ СО ПЕЛИСТЕР 
Потврдени се шпекулациите дека првите засилувања оваа зима, Пелистер ќе ги добие од Србија. Двајца млади и креативни фудбалери кои одговараат на профилот кој го сака Ѓоко Хаџиевски за време на викендот ќе пристигнат во Битола и ќе го стават потписот на договорот со битолскиот прволигаш.

7. 1. 2015.

Нов пех на Кузмановски,нова повреда и затоа не патува во Полска

КАКО И МИНАТАТА ГОДИНА, ПОВРЕДАТА ГО СПРЕЧИ КУЗМАНОВСКИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА НАШАТА МЛАДА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 
Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, утрово замина во полскиот град Островиец Швиетокжиски, каде што од петок до недела ќе ги одигра квалификациите за СП во Бразил.

ФОТО: И Мајнц ги честита Божикните празници преку својот капитен

НОВ ДОКАЗ ЗА РЕСПЕКТОТ КОЈ МАЈНЦ 05 ГО ИМА КОН СВОЈОТ КАПИТЕН
Клубот од Бундеслигата Мајнц 05 за кого 10 години настапува битолачнецот Николче Новески објави слика на својата официјална Фејсбук страна со која на сите православни христијани им го честита празникот Божиќ.

6. 1. 2015.

Костурот на македонските надежи го сочинуваат битолчани

ПОЗНАТИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ЗА МЛАДИНСКИТЕ СВЕТСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО ПОЛСКА
Селекторот на младата машка ракометна репрезентација, Влатко Неделковски го објави списокот на ракометари кои ќе ги поведе на пат за Полска. На списокот се наоѓаат пет ракометари од школата на Пелистер, тројца кои играат за битолскиот суперлигаш (Дрогришки, Рајатовски и Кузмановски) и двајца кои ги носат дресовите на скопските клубови (Костовски и Ивановски).

Тоскоски и Митевски со успешна полусезона во Аполдер

ПО ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ВО ГЕРМАНСКАТА ТРЕТА ЛИГА, АПОЛДЕР НА ДВАЈЦАТА ЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ УБЕДЛИВО ПРВ 
Двајцата македонски интернационалци кои настапуваат во германскиот клуб Аполдер крај Дрезден, зад себе оставија нова успешна полусезона. Со 11 победи и 1 нерешен резултат, Аполдер е есенскиот првак во третата германска лига и најсериозен кандидат за промоција во повисок ранг на натпреварување.

Хаџиевски најави потписи со 5-6 новајлии

ПЕЛИСТЕР ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА ЌЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА 506 НОВИ ФУДБАЛЕРИ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
На неполна недела до почетокот на подготовките на ФК Пелистер многу дискретно, битолскиот клуб ги врши завршните преговори со некои од фудбалерите кои на пролет ќе го носат зелениот дрес.

3. 1. 2015.

Српските прволигаши ќе бидат првите спаринг партнери на пелистерци

СПАРТАК И МЛАДОСТ ЛУЧАНИ СЕ ПРВИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ПЕЛИСТЕР НА ЃОКО ХАЏИЕВСКИ НА КРАЈОТ ОД ЈАНУАРИ
Во зависност од временските услови кои ќе ги диктира зимата во Пелагонија, ќе биде познато дали пелистерци на 12 јануари по прозивката ќе продолжат да тренираат под Тумбе кафе или ќе се преселат во потопла база. Момците на Хаџиевски ќе одиграат два контролни натпревари на крајот од јануари пред да заминат во Анталија.

Секуловски и Наумов веќе освоија трофеј во Мјанмар

ПОЗИТИВЕН СТАРТ НА НОВАТА ЕПИЗОДА НА СЕКУЛОВСКИ ВО МЈАНМАР
Марјан Секуловски со победа и трофеј ја започна својата втора епизода на клупата на Ајејаведи Јунајтед во Мјанмар. Со победата против Јаданарборн со 1:0, тимот на Секуловски и штипскиот напаѓач Ристе Наумов го освоија турнирот „Черити Куп„.

ФОТО: Пелистер во ново отворениот „Ела Квалити„ во Анталија

ПЕЛИСТЕР ВО ТУРЦИЈА ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕН ВО НОВО ОТВОРЕН ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ
Постоеше дилема помеѓу два елитни хотели во Анталија, но пред неколку дена управата на ФК Пелистер и пред се тренерот Ѓоко Хаџиевски дадоа зелено светло и Пелистер го одбра „Ела Квалити„ хотелот.

2. 1. 2015.

Репрезентативец на Азербејџан на „радарот„ на Пелистер?

МЕДИУМИТЕ ВО АЗЕРБЕЈЏАН ПИШУВААТ ЗА ДЕФАНЗИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА БИТОЛЧАНИ ОД НЕФЧИ
Елвин Јунусаде е потенцијална трансфер желба на Пелистер, пишуваат азербејџанските медиуми, а пренесува СПОРТМЕДИА. Новиот кормилар на битолчани има големо познавање за фудбалот во Азербејџан и од оваа земја ќе ги бара новите засилувања.

Пачовски го потврди враќањето во Вардар по шест години

БИТОЛЧАНЕЦОТ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПРЕТСТАВЕН ВО НОВИОТ КЛУБ, ИСТИОТ ОД КАДЕ ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА ВО 2008 ГОДИНА
Томе Пачовски е во „фокусот“ на домашната фудбалска сцена во претстојниот период поради фактот што е стандарден репрезентативец и во иднина ќе го брани голот на Вардар. Поточно се враќа на домашна фудбалска сцена по шест години и одново ќе биде меѓу „црвено-црните“