Powered By Blogger

1. 3. 2014.

Спировски не настапи „петарда„ на Берое

ФЕСТИВАЛ ОД ГОЛОВИ ВО ПРВИОТ ДОМАШЕН МЕЧ ВО 2014 ГОДИНА НА КЛУБОТ НА СПИРОВСКИ ВО СТАРА ЗАГОРА
Репрезентативецот на Македонија, Стефан Спировски не настапи на мечот од второто пролетно коло, вкупно 25 во бугарската прва лига, во кое неговиот Берое со убедливи 5:0 го совлада Љубимец и го заборави првиот пораз пред една недела во Ловеч.
Хет-трик на Андонов и по еден гол на Мартинс и на Зехиров за голема радост во Стара Загора за шоуто на момците на Петр Хубчев. По оваа победа зелените се осми на табелата со 22 бода. Спировски в понеделник треба да се јави кај селекторот Ѓуровски пред пријателскиот меч со Летонија на 5 март.    

Нема коментара:

Постави коментар