Powered By Blogger

30. 6. 2015.

Второ место за Кико Илиоски во Глобаре

НОВО МЕСТО НА ПИЕДЕСТАЛОТ ЗА НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ МОТО-КРОС ВОЗАЧ
На натпревартот во источно европскиот шампинат во мото-крос во српското место Глобаре, нашиот Христијан Илиоски го освои второто место. Тој беше задоволен од уште еден пиедесетал, со што остана на врвот во генералниот пласма.

Гичева доаѓа како големо засилување за ЖРК Пелистер

ЖРК ПЕЛИСТЕР ДОНЕСЕ НЕКОЛКУ ЗАСИЛУВАЊА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Искусната 31 годишна Мери Гичева од соседниот Прилеп е најголемото зсилување за ЖРК Пелистер за новата сезона. Се работи за ракометарка со големо искуство, бидејќи настапуваше во Грција, Косово, Италија и Романија. Покрај Гичева, екипата на Борче Марковски ја засилија и Маја Ивановска од Металург и Елена Крстевска од Прилеп.

КК Младост одпатува на турнир во Задар

НОВ МЕЃУНАРОДЕН ПРЕДИЗВИК НА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ
Кошаркарскиот клуб „Младост“ од 3 до 5 Јули со четири свои екипи ќе учествува на 11 меѓународен турнир „Воштарница Куп 2015“ во градот Задар, Хрватска. Клубот ќе настапи во категориите: момчиња родени 2000/01, момчиња родени 2003/04, девојки родени 1999/2000 и девојки родени 2001/02.

Димитровски потпиша за унгарскиот Егер Ежтеражи

БИТОЛЧАНЕЦОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН АНГАЖМАН И НАСКОРО ЗАМИНУВА ЗА УНГАРИЈА 
Искусниот кружен напаѓач на Прилеп во последните шест месеци, Васко Димитровски иако имаше понуди да го облече дресот на Зомимак и да се врати во матичниот Пелистер, сепак ја прифати понудата од Унгарија.

29. 6. 2015.

Пешевски, Маловица, Пешиќ се желбите на Пелистер

ПЕЛИСТЕР АКТИВЕН НА РАКОМЕТНИОТ ПАЗАР КАЈ НАС И ВО СОСЕДСТВОТО
Рано е да се види физиономијата на новиот Пелистер, но луѓето одговорни за оформување на екипата работат секојдневно за да засилат тимот на кој му недостигаат многу ракометари за да биде компетитивен. Нема потврда, но битолчани работат на доведување на голманот на Будва, црногорецот Лазар Пешиќ, како и на младинскиот црногорски репрезентативец, кој настапува во Партизан како среден бек, Маловица.

Додески од денес пелистерец, ќе пристигнат уште три засилувања

УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР СО ПРВОЛИГАШКО ИСКУСТВО ПРИСТИГНА ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Пелистер доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Од Работнички како слободен фудбалер доаѓа 23 годишниот Нинослав Додевски. Тој покрај за дебармаалци настапуваше и за Металург и ќе биде засилување за дефанзивната линија на Зоран Штерјовски.

27. 6. 2015.

Пелистер го доведе Нове Ацески од Победа

ПЕЛИСТЕР ГО ДОВЕДЕ ТРЕТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
28 годишниот офанзивец Нове Ацески е ново засилување на битолски Пелистер. Тој доаѓа од прилепска Победа, која оваа година се врати во Втората лига. Ацески е искусен фудбалер кој настапуваше покрај за Победа и за Напредок, 11 Октомври и хрватскиот Интер Запрешич.

Експресен пресврт: РК Пелистер ги исплати и договори сите свои ракометари

РАКОМЕТНА БИТОЛА СО НОВИ ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ПО АДМИНИСТРАТИВНАТА СМЕНА 
Дали се гледаат првите резултати од „новите ветришта„ во РК Пелистер? Само неколку дена по трансформацијата на клубот во акционерско друштво, РК Пелистер експресно заврши голем дел од грижите ова лето. Постоеше ризик екипата да остане без ракометари, па експресно реагираа луѓето од управниот одбор и ги исплатија сите ракометари кои ја завршија сезоната 2014/15.

26. 6. 2015.

Нов српски прволигаш го „прибра„ Христијан Драгарски

БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ПРОНАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН ВО СРБИЈА
Битолскиот дефанзивец Христијан Драгарски од денес е нов член на српскиот прволигаш Радник Сурдулица со кој потпиша договор до јуни 2017 година. Драгарски како слободен фудбалер доаѓа од романскиот тим Конкордија.

25. 6. 2015.

Штерјовски официјализиран, денес почнува со тренинзи

ПЕЛИСТЕР „ГИ ПАЛИ МОТОРИТЕ„ ВО СЕЗОНАТА ВО КОЈА САМО ВРАЌАЊЕ ВО ЕЛИТАТА Е УСПЕХ
Зоран Штерјовски и официјално е нов тренер на Пелистер и денес ќе го има првиот тренинг со екипата. Нему ќе му помага Димитар Капинковски и целта на клубот е јасна, експресно враќање во Првата лига. Тимот за разлика од тој кој ја заврши минатата сезона на деветтото место претрпе голем број на измени.

22. 6. 2015.

Илиоски победник и на отвореното првенство на Грција

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ МОТОКРОС ВОЗАЧ СО НОВ БЛЕСОК, ОВОЈ ПАТ НА ГРЧКИОТ ОТВОРЕН ШАМПИОНАТ
Помеѓу две трки од источно-европскиот шампионат, битолскиот мотокрос возач Христијан Илиоски учествуваше и победи на отвореното првенство на Грција во Јаница. Кико ја опиша трката и неприликите кои ги имаше и потенцираше дека овој викенд ќе му послужи пред трките на покомплицирани патеки и со поголема конкуренција:

21. 6. 2015.

Томе Китановски го смени клубот, но не и државата

БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР ГО НАПУШТИ ВОЖДОВАЦ ЗА ДА МИНЕ ВО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ 
Десниот бек Томе Китановски по шест месеци минати во Вождовац, каде настапуваше стандардно и го освои 14 место, ја менува средината, но останува во српската Јелен супер лига. Негов нов клуб е Младост Лучани и битолчанецот веќе се приклучи на подготовките со својата нова екипа на Златибор.

Пелистер утре го промовира својот најмлад тренер во историјата?

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА ШТЕРЈОВСКИ ДА БИДЕ ПРОМОВИРАН ВО НОВ ТРЕНЕР НА ФК ПЕЛИСТЕР
Во текот на утрешниот ден Пелистер треба да го официјализира новиот шеф на стручниот штаб. И покрај тоа што управата на клубот не открива со кој од тренерите со кои се преговараше, паднал договор, неофицијално дознаваме дека Зоран Штерјовски ќе биде предводникот на пелистерци.

Зоран Петковски е нов тренер на КК Пелистер

КК ПЕЛИСТЕР ДОБИВА НОВ ТРЕНЕР, НАЈМЛАД ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
Во новата сезона 2015/16, второлигашот КК Пелистер ќе добие нов тренер. Зоран Петковски кој долги години беше капитен на „зелените„ ја почнува својата тренерска кариера, откако го заврши својот ангажман во Радовиш.

20. 6. 2015.

Пелистер испадна, но Анастасов направи трансфер во Босна

ЗАМИНА УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР. АНАСТАСОВ ВО ИДНИНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО БОСНА
И покрај негативната сезона на клубот и деветтото место во Првата лига во сезоната 2014/15, што значеше преселба во понизок ранг, некои од битолските фудбалери се на цена. Фудбалерот на врска Александар Анастасов како слободен фудбалер се пресели во босанскиот прволигаш Витез и потпиша едногодишен договор со оваа екипа.

19. 6. 2015.

Тони Мицевски и Горан Ставревски со три меча во пет дена, зошто фудбалската страст е посилна од се останато

ФЕНОМЕНОТ НА ДВАЈЦАТА БИВШИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ РОДУМ ОД ПОЕШЕВО, ПРОДОЛЖУВА И ВО ПЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ
Некогаш играа заедно во националната репрезентација, еден период и во битолски Пелистер, а сега се соиграчи во новиот третолигаш Поешево. Тони Мицевски и Горан Ставревски и натаму ја имаат истата страст за фудбалот, иако се во поодминати години и со некој килограм повеќе. Во периодот кога нашите прволигашки фудбалери едвај се движат на теренот, репрезентацијата тоне, последниот пример на Мицевски и Ставревски е сосема спротивен.

Скопските клубови „полни„ со битолчани, следен е Драгарски во Работнички?

НА ПОВИДОК Е УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ - РАБОТНИЧКИ ГО КУПУВА ДРАГАРСКИ?
Дефанзивецот кој потекнува од школата на Пелистер Христијан Драгарски е следниот кој може да се врати од странство и да се препознае во некој од домашните проекти. Фудбалерот на Конкордија е пред трансфер во победникот на Купот, Работнички, откако се ослободи од договорот со романскиот клуб.

Трапановски го внесе Партизан во полуфиналето на „Ширеа купот„

ОДЛИЧЕН ТУРНИР ВО ИТАЛИЈА ЗА БИТОЛЧАНЕЦОТ КРИСТИЈАН ТРАПАНОВСКИ

Младиот фудбалер кој настапува за Академија Пандев, а е производ на фудбалската школа „Талент„ од Битола, Кристијан Трапановски блесна на турнирот во чест на легендарниот Гаетано Ширеа.

18. 6. 2015.

Петти битолчанец во Вардар: Гачевски потпиша на три години

ПО БРДАРОВСКИ И ГАЧЕВСКИ СТАНА ВАРДАРЕЦ, ПА СКОРО ДА ИМА ПОВЕЌЕ БИТОЛЧАНИ ОД СКОПЈАНИ КАЈ ШАМПИОНОТ
Вардар го промовираше и четвртото засилување, станува збор за голманот Филип Гачевски кој минатата сезона во голема форма бранеше за Брегалница Штип. Голманот Филип Гачевски стави потпис на три годишен договор со Вардар и ќе биде петти битолчанецот во сениорската екипа на Вардар по Пачовски, Спировски, Љамчевски и Брдаровски.

Пелистер има план и буџет, новиот проект ќе му биде доверен на Стевче Стефановски?

НОВИОТ АКЦИОНЕР НА РК ПЕЛИСТЕР ВЕЌЕ ИМА ЈАСЕН ПЛАН КАКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СТАРАТА СЛАВА
На повидок се добри вести за РК Пелистер и неговата иднина. Само еден ден откако клубот се трансформираше во акционерско друштво, со општина Битола како единствен акционер, се чини дека пронајден е модел како клубот ќе се развива и најнапред организационо, а потоа играчки и резултатски да се врати во врвот на македонскиот ракомет.

Ристевски раскина со Тирана и потпиша за Работнички

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГО НАПУШТА АЛБАНСКИОТ ФУДБАЛ И ПОТПИША ЗА РАБОТНИЧКИ 


Битолчанецот Кире Ристевски е најновото име во таборот на Работнички и со него се засилува одбраната на вицешампионот по заминувањето на Велковски во Вардар.

Новески е фудбалер на сезоната во Мајнц 05

ИАКО ИМА 36 ГОДИНИ И ОДИГРА МАЛКУ НАТПРЕВАРИ, НОВЕСКИ Е ФУДБАЛЕР НА СЕЗОНАТА ВО МАЈНЦ
Николче Новески во анкета на „Алгемајне Цајтунг“ навивачите на Мајнц 05 го прогласија за играч на сезоната.

15. 6. 2015.

РК Пелистер конечно се трансформираше, со Општина Битола како единствен акционер

ДАЛИ КОНЕЧНО ДОАЃА КРАЈОТ НА ГРИЖИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР?
Советот на Општина Битола денес ја донесе oдлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт во ракометниот клуб Пелистер АД Битола.

12. 6. 2015.

Нов битолчанец во Вардар, Брдаровски потпиша со шампионот

БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР, ПО ВРАЌАЊЕТО ОД УНГАРИЈА ГО ЗАСИЛИ ВАРДАР  
Битолската колонија во скопски Вардар доби уште еден член. По Пачовски, Спировски и Љамчевски, нов член на шампионот е и Владица Брдаровски. Тој ќе го носи црвено-црниот дрес по напуштањето на унгарскиот Ѓер.

Се зголемува битолската колонија во Струмица, Димитровски се договори со Зомимак

БИВШИОТ КАПИТЕН НА ПЕЛИСТЕР НА ПАТ ДА ГО ЗАСИЛИ ВИЦЕШАМПИОНОТ 
Искусниот кружен напаѓач на Прилеп, Васко Димитровски од наредната сезона ќе настапува за вицешампионот Зомимак. Сите детали од преминот на битолчанецот во тимот од Струмица се договорени и тој треба да им се придружи на Пецаковски и Босеовски, кои веќе го носат дресот на овој суперлигаш.

9. 6. 2015.

Кире Ристевски раскина со Тирана, избира меѓу понудите од странство

ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ, БИТОЛСКИОТ ЦЕНТРАЛЕН ДЕФАНЗИВЕЦ ЈА НАПУШТА ТИРАНА
Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Кире Ристевски го напушта албанскиот клуб Тирана по само шест месеци минати во овој клуб. Тој ќе побара нов предизвик и веројатно ќе ја менува лигата. Ристевски беше стандарден како централен дефанзивец за една од најдобрите албански екипи, но наиде на проблеми со доцнење на заостанатите плати и се ослободи од Тирана, која не ги исполни обврските кон него.

Митревски потпиша за Бенфика и веднаш сака титула

ЗА ПРВ ПАТ ЕДЕН БИТОЛСКИ РАКОМЕТАР ЌЕ ИГРА ВО ПОРТУГАЛСКАТА ЛИГА
Битолчанецот, Никола Митревски го напушти Металург и кариерата ќе ја продолжи во португалскиот шампионат, во дресот на Бенфика. Трансферот на 29 годишниот Митревски е потврден и на официјалната интернет страница на седумкратниот шампион на Португалија и четирикратниот освојувач на националниот Куп.

Кико ја декласираше конкуренцијата во Босна

БЛЕСОК НА БИТОЛСКИОТ МОТО-КРОС ВОЗАЧ СО НОВИОТ МОТОВ ВО БОСНА 
Македонскиот возач Христијан Илиоски по подолга пауза настапи на уште еден натпревар од Источно-Европското првенство во мотокрос, одржано минатиов викенд во Крешево, Босна и Херцеговина. Тој ја декласираше конкуренцијата во првиот настап со новиот мотор.

6. 6. 2015.

Петровски се сели во унгарскиот Балатонфуред

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОД ФРАНЦИЈА СЕ СЕЛИ ВО УНГАРСКАТА ЛИГА 
Бившиот ракометар на Пелистер, десниот бек Михаил Петровски по две сезони минати во францускиот второлигаш Валенс, потпиша договор со амбициозниот унгарски клуб Балатонфуред.

2. 6. 2015.

Се разделија Силекс и тренерот Штерјовски

БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР ПО УСПЕШНАТА СЕЗОНА ГО НАПУШТИ СИЛЕКС. ТРГНУВА ПО НИВ ПРЕДИЗВИК ВО КАРИЕРАТА
Младиот битолски тренер Зоран Штерјовски нема да го води Силекс и следната сезона. Тој разделбата со клубот од Кратово ја потврди на својот Фејсбук профил, каде се заблагодари на сите кои придонесоа клубот во првата сезона по враќањето во Првата лига, да заврши во плеј-офот.