Powered By Blogger

8. 3. 2014.

Китановски одигра цел меч, реми за Крајова

РЕМИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ОЛИМПИЈА, ЗА НОВИОТ КЛУБ НА ТОМЕ КИТАНОВСКИ
Реми на гостувањето кај Олимпија Сату Маре за Универзитатеа Крајова на македонскиот интернационалец Томе Китановски.
По неочекуваниот домашен пораз минатата недела, екипата од Крајова извлече бод од гостувањето кај седмо пласираната екипа на табелата во романската втора лига. Олимпија поведе со голот на Бујор во 31 минута, а шест минути подоцна израмни Ферфелеа за гостите. Китановски ги одигра сите 90 минути на позицијата десен бек. По ова реми по 16 кола, Универзитатеа има ист број на бодови по 29 со екипата на Влчеа на водечката позиција. Во наредното коло на 15 март во 11 часот по романскo време, во Крајова го пречекуваат предпоследно пласираниот Арад.  

Нема коментара:

Постави коментар