Powered By Blogger

5. 3. 2014.

ОФИЦИЈАЛНО: В недела тргнува „зелениот воз„

„ЧКЕМБАРИТЕ„ ГО ОБЕЗБЕДИЈА СВОЈОТ ТРАНСПОРТ ЗА НЕДЕЛНОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„
Денес падна договорот помеѓу навивачите на Пелистер и управата на клубот, која постигна договор со македонски железници и како и минатата година „Чкембарите„ за неделното дерби ќе патуваат со воз.
Обезбедени се 10 вагони, па се очекува голема бројка на навивачи, околу 800 кои ќе тргнат кон главниот град да го бодрат својот тим за „вечното дерби„ Остануваат две дилеми: Која ќе биде сатницата на тргнување, која ќе зависи од терминот на одигрување на средбата и како ќе биде извршен транспортот од железничката станица во Скопје во националната арена „Филип втори„ Минатата година токму на тој пат имаше серија на инциденти и овој пат треба посебно да се обрати внимание на организацијата на секој детал. Многу битолчани ќе тргнат и со приватни автомобили за Скопје, а подршка ќе имаат и од навивачи од соседните градови или од битолчани кои живеат и работат во Скопје. Одбројувањето за новото „вечно дерби„ веќе започна.

Нема коментара:

Постави коментар