30.09.2014.

Главевски донесе прв бод за Б екипата од Кратово

ОСВОЕН ПРВИОТ БОД НА Б ЕКИПАТА НА ПЕЛИСТЕР ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО КРАТОВО
Со голот на Благојче Главевски во 15 минута, Б екипата на Пелистер поведе во Кратово против Силекс со 0:1,  но домаќините успеаа да израмнат со голот на Бобан Мариќ. 
Пелистер: 
Ристевски (Апостоловски), Бошевски (А.Котевски), Магловски, Ристевски, Д.Котевски, Атанасовски, Велевски (Станковски), Трајковски (Кузмановски), Мирчевски (Таири), Кузманов (Трифуновски), Главевски (Темелковски)

Победа по победа и Младост стигна до второто место

ВТОРА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ДОМАШНА ПОБЕДА НА  МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА
Младост Царев Двор на домашен терен благодарение на погодоците на Димоски и Коњарски со 2:0 го победи Скопје.Врапчиште и Гостивар одиграа 1:1, додека Кожуф и Дрита завршија без голови.

ВИДЕО: Талески: „Понудата е одбрана, за неколку дена прес и официјализација„

БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОБЈАВИ ДЕКА Е ИЗБРАНА ПОДОБРАТА ПОНУДА ЗА ПРОДАЖБА НА ФК ПЕЛИСТЕР
По денешните недоразбирања и очекувања од редовната седница на советот на општина Битола, за ТЕРА ТВ градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески ја појасни процедурата околу продажбата на ФК Пелистер:

Мустафов пак повикан, а Пивковски ќе дебитира за мак-надежите


НЕКОЛКУ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ИЗБОРОТ НА СЕЛЕКТОРОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Новиот селектор на младата репрезентација Благоја Милевски го одреди списокот на селекцијата под 21 година за пријателскиот меч со Романија на 13 октомври во Скопје.

Продажбата на ФК Пелистер не е точка на денешната седница

ФК ПЕЛИСТЕР НЕМА ДА БИДЕ ПРОДАДЕН ПО ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА
На денешната седница на советот на општина Битола се носи ребалансот на општинскиот буџет. Пред советниците се и повеќе точки за детални урбанистички планови. Темата ФК Пелистер не се најде на дневен ред на денешната седница иако некои очекуваа и најавуваа дека ќе се случи продажба на клубот.

29.09.2014.

Пелистерци задоволни со 15 бода по 9 кола

ПЕЛИСТЕР ОСУМ КОЛА БЕЗ ПОРАЗ, ВО ОДЛИЧЕН АМБИЕНТ ЌЕ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРОТО ОВОСЕЗОНСКО „ВЕЧНО ДЕРБИ„

Во очекување на денешната седница на советот која треба да го официјализира продавањето на Пелистер во рацете на компанијата „Цермат„ прикажаното на фудбалскиот терен по првите 9 кола ги задоволува пелистерци.

Клуж и Ивановски го запоседнаа врвот во Романија

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНИОТ МОМЕНТ НА КЛУЖ И МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ МИРКО ИВАНОВСКИ
Во градската пресметка на стадионот „Д-р Константин Радулеску„ пред 6.000 гледач помеѓу Клуж и и Универзитатеа Клуж, тимот на Мирко Ивановски како домаќин славеше со 1:0 со голот на Лопес во 94 минута во тензичен и груб натпревар.

Китановски одигра цел меч, први бодови за Вождовац

КОНЕЧНО РАДОСТ ЗА ТОМЕ КИТАНОВСКИ И НЕГОВИОТ ВОЖДОВАЦ
Конечно во седмиот натпревар од српската Јелен Супер-лига, Вождовац каде од оваа есен настапува Томе Китановски, ја забележа првата победа.

Мирко Ивановски се враќа, а Кире Ристевски одпаѓа од репрезентацијата

СЕЛЕКТОРОТ ЃУРОВСКИ СО МИНИМАЛНИ ПРОМЕНИ НА СПИСОКОТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДВОМЕЧ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски го објави списокот за двата меча од квалификациите за ЕУРО 2016 против Луксембург на 9 и во Украина на 12 октомври. На списокот се враќаат Ивановски, Глигоров и Муарем, а за разлика од мечот во Шпанија ги нема Алијовски, Ристевски, Наумоски.

Кошаркарите на Младост ги добија заслужените сребра

ДОДЕЛЕНИ МЕДАЛИТЕ НА КАДЕТКИТЕ НА KK „МЛАДОСТ“
На пригодна свеченост во Македонската кошаркарска федерација беа доделени медалите и пехарите за најдобрите од минатата сезона во категоријата - кадетки родени 1998/99. Во минатата сезона кошаркарките на КК „Младост“ го освоија второто место, пред екипата на „Струга 2009“, а зад шампионот „Бадел 1862“ од Скопје.

Драгарски играше 45 минути, Конкордија победи на гости

ОТКАКО ДЕБИТИРАШЕ ВО КУПОТ НА РОМАНИЈА, ДРАГАРСКИ ГИ ОДИГРА ПРВИТЕ МИНУТИ ЗА НОВИОТ КЛУБ И ВО ШАМПИОНАТОТ
Бившиот фудбалер на Пелистер, Христијан Драгарски ги одигра првите минути за екипата на Конкордија во романскиот шампионат и неговиот тим успеа да забележи победа во гости. Конкордија однесе цел плен од гостувањето кај Јаши со 1:2 со головите на Пена и Велингтон во првото полувреме.

ЦСКА ја сопре серијата на Берое, конечно победи и Славија

ПО 10 КОЛО ОД БУГАРСКАТА ЛИГА, ПРЕКИН НА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА БЕРОЕ И НА НЕГАТИВНАТА НА СЛАВИЈА СОФИЈА
Во еден од дерби натпреварите од 10 коло на бугарскиот фудбалски шампионат, Берое на Стефан Спировски загуби во Стара Загора од ЦСКА Софија со 1:2. Македонскиот репрезентативец не настапи, а зелените поведоа со голот на Бакалов во 10 минута.

28.09.2014.

Брегалница немоќна, Пелистер непробиен

РЕМИ КОЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА ПЕЛИСТЕРЦИ ПОД ИСАРОТ
Прва фудбалска лига - 9 коло
Брегалница - Пелистер 0:0

Градски стадион во Штип. Гледачи: 1000
Главен судија: Фатон Мустафи (Тетово)
Асистенти: Небојша Ѓорѓиевски (Брвеница) и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Владо Крстевски (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Андонов, Здравков, Стојанов (Брегалница), а Брдаровски и Ганчев (Пелистер)
Црвени картони: нема 

27.09.2014.

Чурлевски стартуваше со пораз на клупата на Прилеп

РАБОТНИЧКИ СЕ ВРАТИ ВО ЕЛИТАТА ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ПРИЛЕП ПОРАЗЕН НА ДЕБИТО НА НОВИОТ ТРЕНЕР
Боро Чурлевски со пораз дебитираше на клупата на Прилеп, на мечот во Скопје со новиот суперлигаш. По пауза од 20 години, Работнички повторно се израдува на победа во најквалитетната ракометна лига во земјава, откако во второто коло пред домашна публика го победи Прилеп со 26:23 (8:10).

Зомимак се „прошета„ низ Битола

РАЗЛИКА ВО КЛАСИ И ЛЕСНА ПОБЕДА НА СТРУМИЧКИ ЗОМИКАК СРЕД БИТОЛА
Пелистер - Зомимак М 26:31 (12:20)


Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Дим.Георгиевски и Деј. Георгиевски (Скопје)
Делегат: Благој Петров (Велес)

Пелистер ќе биде продаден на „Цермат„ општина Битола ќе задржи 25% од акциите

СЕ НАЗИРА НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ФК ПЕЛИСТЕР
Иако понудите се ковертирани и не се познати деталите и цифрите за купување на Пелистер, комисијата за спорт на општина Битола се состанала и има прв впечаток каков ќе боде исходот.

Битолчани го бркаат „малерот„ од гостувањата во Штип

ПО ШЕСТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ МЕЧЕВИ СО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ, ПЕЛИСТЕРЦИ ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАТА ЌЕ БАРААТ НА ТЕРЕНОТ КАДЕ НАЈЧЕСТО ГУБАТ
Позитивниот момент трае под Тумбе кафе, иако на последните два домашни натпревари резултатот беше оној најнепопуларниот. Екипата шест натпревари меѓу шампионатот и Купот не знае за пораз, а в недела под Исарот ќе брка рушење на уште еден црн рекорд.

26.09.2014.

Мустафи главен судија в недела во Штип

МЛАД ТЕТОВСКИ СУДИЈА ЌЕ ЈА ДЕЛИ ПРАВДАТА В НЕДЕЛА ПОД ИСАРОТ
Младиот тетовски судија Фатон Мустафи за прв пат оваа сезона во натпревар за бодови ќе му суди на Пелистер. Тој беше делегиран од ФФМ за мечот од 9 коло в недела под Исарот против Брегалница. 

Силниот ритам ги истроши битолските фудбалери

СО ОДЛИЧНИ ДЕФАНЗИВНИ БРОЈКИ И МЕСТО НА ТАБЕЛАТА, ПЕЛИСТЕР ГО АРХИВИРА КУПОТ СЕ ВРТИ КОН ГОСТУВАЊЕТО ВО ШТИП
Првата половина од осминафиналниот двомеч помеѓу Пелистер и Работнички и резултатот без голови како да ги задоволи двата табори, иако битолчани жалат што не успеаа да го реализираат пеналот во 46 минута кој можеше да го смени текот на натпреварот.

25.09.2014.

ВИДЕО: Рефлектори и нов тревник за стадионот под Тумбе кафе

НОВО ВЕТУВАЊЕ ВРЗАНО СО СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Градоначалникот на Битола и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски денес на отворањето на фудбалската паралелка во Битола го најавија и новиот проект од „Хет трик„ програмата за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот. Оваа инвестиција е вредна околу 800 000 евра со што ќе се овозможи подобрување на инфраструктурата и условите за игра на градскиот стадион.

ВИДЕО: Отворена првата фудбалска паралелка во Битола

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАА НОВАТА ФУДБАЛСКА ПАРАЛЕЛКА ВО БИТОЛА
Градоначалникот на Битола и првиот човек на ФФМ, денес ја промовираа првата регионална дисперзирана спортска паралелка во општина Битола во која веќе се запишани 23 ученици и тоа 18 од Битола, а останатите од Ресен и Демир Хисар. Наставата за спортската паралелка ќе се изведува во средното земјоделско училиште, каде што неодамна е отворена новоизградената спортска сала.„Битола е дел од проектот за отворање на фудбалска паралелка во рамките на Фудбалската академија.

Пелистер го чека нова казна заради неспортско навивање

НЕКОЛКУ ДЕНА ПО МЕЧОТ СО ШКЕНДИЈА, ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ПРОТИВ НАВИВАЧИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
По казната за мечот од првото коло и мечот со Вардар и едномесечната суспензија на тренерот Секуловски по црвениот картон во 6 коло во Кратово, на Пелистер му се заканува нова казна. 

24.09.2014.

Четвртфиналистот одложен за реваншот, Ступиќ не реализира пенал

СТУПИЌ НЕ ПОГОДИ ОД БЕЛАТА ТОЧКА, МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО ТАКТИЧКИОТ ДУЕЛ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Куп на Македонија - Осминафинале (1 меч)

Пелистер - Работнички 0:0

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколев и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Дејан Димовски (Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Шишковски (Работнички), Ристевски (Вардар)
Црвени картони: нема

Боро Чурлевски нов тренер на Прилеп

ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АС НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Легендарниот македонски ракомет Борис Чурлевски од денес е наименуван за нов тренер на новиот суперлигаш Прилеп. По ремито на домашен терен со Охрид, управниот одбор на Прилеп му се заблагодари на Орде Илиоски и го назначи 49 годишниот Чурлевски, кој ќе дебитира в сабота на гостувањето кај Работнички. За прв пат пред прилепската публика ќе се претстави против Металург Јуниор на 4 октомври. 

Стојанов по мечот со Тетекс пак му суди на Пелистер

ШТИПСКИОТ СУДИЈА СТОЈАНОВ ЗА КРАТОК ПЕРИОД ПАК ДЕЛЕГИРАН ВО БИТОЛА
Втор пат во 10 дена штипскиот судија Стојанче Стојанов ќе води домашен натпревар на битолски Пелистер. По мечот со Тетекс, сега Стојанов ќе биде на центарот на првиот меч од осминафиналето на Купот против освојувачот на ова натпреварување минатата година, Работнички.

23.09.2014.

Против Работнички без калкулирање

КАЈ БИТОЛЧАНИ СЕУШТЕ „ПЕЧАТ КУП РАНИТЕ„ ОД РАБОТНИЧКИ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА
Во клима на задоволство за сработеното и освоените 14 бода и неизвесност што сеуште не се решила иднината на клубот и веќе четврт месец процесот на продажба на Пелистер не доживува кулминација, пелистерци го чекаат Куп мечот со освојувачот Работнички.

Фудбалерите на Пелистер задоволни од средбата во општината: Одлука во најкраток можен рок


НАЈАВЕНАТА СРЕДБА НА ФУДБАЛЕРИТЕ СО ПРЕТСАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА ДОНЕСЕ ОПТИМИСТИЧКИ ЧЕКОР
По вчерашното соопштение во кое фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер денес бараа средба со претставници на општината, денес до најавената средба дојде, но не на стадионот под Тумбе кафе пред попладневниот тренинг, туку во канцелариите на општината.

Христијан Илиоски: „Победувам, но до кога вака„


ПО ПОБЕДАТА ВО ПРИЛЕП, БИТОЛСКИОТ МОТО ШАМПИОН ЈАВНО ПРОГОВОРИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВА
Битолскиот мото-крос феномен Христијан Илиоски уште еднаш беше брилијантен и победи на трката од источно-европскиот шампионат во Лагово крај Прилеп. Но до кога вака.

По фудбалот и ракометот, на општинска врата тропа и КК Пелистер


ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НА КК ПЕЛИСТЕР НАРЕДНА КОЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА РЕШИ ОПШТИНА БИТОЛА
Деновиве спортот е главна тема во Битола и тоа главно заради проблемите и беспарицата на клубовите. Се гледа крајот на четири месечната сага околу продажбата на ФК Пелистер и треба само уште комисијата за спорт и градоначалникот да ја изберат подобрата понуда, а ги има две.

Фудбалерите на Пелистер децидни: „Ова веќе не се издржува„

ТРПЕНИЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР Е ПРИ САМИОТ КРАЈ
Иако беше најавена разрешница на сагата околу купувањето на ФК Пелистер, од новиот сопственик „Тумбе кафе“ ни трага ни глас. Во целава оваа ситуација збунети се и самите фудбалери како и членовите на стручниот штаб, кои преку соопштение до медиумите побараа итна средба со надлежните од Општина Битола од која бараат информации од прва рака за новонастанатата ситуација.

22.09.2014.

Иднината на ФК Пелистер во рацете на градоначалникот


ЕКИПАТА ИГРА ОДЛИЧНО, А КЛУБОТ СЕ БЛИЖИ ДО РАЗВРСКА ОКОЛУ САГАТА ЗА ПРОДАЖБА
На вонредна седница на советот на општина Битола вчера беше изгласано овластување градоначалникот на општина Битола да ја избере најповолната понуда и да го продаде клубот. Одолговлекувањето трае од почетокот на јуни, а веројатно полека се гледа крајот. Официјални понуди за купување на клубот доставиле компанијата Цермат и битолските компании ЗИК Пелагонија и Пелистерка.

Станојковски и Богоевска победници на пинг-понгарскиот опен


БИТОЛА ОРГАНИЗАТОР НА СИЛЕН ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ
Во организација на ППК Мултитекс и болницата „Плодност„ овој викенд во Битола се одржа отворен турнир во пинг-понг на кој учествуваа најдобрите натпреварувачи од нашата земја.

21.09.2014.

Реми од страв на двете екипи да не загубат

БЕЗ МНОГУ ЗРЕЛИ ШАНСИ И СИЛЕН РИТАМ, ПЕЛИСТЕР И ШКЕНДИЈА СЕ ЗАДОВОЛИЈА СО РЕМИ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Прва фудбалска лига - 8 коло

Пелистер - Шкендија 0:0

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи:  1000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Ацо Алексоски (Прилеп)
Стрелци: нема
Жолти картони: Ступиќ, Крстески (Пелистер), Положани, Имери, Усеини, Бојку (Шкендија)
Црвени картон: нема

Берое и Спировски го освоија и Пловдив

ВО БУГАРСКИОТ ФУДБАЛ ПРОДОЛЖУВААТ ПОБЕДИТЕ НА БЕРОЕ И ПОРАЗИТЕ НА СЛАВИЈА
Продолжува позитивната серија на Берое во бугарската прва лига. Екипата на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски славеше на гостувањето кај Локомотив во Пловдив со 0:3 со головите на Костадинов, Керхар и Христов.

20.09.2014.

Скоро 50 минути водство, но на крај пораз во Ресен за пелистерци

ПЕЛИСТЕР СО ПОРАЗ ВО РЕСЕН ЈА ПОЧНА НОВАТА ВИП СУПЕР ЛИГА
Преспа - Пелистер 24:23 (9:11)

Пелистер:
Нечков, Јовановски, Крстевски, Димитровски, Ивановски, Дрогришки, Кузмановски, Рајатовски, Талевски, Вељановски, Гаревски

Ивановски и Клуж се искачија на врвот на романската лига

45 ДЕНА КЛУЖ ВО ПОЗИТИВЕН ПЕРИОД НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ И СТИГНА И ДО ВРВОТ НА РОМАНСКАТА ЛИГА
Позитивниот момент на Мирко Ивановски и на Клуж во романската прва лига продолжува. Младиот македонски напаѓач одигра 77 минути во победата на Клуж кај Отелул Галати со 0:1 со голот на Таде во 44 минута. Ивановски одигра одличен меч по левата страна и имаше неколку убави потези, а заработи и жолт картон во 23 минута.

Два битолски таленти на пробен период во Борусија Дортмунд

СО САМО 11 ГОДИНИ ДВЕ МОМЧИЊА ОД БИТОЛСКИТЕ ПРИВАТНИ ШКОЛИ НА ТЕСТ ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД
Двајца битолски фудбалски надежи, 11 годишните Никола Димитровски и Кристијан Тасески ќе имаат можност повторно да ги покажат своите потенцијали во Германија.

Кобна 90 минута за Вождовац на „Карабурма„

ПРОДОЛЖУВА КРИЗАТА ВО ТАБОРОТ НА ВОЖДОВАЦ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
И по шестото коло од српската Јелен Супер лига, екипата на Вождовац каде настапува Томе Китановски е закована за дното без ниту еден освоен бод. И кога беше на прагот да го освои првиот, прими гол во 93 минута на „Карабурма„ против ОФК Београд и бодовите ги освоија домаќините.

19.09.2014.

Пелистер без потценување, но и без преценување кон Шкендија

ПРОТИВ ШКЕНДИЈА ПЕЛИСТЕРЦИ ИМААТ ВИСТИНСКИ ТЕСТ НА ВРЕДНОСТИТЕ ОВАА ЕСЕН
Доаѓањето на Шкендија под Тумбе кафе е вистински тест за фудбалерите на Пелистер, кои минуваат позитивен период и по поразот од Металург во Битола во третото коло, поврзаа 4 меча без пораз и освоија 10 бода од можните бода.

18.09.2014.

Илиоски и Костов пак одлични во источноевропскиот шампионат

ПАК БЛИСКУ ДО ПРВОТО МЕСТО И ЗА ДВАЈЦАТА БИТОЛСКИ МОТОКРОС ШАМПИОНИ 
По одржувањето трката на патеката кај градот Тројан (Бугарија), двајцата битолски мотокросисти  Христијан Илиоски и Борче Костов само ги потврдија своите пласмани во конкуренција на најдобрите возачи од источна Европа.

Пелистер еден месец без тренерот Секуловски

ФФМ ГИ ИЗРЕЧЕ КАЗНИТЕ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ ФУДБАЛЕРИ И ТРЕНЕРИ ЗА МИНАТИТЕ ДВЕ КОЛА
Дисциплинската комисија го суспендира тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски со еден месец поради исклучувањето на кормиларот пред крајот на мечот со Силекс во Кратово (1:1), кога тренерот на битолчани поради навреди кон помошникот беше отстранет во 89 минута.

16.09.2014.

Во дебито на Б екипата, Пелистер поразен од Работнички

ЗА ПРВ ПАТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА ОРГАНИЗИРАН ШАМПИОНАТОТ НА ВТОРИТЕ ЕКИПИ
Започна првиот шампионат на Македонија на Б тимовите, а битолски Пелистер во 1 коло загуби во Скопје од Работнички. „Романтичарите“ со минимални 1:0 ги совладаа битолчани благодарение на голот на Чурлинов кој погоди во 70 минута.

Двајца црногорци пристигнаа во Битола за потпис со Пелистер

НОВА СМЕНА НА ПЛАНОВИТЕ ОКОЛУ ЗАСИЛУВАЊАТА ВО РК ПЕЛИСТЕР
Иако пред две недели Пелистер ги договори сите детали и се чекаше само официјализација на трансферите на Мисовски, Чавор и Златко Мојсоски настана голем пресврт во клубската структура.

Битолското дерби за ХЈС Работник

ПОЧНАА ДА СЕ ИГРААТ ПРВИТЕ КОНТРОЛНИТЕ МЕЧЕВИ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
ХЈС Работник - Феникс 30:29

Се наближува стартот на новата ракометна сезона и во Супер и во Првата лига и започнуваат контролните мечеви на екипите од Битола. Двата ново пријавени прволигаши ХЈС Работник и Феникс одиграа одличен тест.

И сред клубска „бура„ Пелистер го склопи мозаикот

ПО ТРИ ПОБЕДИ НА ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ СРЕДБИ, ПЕЛИСТЕР КАКО И МИНАТАТА ЕСЕН ГО БРКА ЕПИТЕТОТ ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА
Пред две недели кога Пелистер во судиското надополнување прими гол во Кратово и загуби два бода, работите не изгледаа најдобро за момците на Секуловски. Ремито ги однесе повредениот Марковски и казнетиот Трајковски, клубот и натаму не го решил статусот околу продажбата, а фудбалерите бараат привремена управа. Но на теренот пелистерци се однесуваат и играат како да го даваат најдоброто од себе. Против Тетекс и без неколку првотимци, зелените покажаа квалитет, добар пристап и жртвување за клубските бои.

15.09.2014.

Левски ја продлабочи кризата на Славија, Ристевски пак стандарден

И СО НОВИОТ ШЕФ НА СТРУКАТА СЛАВИЈА НЕ ЗАПИРА СО ПОРАЗИТЕ ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Ниту со новиот тренер екипата на Славија од Софија не успеа да ја сопре негативната серија. Не беше ниту лесно на гостувањето кај Левски, кој во вториот дел го скрши отпорот на екипата на Кире Ристевски. По 0:0 на одморот, во вториот дел „плавите„ го скршија отпорот на Славија и со головите на Прохаска во 85 и Анете во 90 минута ги освоија сите три бода.

14.09.2014.

Најубедливиот Пелистер оваа сезона пресилен за Тетекс

ЧЕТВРТА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И СКОК НА ВТОРОТО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА
Прва фудбалска лига - 7 - коло

Пелистер - Тетекс 3:0 (2:0)

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1000
Главен судија: Стојанче Стојанов
Асистенти: Никола Караколов и Сашо Иванов (сите од Штип)
Делегат: Ванчо Митров (Струмица)
Стрелци: Љамчевски во 26, Ступиќ во 30 и Ристевски во 65 минута за Пелистер
Жолти картони: Тодоровски, Степановски (Пелистер), а Адем, Мишовски, Кралевски, Ристовски (Тетекс)
Црвени картон: нема

Берое ниже победи, Вождовац тоне, а Мехелен најубедлив сезонава

КАКО ИГРААТ БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ШИРУМ ЕВРОПА
Берое е вистински хит во бугарската лига и реди победи. Во мечот од осмото коло во Стара Загора екипата на Стефан Спировски го совлада Марек со 4:0, а битолчанецот одигра 22 минута. Со хет-трикот на Христов и еден гол на Ајас, зелените лесно се справија со Марек. Со 15 бода Берое е втор со два бода помалку од лидерот ЦСКА Софија.

Клуж и Мирко Ивановски немаа милост кон Астра

СО ПОБЕДАТА ПРОТИВ НЕГОВИОТ БИВШ КЛУБ, ИВАНОВСКИ И КЛУЖ ИЗБИЈА НА ВТОРОТО МЕСТО ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
Мирко Ивановски полека го наоѓа своето место во новиот Клуж. По првиот гол во новиот дрес на пријателскиот меч со Шахтар Доњецк, битолчанецот одигра скоро половина час и го дотолчи својот поранешен клуб Астра Плоешти. Клуж славеше со 4:1, а Ивановски влезе во игра на местото на Јаколис во 62 минута при 2:1.

13.09.2014.

Нови Пазар и Канатларовски изненадувачки се разделија

ПО ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ, БИТОЛЧАНЕЦОТ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА НОВИ ПАЗАР
Според информациите на српските медиуми, управниот одбор на Нови Пазар решил да му врачи отказ на битолчанецот Драган Канатларовски по поразот пред своите навивачи од Младост Лучани со 1:2, откако екипата загуби и во претходното коло од ОФК Београд. Канатларовски на почетокот од оваа сезона дојде на тренерската позиција во Нови Пазар, откако минатата година го водеше Спартак Суботица.