Powered By Blogger

15. 3. 2014.

Продолжува љубовта меѓу Мајнц и Новевски

СПОРЕД ОЧЕКУВАЊАТА, ПРОДОЛЖЕН ДОГОВОРОТ НА БИТОЛЧАНЕЦОТ СО МАЈНЦ 05
Германскиот бундеслигаш Мајнц ја продолжи соработката со својот капитен, македонскиот фудбалски интернационалец, битолчанецот Николе Новески до јуни 2015 година. На искусиот дефанзивец му истекуваше договорот на крајот од оваа сезона, но раководството без размислување му понуди нов едногодишен договор на Новески, кој е во клубот од 2004 година и е клупски рекордер по бројот на настапи во Бундес-лигата. Новески досега има одиграно 237 натпревари во дресот на Мајнц во елитното германско фудбалско друштво, како и уште 60 натпревари во Втората Бундес-лига. Новески по завршувањето на циклусот за СП 2014 побара одреден период за да размисли дали и понатаму ќе го носи дресот на македонската фудбалска репрезентација, а сега, откако е јасно дека ќе игра елитен фудбал во Бундес-лигата и следната сезона, би можел да одлучи во тој период да и помогне и на националната селекција.

Нема коментара:

Постави коментар