30.03.2014.

Нова победа на Берое, Спировски не настапи

ЗЕЛЕНИТЕ ОД СТАРА ЗАГОРА НЕ ПРЕСТАНУВААТ СО ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА ВО БУГАРСКАТА ЛИГА
Берое е вистински хит во домашното првенство на нашиот сосед. Екипата на македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го декласира Черноморец Бургас на уште еден наш интернационалец, Дамчевски.
Двајцата наши фудбалери не настапија, а зелените од Стара Загора лесно го скршија отпорот на гостите. Андонов во 8, Мпиа Мабуку во 19 и Костадинов во 42 минута беа стрелци во убедливите 3:0 за Берое. Со оваа победа по 29 кола, Берое е осми со 46 бода и спокојно гледа на завршницата на шампионатот. Утре од 16 часот Славија Софија на Кире Ристевски го дочекува градскиот ривал Локомотив Софија во последниот натпревар од колото.  

Нема коментара:

Постави коментар