Powered By Blogger

16. 3. 2014.

Младинец пресилен за младите битолчанки

ПРОТИВ СИЛНИОТ СКОПСКИ МЛАДИНЕЦ, КОШАРКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НЕ МОЖЕА ПОВЕЌЕ ОД ЧЕСЕН ПОРАЗ 
ЖКК Пелистер - ЖКК Младинец 46:63

Најмладата екипа во Супер-лигата битолски Пелистер само една недела по подвигот во Кавадарци, немаше сили за уште едно изненадување против скопски Младинец, екипа која е многу повозрасна и подобро котира на првенствената табела.
Битолчанки добро го отворија мечот и парираа во првите 10 минути (16:17). Но во продолжението квалитетот на Цветковска и Пановска, најнапред донесе прва двоцифрена предност (22:33), а потоа и дефинитивно одлепување 29:44. Младинец стигна до петта победа во десеттиот натпревар, овој пат во меч со мал број на кошеви (46:63). По овој пораз ЖКК Пелистер остана на шестото место со 10 бода и во наредното 13 коло му гостува на четврто пласираната Струга 2009 в сабота на 22 март. 

Нема коментара:

Постави коментар