26.03.2014.

Канатларовски со минус од еден гол, Ивановски со голема шанса за Куп финале

РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ СО РЕАЛНИ ШАНСИ ЗА КУП ФИНАЛЕ, А БИВШИОТ СЕЛЕКТОР ЌЕ „БРКА„ ПОДВИГ
Во првиот полуфинален меч од Купот на Србија во Нови Сад, домашната Војводина го совлада Спартак Златибор вода на Драган Канатларовски со 1:0 и стекна минималец пред возвратниот натпревар на 9 април во Суботица. Единствениот гол го постигна Мијат Гачиновиќ во 59 минута.
Црвено-белите имаа повеќе од играта, упатија дури 20 удари во голот на Спартак, но стекнаа само 1:0 пред реванш мечот. Во вториот полуфинален натпревар Јагодина на „Карабурма„ го совлада ОФК Београд со 2:1.
Во првиот меч од полуфиналето на романскиот Куп, Астра Плоешти како гостин ремизираше со градскиот ривал Петролул Плоешти 0:0. На дебито на новиот тренер Марин, македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не настапи, но можеби ќе добие шанса на 16 април кога се игра возвратниот натпревар. И второто полуфинале е градско дерби. Утре во првата средба Стеауа го дочекува Динамо Букурешт.  


Нема коментара:

Постави коментар