29.03.2014.

Китановски се врати во тимот, Крајова побегна на врвот

БИТОЛЧАНЕЦОТ „БЛЕСКАШЕ„ ВО МНОГУ ВАЖНАТА ПОБЕДА НА КРАЈОВА ЗА „БЕГСТВО„ НА ВРВОТ
Со голот на напаѓачот Ганеа во 67 минута, Универзитатеа Крајова минимално го совлада тимот на Ородеи со 1:0 во рамките на 20 коло на романската втора лига.
Младиот битолчанец Томе Китановски се врати во стартниот тим по два меча, во кои беше на клупата по ситната повреда и ги одигра сите 90 минути на позицијата десен бек. Во тврд меч пред 3000 гледачи во Крајова, домашната екипа имаше многу шанси во првиот дел, но со инвидуалната мајсторија на Ганеа дојде до три бода точно на средината од второто полувреме. Универзитатеа Крајова и натаму е лидер со 41 бод, шест повеќе од Влчеа, која претпре два последователни порази. Токму второпласираната Влчеа ќе го гостува во Крајова на дерби дуелот на 5 април од 12 часот. Веројатно Китановски и неговиот клуб полека го трасираат патот кон Првата романска лига. 

Нема коментара:

Постави коментар