Powered By Blogger

29. 6. 2014.

Филип Гачевски потпиша за Брегалница

БИВШИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ОД АВСТРИЈА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Бившиот младински репрезентативец на Македонија, битолчанецот Филип Гачевски во новиот шампионат на Македонија ќе го брани голот на Брегалница од Штип. Гачевски кој е роден во Мурска Собота, минатата сезона ги бранеше боите на австрискиот Капфенберг, а претходно настапуваше и за Луштенау и словенечката екипа Мура.

28. 6. 2014.

Пелистер конечно „ги запали моторите„

БИТОЛЧАНИ МЕЃУ ПОСЛЕДНИТЕ ПРВОЛИГАШИ ГИ ЗАПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ
По четири дневно одлагање Пелистер ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на Драган Бочевски. И покрај големиот притисок и шпекулациите за менување на клубскиот сопственик, клубот до вториот јавен повик останува во рацете на општина Битола која ќе продолжи да се грижи за битолскиот прволигаш се до моментот кога ќе го предаде клубот во подобри „раце„

Уште двајца битолчани во Царев двор

НОВИ ЗВЕЗДЕНИ ЗАСИЛУВАЊА НА ВТОРОЛИГАШОТ ОД ЦАРЕВ ДВОР
Во своето прво учество во Втората лига, екипата на Царев двор која ги елиминира Зајас и Победа на патот до оваа категорија, не сопира со засилувања. Денес официјализира уште два фудбалери со „дебело„ прволигашко искуство.

27. 6. 2014.

Пашовски и Мојсов ќе добијат нови договори

ПО СЕРИЈАТА ЗАМИНУВАЊАТА, ВО ПЕЛИСТЕР ПОТВРДА ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ДВАЈЦА ИСКУСНИ ПРВОТИМЦИ

Во очекување на денешниот почеток на подготовките за новата натпреварувачка сезона, Пелистер и натаму исчекува кој ќе биде новиот сопственик на клубот. Но напоредно мора да се обиде да го задржи постоечкиот играчки кадар, откако заминаа бугарските интернационалци и Петар Љамчевски и Христијан Драгарски.

26. 6. 2014.

Брдаровски заминува во Полска или Португалија

УШТЕ ЕДЕН БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР НА ИЗЛЕЗНА ВРАТА ОД ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Потенцијалниот македонски репрезенативец Владица Брдаровски е последниот од низата фудбалери на Пелистер кој се наоѓа пред излезна врата од клубот. Имено според информациите кои тој ни ги достави до неговиот менаџер стигнале понуди од клубови од Полска и Португалија и до крајот на овој месец ќе се знае дали по втор пат ќе пронајде меѓународен ангажман или не.

Констанца на Шундовски со одлична ждрепка за влез во Лигата на шампионите

ПОЗНАТИ ГРУПИТЕ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО РАКОМЕТНАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Познати се трите квалификациски групи за пласман во машката Лига на шампионите, по денешната ждрепка екипата на Констанца од Романија предводена од македонскиот тренер Звонко Шундовски, како и на нашиот интернационаец Бранислав Ангеловски, се наоѓаат во групата 3 заедно со Хаслум (Норвешка), Бешикташ (Турција) и Хаселт (Белгија).

25. 6. 2014.

Одложена прозивката под Тумбе кафе

ПРОБЛЕМОТ СО ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ЧЕТИРИ ДНЕВНОТО ПОМЕСТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО НОВАТА СЕЗОНА 
Откако во текот на денешниот ден не беше донесена било каква одлука околу продажбата на клубот, прозивката на сениорската екипа беше одложена за в сабота попладне.

Ѓорѓи Силјанов апелира да не се шпекулира со неговото име при продажбата

БИВШИОТ СПОНЗОР НА ПЕЛИСТЕР НЕЗАДОВОЛЕН ШТО НЕГОВОТО ИМЕ СЕ СПОМНУВА ВО НЕГАТИВНА КОНОТАЦИЈА ПРИ ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ
Спонзорот на Пелистер во последната сезона и човекот кој беше дел од европскиот Пелистер пред шест сезони, Ѓорѓи Силјанов - Монголот порача да не се шпекулира со неговото име при било која комбинација околу продажбата на клубот.

Никој не го сака Пелистер, напротив има многу кои ја „саботираат„ продажбата

МНОГУ ШПЕКУЛАЦИИ, НО НА КРАЈ НИТУ ЕДНА ПОНУДА ЗА КУПУВАЊЕ НА БИТОЛСКИОТ КЛУБ
Проблемите на ФК Пелистер како да немаат крај. Ниту една официјална понуда за превземање на битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер не стигнала на адресата на оптшина Битола, која денеска до 13 часот даде рок за сите заинтересирани страни.

Турски Бешикташ го купува ФК Пелистер!

ДОЈДЕ ДЕНОТ НА ОДЛУКА КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ФК ПЕЛИСТЕР
Денес од 14 часот во општина Битола јавно ќе се отворат понудите кои пристигнаа на адреса на единствениот акционер за купување на ФК Пелистер. Неофицијално има неколку писмени понуди кои од минатата недела пристигнале во општината, а рокот за доставување на понуди ќе биде затворен заклучно со 13 часот.

24. 6. 2014.

Кико ја освои и Бугарија и продолжува да ја брка титулата

НОВА ГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ТРКА ОД ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА БИТОЛСКИОТ ФЕНОМЕН ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Најдобриот македонски мото-крос возач Христијан Илиоски продолжува да собира места на пиедесталот и од Бугарија деновиве се врати со нова победа со која ги зголемува своите шанси за освојување на источно европскиот шампионат во мото-крос во својата категорија.

23. 6. 2014.

Младите ракометари на ХЈС подобри од Кожани

КОЛАТА НА МАРКОВСКИ И ЗАРКОВ СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЃУНАРОДЕН МЕЧ
ХЈС - Кожани 33:22 (14:7)

Во меѓународен пријателски натпревар одигран во спортската сала „Павел Шатев„ во Битола екипата на ХЈС (Хендбол Јуниор Скул) на прославените бивши македонски репрезенативци Александар Зарков и Иван Марковски го совлада тимот на Кожани од Грција со убедливи 33:22.

22. 6. 2014.

Kaнатларовски го замени Спартак со Нови Пазар

БИВШИОТ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИНА ПРОНАЈДЕ НОВ КЛУБ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Бившиот тренер на Спартак од Суботица, Драган Канатларовски и натаму ќе остане во српскиот фудбал, но следната сезона, како шеф на стручниот штаб на суперлигашот Нови Пазар.

21. 6. 2014.

Филип Чурлевски во МРК Вардар

ПЕЛИСТЕР ГУБИ ЕДЕН ОД СВОИТЕ НАЈГОЛЕМИ ТАЛЕНТИ
Еден од најталентираните ракометари на Пелистер во последните неколку години Филип Чурлевски, син на легендарниот Боро Чурлевски, од наредната сезона 2014/15 ќе го носи дресот на МРК Вардар, каде тренер е Пепи Манасков.

Марјан Котевски го засили Силекс

СЕ ЗГОЛЕМУВА БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО КРАТОВО
 
Младиот фудбалер кој е производ на школата на Пелистер, а во последниот шампионат настапуваше за второлигашот Новаци, Марјан Котевски во шампионатот 2014/15 ќе го носи дресот на Силекс.

Дејан Велевски се врати во Пелистер

МЛАДИОТ ФУДБАЛЕР ЗА ВРСКА ЈА ЗАВРШИ ПОЗАЈМИЦАТА ВО 11 ОКТОМВРИ И СЕ ВРАТИ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ
Ако во зимскиот преоден рок Пелистер ги врати од одстапка Бурхан Мустафов и Тони Магловски и одиграа неколку делови од средбите во вториот дел од шампионатот, сега ред е на Дејан Велевски.

Алтипармаковски го напушти Паналијакос, но останува во Грција?

БИВШИОТ НАПАЃАЧ НА ПЕЛИСТЕР Е БЛИСКУ ДО НОВ КЛУБ ОД НАШЕТО ЈУЖНО СОСЕДСТВО
Бившиот младински репрезентативец и голгетер на Пелистер, Марјан Алтипармаковски го напушти грчкиот второлигаш Паналијакос за кого настапуваше во пролетниот дел од шампионатот 2013/14.

18. 6. 2014.

Заминувања од Пелистер, се чекаат новајлиите?

РАБОТЕН СОСТАНОК ПОД ТУМБЕ КАФЕ И ОДЛУЧУВАЧКИ ДЕНОВИ ЗА ФК ПЕЛИСТЕР ВО НАРЕДНАТА СЕЗОНА
Деновиве првите „знаци за живот„ во Пелистер дојдоа од единствениот акционер, кој вети плата деновиве и исчекување на планот за сезоната кој ќе биде појасен по 15 јуни и отворањето на понудите за нов клубски газда.

Петар Љамчевски се врати во Металург

ПО САМО ЕДНА СЕЗОНА ВО ПЕЛИСТЕР, МЛАДИОТ ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ СЕ ВРАЌА ВО СКОПСКИ МЕТАЛУРГ
Еден од најдобрите млади фудбалери од битолската академија, Петар Љамчевски на истек на договорот со Пелистер се одлучи да ја смени средината. Имено неговиот бивш клуб скопски Металург се каеше што не го процени најдобро пред една сезона и му понуди нов договор кој фудбалерот го прифати.

Две места на пиедесталот за битолските мотокрос возачи

НОВ ФАНТАСТИЧЕН РЕЗУЛТАТ ЗА БИТОЛСКИТЕ МОТОКРОС ВОЗАЧИ, ОВОЈ ПАТ ВО БОСАНСКОТО КРЕШЕВО
Нов одличен резултат и две места на пиедесталот за битолските мотокрос возачи во рамките на источно-европскиот шампионат. На првата трка во босанското место Крешево, Христијан Илиоски го даде максимумот во тешките услови и успеа да дојде до второто место, веднаш зад водечкиот Адријан Радута од Романија. 

16. 6. 2014.

Бујчевски го напушти Вардар по само една сезона

НАПАЃАЧОТ ОД БИТОЛСКАТА ШКОЛА НЕМА ДА НАСТАПУВА ВО ЦРВЕНО-ЦРНИОТ ДРЕС ВО НОВАТА СЕЗОНА
Голгетерот Антонио Бујчевски си замина од Вардар по само една сезона. Битолчанецот побара раскин на договорот, а клубот му излезе во пресрет по што веднаш станува слободен играч. Напаѓачот на стартот од минатата сезона премина во редовите на Вардар од Еуромилк, но поради административни неправилности во реализација на трансферот играше само во протлетниот дел од сезоната.

ФОТО: Маневски претставен на Тајланд

НАЈКОРИСНИОТ ФУДБАЛЕР ВО ДОМАШНАТА ЛИГА СО ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН АНГАЖМАН
Доскорешниот фудбалер на актуелниот освојувач на двојната круна Работнички, Борче Маневски ги мина лекарските прегледи во Тајланд со што и официјално е нов играч на Чаинат.

15. 6. 2014.

Битолчанец на клупата на Силекс

ПРВ ПРВОЛИГАШКИ АНГАЖМАН ЗА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Битолчанецот кој настапуваше за Пелистер, Победа, Слога Југомагнат,  Зоран Штерјовски во комбинација со Гордан Здравков кој ја има неопходната УЕФА ПРО лиценца, треба да биде тренерскиот двоец на Силекс, иако сето тоа засега само преку шпекулациите во јавноста.

13. 6. 2014.

Започна европскиот турнир за надежи во Битола

ДЕНЕС ВО БИТОЛА СТАРТУВАШЕ НАЈСИЛНИОТ ТУРНИР ЗА ТЕНИСКИ НАДЕЖИ ОРГАНИЗИРАН ВО НАШИОТ ГРАД
Од 16 до 21 јуни, по петти пат во Битола ќе се одржи „Tennis Europe Junior tour Bitola Open 2014„ во организација на тенискиот клуб Битола и Академија Павловски .Една недела Битола ќе биде домаќин на Европскиот турнир во тенис за јуниори и јуниорки до 16 години.

Китановски: „Романската Втора лига е како нашата Прва„

ЗАВРШИ ОДМОРОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО РОМАНИЈА
Пред само три недели завршија со официјалните натпревари, а веќе утре романските прволигаши ги започнуваат подготовките за новата. По само шест месеци минати во Универзитатеа Крајова, битолчанецот Томе Китановски и соиграчите изборија промоција во Првата лига на Романија.

Маневски пред трансфер на далечниот Исток

НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР ВО ПРЕТХОДНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ТРАНСФЕР НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК
Доскорешниот напаѓач на Работнички, битолчанецот Борче Маневски, е последниот од листата играчи кои го откажаа својот настап за македонската фудбалска репрезентација на претстојните пријателски натпревари против Кина, на 18 и 22 јуни, и тоа поради преговори за трансфер во друг клуб „

11. 6. 2014.

Драгарски пред потпис со Конкордија

БИТОЛСКАТА КОЛОНИЈА ВО РОМАНИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЧЛЕН
Младинскиот репрезентативец на Македонија и член на битолски Пелистер, Христијан Драгарски од наредната сезона ќе го носи дресот на Конкордијаод Чиајна во романскиот шампионат.

10. 6. 2014.

Наковска - Бикова златна и во светскиот Куп

НЕМА СВЕТСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ КАДЕ ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НЕ ПОБЕДИ
Македонската златна параолимпијка Оливера Наковска -Бикова уште еднаш блесна. Битолчанката го освои првото место и златниот медал и на Светскиот куп во стрелаштво што се одржа во полскиот град Шчечин. Таа беше најдобра во дисциплината паѓачки цели и постојано водеше во двете гаѓања и победи во конкуренција на 39 стрелачи. Претходно во дисциплината воздушен пиштол Бикова беше осмопласирана. 

Несватливото одлагање на трката во Романија го остави Илиоски без победа и лидерство

НАМЕСТО ЛИДЕРСТВО, ОД РОМАНИЈА КИКО ИЛИОСКИ СЕ ВРАТИ ПО ОДЛАГАЊЕ НА ТРКАТА КОЈА МОЖЕШЕ ДА МУ ДОНЕСЕ БОДОВИ НА ВРВОТ
Неверојатната одлука да биде поништена трката од источно-европскиот шампионат во мотокрос во Романија, претставуваше силен хендикеп за најдобрите македонски мотокрос возачи.

9. 6. 2014.

Црногорецот Чекиќ победник на пинг-понгарскиот турнир во Битол

ГОЛЕМ ВИКЕНД ТУРНИР ВО ПИНГ-ПОНГ ВО БИТОЛА СО ЦРНОГОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КАКО ГОСТИН
Вчера во Битола се одржа силен меѓународен турнир во пинг-понг на кој учествуваа најдобрите пинг-понгати од нашата земја, дури и рекреативците, како и гостите од репрезентацијата на Црна Гора.

4. 6. 2014.

Општина Битола одбира меѓу три понуди

СПОРЕД НЕОФИЦИЈАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА ТРИ СЕРИОЗНИ ПОНУДИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР 
ФК Пелистер дефинитивно замина на берза, а неофицијално дознаваме дека постојат три официјални и многу сериозни понуди и тоа една од домашна компанија и две странски од Бугарија и Турција.

Канатларовски го напушти Спартак, следна е Шкендија?

ПО УСПЕШНАТА СЕЗОНА ВО СРБИЈА, БИТОЛСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТРЕНЕР ВО ПОТРАГА ПО НОВ АНГАЖМАН
Нашиот стратег Драган Канатларовски оваа сезона во српската фудбалска лига со Спартак се пласираше на десеттата позиција. Успеа да обезбеди опстанок и да стигне до полуфиналето во националниот Куп.

Шундовски, тренер на годината во Романија


НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СТРУЧЊАК ВО РОМАНИЈА
Сосема очекувано откако ги освои сите домашни трофеи и стигна до полуфиналето на ЕХФ Купот, македонскиот стручњак Звонко Шундовски е прогласен за тренер на годината во романската најсилна ракометна лига.

3. 6. 2014.

Илиоски, втор на грчкиот отворен шампионат


НАПОРЕДНО СО ИСТОЧНОЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ, КИКО „РАСТУРА„ И НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГРЦИЈА
Христијан Илиоски - Кико го освои второто место на трката од отворениот грчки шампионат во мотокрос, која викендов се возеше во Кожани. Одличната патека беше подготвена за 30-на мотоциклисти кои си ги одмерија силите во класите MX1, МХ2 и МХ3. Христијан Илиоски беше втор во класата МХ1, во која добар пласман оствари и Гоце Томовски на 8 место.

2. 6. 2014.

Коњарски го напушти Напредок и наскоро ќе го одбере својот нов клуб

БИТОЛЧАНЕЦОТ ГО НАПУШТА КИЧЕВСКИОТ КЛУБ И НАРЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИГРА ВО КЛУБ ОД ПРВАТА ЛИГА
Искусниот фудбалер за врска кој потекнува од школата на Пелистер, Благојче Коњарски по шест месеци минати во дресот на кичевски Напредок замина од клубот кој го напушти прволигашкото друштво. Бившиот фудбалер на Пелистер и Силекс, кој се обиде и во Германија, има неколку понуди од клубови од Првата македонска лига и деновиве ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.