Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Драгарски не одпатува за Португалија

ПОВРЕДАТА ГО СПРЕЧИ ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ПЕЛИСТЕР ДА ЗАМИНЕ СО СВОИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ КОЛЕГИ ЗА БАРСЕЛОС
Столбот на одбраната на Пелистер и на младинската репрезентација Христијан Драгарски не одпатува со своите репрезентативни другари за Барселос, каде во среда од 19 часот, момците на Бабунски ќе играат меч од квалификациите против Португалија.
Докторите на репрезентацијата ја потврдија мускулната повреда на Драгарски, кој не тренираше со континуитет минатата недела, а иако одпатува за Скопје, не настапи на натпреварот со Работнички. Драгарски е стандарден во црвено-жолтиот дрес, а оваа ситуација налага неизвесност и во пресрет на дербито со Вардар во наредното коло. Пелистер имаше сериозни проблеми без Драгарски на мечот со дебармаалци. Регуларно со репрезентацијата одпатува Александар Анастасов, кој очекува да дебитира за нашите надежи. 

Нема коментара:

Постави коментар