Powered By Blogger

10. 3. 2014.

РК Битола во четвртфиналната група од Купот

ОДИГРАНИ МЕЧЕВИТЕ ОД ПРВОТО КОЛО НА РАКОМЕТНИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Струга - РК Битола 22:34 (12:16)

Ракометарите на Битола обезбедија пласман во четвртфиналната група на Купот на Македонија и му се реваншираа на тимот на Струга за поразот во плеј-оф мечот за опстанок во Суперлигата минатата сезона.
Сред Струга, битолчани славеа на убедлив начин со +12 и покажаа дека имаат свој квалитет за промоција во највисок ранг (22:34). Битола водеше во текот на целиот натпревар и предноста секои 10 минути се зголемуваше. Од +4, до +9, до највисоки +14. Оваа победа нуди можност дури и Битола да се најде во иста група со Пелистер за пласман на Final four, што и се случи пред две години. В сабота продолжува Првата лига, а од 14 часот во спортската сала „Младост„ Битола го дочекува директниот конкурент Прилеп.   

Нема коментара:

Постави коментар