Powered By Blogger

15. 3. 2014.

Мајнц и Новевски со нов подвиг до петто место

ПОБЕДА СО ПРЕСВРТ И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ЕКИПАТА НА НОВЕСКИ
Неделата во која го продолжи својот договор со Мајнц 05, македонскиот интернационалец Николче Новески ја заокружи со подвиг и победа во Хофенхајм и тоа со голем пресврт (2:4).
Во мечот од 25 коло на Бундеслигата, Мајнц одигра многу слабо прво полувреме и домаќините преку Салиховиќ не реализираа најстрога казна. На почетокот од вториот дел меѓу 49 и 54 минута, Хофенхајм со головите на Полански и Фирмино поведе со 2:0. Но екипата на Тухел со двојна замена се врати во мечот. Камерунецот Чупо Мотенг во 67 минута намали на 2:1. Резервистот Салер во 73 минута израмни на 2:2, а победата ја донесе и ја потврди јапонецот Оказаки во 75 и 92 минута. Новески како и скоро секогаш ги одигра сите 90 минути како централен дефанзивец. По некомплетното коло во Германија, Мајнц 05 се проби на 5 место со 41 бод. Во наредното 26 коло Новески и другарите на домашен терен го дочекуваат непоразениот лидер и нов шампион Баерн Минхен.  

Нема коментара:

Постави коментар