Powered By Blogger

4. 3. 2014.

Вардар - Пелистер во 17 или во 20 часот?

УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ ТЕРМИНОТ ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА “ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ В НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ
Утре ќе бидат разрешени дилемите околу сатницата за најголемиот клубски фудбалски меч во мак-ривалството.
Вардар и Пелистер како дел од 21 коло сигурно ќе играат в недела на 9 март, но дилемата е дали во 17 или во 20 часот. Значи потврдено е дека овој меч нема да се игра како останатите четири во терминот од 14 часот, туку неколку часа подоцна. Иако организаторот објави дека терминот е 20 часот, сепак според комесарот за натпревари „вечното дерби„ ќе се игра од 17 часот. Потврда од двата клуба се очекува в среда попладне. Дали прашањето околу терминот е поврзано и со најавата за присуство на двете навивачки групи, ќе се знае по средабата на клубовите и комесарот за натпервари. Исто така и националната телевизија која ги има правата врз домашното првенство, директен пренос би емитувала само во случај мечот да се игра од 20 часот.

Нема коментара:

Постави коментар