Powered By Blogger

31. 7. 2014.

Благоја Китановски, нов спортски директор на Младост Царев двор

НОВА ПРОМЕНА КАЈ АМБИЦИОЗНИОТ ВТОРОЛИГАШ ОД ЦАРЕВ ДВОР
Легендарниот бивш фудбалер на Пелистер, а подоцна и тренер и спортски директор Благоја Китановски од денес е именуван за нов спортски директор на второлигашот Младост Царев двор.

Македонски судии делегирани за полуфиналето Германија - Шпанија

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА БИТОЛСКИОТ СУДИСКИ ПАР
Македонскиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за второто полуфинале на Европското првенство во ракомет за младинци во Линц (Австрија) помеѓу Шпанија и Германија.

Денес Тодорчев станува пелистерец

НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДНО НОВО ИМЕ ВО БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Во текот на денешниот ден Пелистер треба да го комплетира договорот со уште ден искусен фудбалер. Имено од вчера во Битола е 30 годишниот Горан Тодорчев, кој веќе одработи еден тренинг со пелистерци.

Охридски судија за „вечното дерби„


ФФМ ГИ ДЕЛЕГИРАШЕ СУДИИТЕ ЗА ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ВО СЕЗОНАТА
ФФМ делегираше охридски судии за првото „вечно дерби„ на македонскот фудбал. Искусни делители на правдата ќе бидат на центарот в недела од 17:30 часот на стадионот под Тумбе кафе.

Мак баскеташите преку Рига „бркаат„ европско првенство

ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ МЕЃУ ИЗБРАНИТЕ НА МАРИО ТРИФУНОВСКИ ЗА БАСКЕТ СЕЛЕКЦИЈАТА ТРИ НА ТРИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕУРО
Првата репрезентација на Македонија во баскет три на три денес патува за Рига, каде овој викенд ќе се одржат квалификациите за пласман на континенталниот собир. Македонија ќе ја претставуваат Ѓорѓи Анакиевски, Ѓорѓи Талевски, Петар Бојовски и Иван Јованов, а селектор е битолчанецот Марио Трифуновски.

30. 7. 2014.

Новески капитен на Мајнц и кај новиот тренер

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОСТАНУВА СО КАПИТЕНСКАТА ТРАКА И ВО НОВАТА БУНДЕСЛИГАШКА СЕЗОНА
Поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески и во новата сезона во Бундеслигата ќе го предводи Мајнц како капитен. Новиот тренер Каспер Хјулманд повторно му ја довери оваа одговорна улога на нашиот дефанзивец исто како и неговиот претходник Томас Тушел.

Тренерска смена во Младост Царев двор

НЕОЧЕКУВАНО ЗАМИНУВАЊЕ НА ТРЕНЕРОТ КОЈ ГО ВНЕСЕ МЛАДОСТ ЦАРЕВ ДВОР ВО ВТОРАТА ЛИГА
Еден од најзаслужните за историската прва промоција на второлигашот Младост Царев двор, младиот битолски тренер Кире Стерјов поднесе неотповиклива оставка од местото шеф на стручниот штаб.

Комплетиран стручниот штаб на Секуловски

ВО ПЕЛИСТЕР СЕ СЛОЖУВААТ „КОЦКИТЕ„ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Пелистер делумно го измени стручниот штаб за разлика од тој кој го водеше тимот минатата сезона. На Марјан Секуловски ќе му помага Димитар Капинковски, кој претходно работеше во младинските категории на клубот, а во стручниот шатб остануваат и Спасе Ристевски и Сашо Петровски како тренер на голмани.

Златко Мојсоски се враќа во Пелистер?

НА ПОВИДОК РЕПРЕЗЕНТАТИВНО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Репрезентативното десно крило Златко Мојсоски по неколку сезони минати во Металург ќе бара нова средина, откако не доби продолжување на договорот со актуелниот македонски првак.

ФФМ потврди: „Вечното дерби ќе се игра под Тумбе кафе„

И ПОКРАЈ СТРАВУВАЊАТА МЕЧОТ ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР ЌЕ СЕ ИГРА ВО „ДОМОТ„ НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Вечното фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар кое треба да е шлагот на воведното коло од новата сезона во Првата лига ќе се игра во Битола, в недела од 17:30 часот и покрај тоа што од лиценцната комисија на ФФМ пред неполн месец беше оценето дека „Тумбе кафе“ не може да биде домаќин на прволигашки натпревари.

29. 7. 2014.

Ступиќ се договори со Пелистер

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ ПЕЛИСТЕР ДОВЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ИСКУСЕН НАПАЃАЧ
Искусниот напаѓач Бошко Ступиќ од денес е нов член на битолски Пелистер. 30 годишниот напаѓач вчера пристигна во Битола, го одбработи првиот тренинг и се договори со управата на клубот за едногодишна соработка.

28. 7. 2014.

Томче Петрески, нов тренер на косовскиот првак Беса

БИВШИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ПРВАКОТ НА КОСОВО
Бившиот репрезентативец на Македонија, а минатата сезона и тренер на Пелистер, Томче Петрески е наименуван за нов тренер на првакот на Косово Беса Фамилија од Печ.

Билетите за Вардар во продажба од среда по цена од 100 денари

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ В НЕДЕЛА ОД 17:30 ЧАСОТ
Иако имаат полни раце работа во сите структури на клубот, првите луѓе на Пелистер ја започнаа неделата во која главен приоритет е добро да се подготви мечот со Вардар в недела од 17:30 часот, со кој се отвора новиот шампионат на Македонија.

Чавор и уште две засилувања ќе бидат претставени на 5 август

ВО ЗАВРШНА ФАЗА СЕ ДОАЃАЊАТА НА ТРИ СТРАНСКИ ЗАСИЛУВАЊА ВО РК ПЕЛИСТЕР
Управата на РК Пелистер пред себе ја има клучната недела да ги договори деталите пред се со домашните ракометари. Долго време тие живеат во неизвесност околу заостанатите долгови кон нив и амбициите на тие на кои клубот ќе смета во иднина. Освен тоа клубот има 2-3 приоритетни места каде мора да се засили и во завршна фаза се ракометарите од странство кои ќе дојдат на тие дефицитарни места. Наредниот понеделник ќе биде официјализиран трансферот на Стефан Чавор, кој е млад црногорски интернационалец кој настапуваше во Цеље Пивоварна Лашко. Покрај него клубот ќе доведе уште две засилувања, а скоро сигурно едно ќе биде на голманската позиција. До крајот на неделата ќе се знае и планот на подготовки на тренерот Николовски и контролните мечеви кои екипата ќе ги одигра до почетокот на ВИП Суперлигата. 

27. 7. 2014.

Пачовски се врати на голот, победа со пресврт на Мехелен

ЗАПОЧНА НОВИОТ БЕЛГИСКИ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНАТ СО ПОБЕДА И ВРАЌАЊЕ НА ГОЛОТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КАПИТЕН
Откако на крајот на претходната сезона не бранеше како последица на повредата со која се здоби во фебруари, репрезентативниот капитен Томе Пачовски пак застана на голот и во првото коло од новиот белгиски шампионат црвено-жолтите од Мехелен забележаа важна победа.

Крстески: „Се пронајдов во проектот на Пелистер„

ПО НАСТАПИТЕ ЗА ПОБЕДА И ВАРДАР, КРСТЕСКИ ПОТПИША И ЗА ТРЕТИОТ НАЈТРАДИЦИОНАЛЕН КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА
Искусниот прилепчанец Александар Крстески само што пристигна под Тумбе кафе, ги одигра првите минути за Пелистер. Тој во тандем со Менде Степановски ја сочинуваа централната одбранбена двојка во победата против Напредок од 2:0. Крстески објасни како дошло до соработката со битолскиот прволигаш: „Задоволство ми е што ќе го носам дресот на голем клуб како Пелистер.

26. 7. 2014.

Ристевски стартер како лев бек, бод за Славија во Пловдив

ВТОР МЕЧ ПО РЕД, РИСТЕВСКИ ИГРА ОДЛИЧНО И КАКО ЛЕВ БЕК ВО ДРЕСОТ НА СЛАВИЈА ОД СОФИЈА
Во еден од најинтересните мечеви од второто коло на бугарскиот фудбалски шампионат, Славија од Софија со Кире Ристевски кој настапи во текот на сите 90 минути, одигра 1:1 на гостувањето кај Локомотив во Пловдив.

Со победа против Напредок, пелистерци го „набилдаа„ моралот пред Вардар

И ВО ТРЕТИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР, ПОБЕДА ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
 
Пријателски меч

Пелистер - Напредок 2:0 (2:0)

Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 500
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Пеце Кичевски и Јовче Кокевски (сите од Битола)
Стрелци: Ристевски во 30 и Марковски во 45 минута за Пелистер
Жолти картони: Петковски, Анастасов и Крстевски (Пелистер) и Лазарески (Напредок)

25. 7. 2014.

Напредок тест за вредностите на новиот Пелистер

В САБОТА БИТОЛЧАНИ ПАК ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГО ГЛЕДААТ НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Првиот меч на новиот тренер на Пелистер, Марјан Секуловски ќе биде пријателскиот меч со Напредок в сабота од 17:30 часот под Тумбе кафе во Битола.

Двајца гвинејци на проба во Пелистер

ДАЛИ ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА ЗА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ЗАИГРААТ АФРИКАНЦИ?
Продолжува екипирањето на Пелистер по административните промени кои се случија деновиве. На денешниот тренинг под Тумбе кафе се појави двајца фудбалери од Гвинеја кои во наредните 7-8 дена ќе минат кратка проба во битолскиот клуб.

Крстески, нов фудбалер на Пелистер

ПЕЛИСТЕР ДОВЕДЕ ИСКУСЕН ОДБРАНБЕН ФУДБАЛЕР ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Искусниот 30 годишен одбранбен фудбалер Александар Крстески од денес е нов фудбалер на Пелистер. Дефанзивецот е дел од школата на Победа, а во еден период настапуваше и во Црна Гора. Крстески од денес ќе тренира со екипата и заедно со Менде Степановски и младите сили ќе ја предводи одбраната на битолчани.

24. 7. 2014.

Мирко Ивановски го смени клубот, но остана во Романија

ПО НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА СЕЗОНА, МИРКО ИВАНОВСКИ ЈА НАПУШТИ АСТРА И ЌЕ ИГРА ЗА КЛУЖ
И покрај интересот од неколку шпански екипи, македонскиот репрезентативец битолчанецот Мирко Ивановски одлучи да ја продолжи кариерата во таборот на поранешниот романски шампион Клуж.

Старо-нов претседател во ФК Пелистер

ВРАЌАЊЕ НА ДИМЧЕ ШЕРОВСКИ НА МЕСТОТО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Со оглед на новонастанатата ситуација ФК Пелистер мораше брзо да реагира и да ги спроведе долго највуваните промени. За нов претседател на клубот на наредната седница на бордот на директори ќе биде назначен Димче Шеровски, кој по две години се враќа на претседателската функција.

Секуловски денес ќе биде промовиран во нов тренер на Пелистер

ПЕЛИСТЕР ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ТРЕНЕР ЗА СЕЗОНАТА 2014/15
Марјан Секуловски од денес повторно ќе биде назначен за шеф на стручниот штаб на Пелистер. За младиот тренер тоа е трет почеток во неговиот матичен клуб како тренер, откако до сега два пати ја предводеше екипата и два пати започнувајќи го проектот од Втората лига, кој подоцна кулминираше со промоција во Првата лига и стабилизација.

23. 7. 2014.

Ден на целосни новини под Тумбе кафе: нов претседател, нов тренер, нов проект

ДОЛГООЧЕКУВАНИТЕ ПРОМЕНИ ВО БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ПОПЛАДНЕВО
Пелистер ги реши структуралните проблеми и иако со големо задоцнување од денес врти нова страница во својата историја. На само десет дена до почетокот на шампионатот, Пелистер ќе добие нов борд на директори кој ќе го води клубот во иднина.

22. 7. 2014.

Чешки противник за Пелистер во Челинџ Купот


СРЕЌАТА НЕ ГИ ПОМИЛУВА БИТОЛЧАНИ ВО ЖДРЕПКАТА ОД ВТОРОТО КОЛО НА ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Ракометарите на Пелистер кои по една сезона се враќаат во европските купови го дознаа името на својот противник во 2 коло на Челинџ Купот. Иако беа носители и имаа можност да добијат ривали од Косово, Луксембург, Грција и Италија, битолчани ја извлекоа традиционалната чешка екипа Дукла од Прага.

21. 7. 2014.

Зошто Аргентина 21 година е без сениорски трофеј?

КОМПЛЕТНА АНАЛИЗА, ЗОШТО И КАКО АРГЕНТИНА И 21 ГОДИНА ОД ПОСЛЕДНИОТ СЕНИОРСКИ ТРОФЕЈ И ПОКРАЈ ПЕТ МЛАДИНСКИ СВЕТСКИ ТИТУЛИ И ДВЕ ОЛИМПИСКИ ЗЛАТА Е БЕЗ СЕНИОРСКИ БЛЕСОК?
 
Пред дваесетина години дефиницијата за аргентинскиот фудбалер кој доаѓа во Европа беше фудбалер подготвен за било кој предизвик, позитивно фудбалски дрзок, тактичко-технички поткован, со еден збор - готов фудбалер.

„Алкалоид„ пак шампион, битолски „Стево Патако„ третопласиран

ОЧЕКУВАН РАСПЛЕТ ВО ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ ВО ШАХ ВО СТРУГА
Со убедлива победа шаховскиот клуб „Алкалоид“ каде настапува битолскиот велемајстор Влатко Богдановски и годинава ја освои шампионската титула во рамки на екипниот шампионат.

Работнички го претстави Марјан Алтипармаковски

МЛАДИОТ 23 ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ И ОФИЦИЈАЛНО ЧЛЕН НА РАБОТНИЧКИ
Битолчанецот Марјан Алтипармаковски е нов фудбалер на шампионот Работнички. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со „романтичарите“, но нема да може да му помогне на својот нов тим во Лигата на шампионите на реваншот против ХЈК Хелсинки.

Блескавата Оливера донесе мундијалска бронза и параолимписка виза Рио


СЕНЗАЦИОНАЛЕН ПОДВИГ НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА
Aктуелнaта параолимпискa шампионка од Лондон 2012 и светска рекордерка, битолчанката Оливера Наковска-Бикова, го освои бронзениот медал во дисциплината воздушен пиштол - 10 метри (П2) на Светското првенство во стрелаштво за инвалиди во Сул, Германија.

Менде Степановски се врати во Ренова

ЕДЕН ОД НАЈИСКУСНИТЕ ДЕФАНЗИВЦИ ВО ЛИГАТА, СЕ ВРАЌА ВО СИНО-БЕЛИОТ ДРЕС НА РЕНОВА
Иако се очекуваше да се врати во Пелистер со кого тренираше во претходните 2-3 недели, искусниот 31 годишен дефанзивец Менде Степановски се одлучи кариерата да ја продолжи во еден од своите бивши клубови, Ренова од Џебчиште.

20. 7. 2014.

Tоме Китановски од Крајова се сели во Вождовац

ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ МИНАТИ ВО РОМАНИЈА, БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР ЈА СМЕНИ СРЕДИНАТА
22 годишниот десен бек кој потекнува од школата на Пелистер, Томе Китановски по само една сезона го напушти новиот романски прволигаш Универзитатеа Крајова и потпиша за амбициозниот српски прволигаш Вождовац.

Александар Ристевски тренира со Пелистер и очекува потпис?

НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ ВО БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Младиот 22 годишен одбранбен фудбалер Александар Ристевски деновиве повторно тренира со матичниот клуб Пелистер и се очекува деновиве да го стави својот потпис на едногодишен договор со битолскиот прволигаш. Ристевски кој има едногодишно искуство во Првата лига во дресот на Пелистер, подоцна ги бранеше боите на Металург и Победа, а по операцијата сега е максимално подготвен и со полн интензитет тренира под Тумбе кафе.

19. 7. 2014.

Во колото на изненадувања, Славија со лесна почетна победа

ЗАПОЧНА НОВИОТ БУГАРСКИ ШАМПИОНАТ СО ОЧЕКУВАНА ПОБЕДА НА ЕКИПАТА НА БИТОЛЧАНЦОТ РИСТЕВСКИ
Во првото коло на новиот бугарски шампионат, Славија од Софија на македонскиот репрезентативец Кире Ристевски забележа убедлива победа против Марек со 4:1 (3:0). Ристевски ги одигра сите 90 минути на позиција лев бек, а уште во првиот дел домашната екипа го реши прашањето на победникот.

Надежите на Пелистер на силен турнир заедно со Партизан, ЦСКА Софија, Славија

СКОПЈЕ, ДОМАЌИН НА СИЛЕН ТУРНИР ЗА НАДЕЖИ НА КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА И БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Фудбалската федерација на Македонија и град Скопје организираат шестневен меѓународен фудбалски турнир во главниот град, „Скопје куп 2014“, на кој ќе учествува дел од југословенскиот крем, но и младинскиот погон на бугарскиот гигант ЦСКА Софија.

18. 7. 2014.

Скриената вистина за Антонио Конте!

СЛУЧАЈОТ КОЈ Е ТОП ТЕМА ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ ОВАА НЕДЕЛА - КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА РАЗДЕЛБАТА НА КОНТЕ СО ЈУВЕ?
Иако е несвојствено за било кој клуб, посебно не за гигант како Јувентус, да направи тренерска рокада на вториот ден на подготовките за новата сезона, ете и тоа се случи. Слично како Камачо во Реал пред преку десетина години, кога на наредбите на Флорентино одговори: „Благодарам многу, јас нема да бидам дел од оваа ваша игра„.

Пецаковски потпиша за Ал Васл во Дубаи

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОД МЕТАЛУРГ ПРОНАЈДЕ КЛУБ ВО ОАЕ
Репрезентативецот Дејан Пецаковски од идната сезона ќе игра ракомет во Дубаи и тоа во Ал Васл. Левиот бек на Металург спогодбено го завршил договорот со македонскиот шампион и побарал нова средина, затоа што извесно беше дека ќе има мала улога во плановите на Лино Червар.

Кирче Ристевски пред потпис со Нови Пазар

НА ПОВИДОК ТРАНСФЕР НА МЛАДИОТ БИТОЛЧАНЕЦ ВО СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Младиот битолчанец Кирче Ристевски кој е продукт на школата на Пелистер, а покрај за матичниот клуб настапуваше и за Победа, може да биде првиот македонец кој ќе настапува за српскиот прволигаш Нови Пазар.

16. 7. 2014.

Алтипармаковски се „пошегува„ со гипсарите

ВТОР МЕЧ И ВТОРА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Пријателски меч

Пелистер - Ренова 4:0 (3:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 100
Судија. Никола Магловски (Битола)
Стрелец: Алтипармаковски во 5 и 42, Ристевски во 23 и Вржовски во 84 минута за Пелистер

15. 7. 2014.

Како изгледа распоредот на Пелистер оваа сезона


ПЕЛИСТЕР ЈА ЗНАЕ ЕСЕНСКАТА И ДЕЛ ОД ПРОЛЕТНАТА АГЕНДА ВО ПРВАТА ЛИГА
Вчера се „роди„ календарот за новата фудбалска сезона и компјутерот веднаш ги исфрли паровите за две третини од шампионатот. Со оглед на новиот систем на натпреварување дури на 1 март ќе се знае понатамшниот тек на државниот шампионат во фудбал. Пелистер со сите скопски екипи најнапред игра во Битола, а потоа гостува во главниот град.

Браќата Степановски и Тодоровски потпишуваат оваа недела?

КЛУЧНА НЕДЕЛА ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ЗАСИЛУВАЊА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Со оглед на тоа што веќе десет дена тренираат со екипата, браќата Менде и Кире Степановски и Гоце Тодоровски деновиве треба и официјално да се вратат во својот матичен клуб.

14. 7. 2014.

Пелистер - Вардар на 3 август во Битола ја отвора новата сезона

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА И ЗА ПРВ ПАТ „ВЕЧНО ДЕРБИ„ НА СТАРТОТ
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе се соочи со вечниот ривал Пелистер во „дербито на Македонија“ уште на стартот на новата сезона во Првата лига во Битола, откако денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечено двојките за новата натпреварувачка сезона со десет прволигаши.

13. 7. 2014.

Пелистер подобар од Младост Царев двор во првиот тест


ПО ОСУМ ДЕНА ПОДГОТОВКИ, ПЕЛИСТЕР НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА
Пријателски меч:

Пелистер - Младост Царев двор 2:0 (1:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 300
Судија. Благојче Ралевски (Битола)
Стрелци: Миленковски во 29 и Алтипармаковски во 88 минута за Пелистер

12. 7. 2014.

Николај Христов потпиша за Брегалница

ФУДБАЛЕРОТ ЗА ВРСКА ОД БУГАРИЈА И НАТАМУ ЌЕ НАСТАПУВА ВО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ
Фудбалерот за врска Николај Христов како слободен фудбалер му пристапи на прволигашот Брегалница од Штип. Бугарскиот интернационалец кој одигра одлична сезона за битолски Пелистер, не го продолжи договорот со зелените од Битола и беше многу блиску до трансфер во Израел.

11. 7. 2014.

Меси + Нејмар + Суарез = ПРОБЛЕМ

НАЈСИЛНОТО НАПАЃАЧКО ТРИО НА МОДЕРНИОТ ФУДБАЛ ИЛИ НОВ ПРОБЛЕМ ЗА РЕНОВИРАНАТА БАРСА
Веста на денот, ако не и на летото на трансфери во светскиот фудбал официјализирана е денес. „Златната копачка„ на Европа, Луис Суарез ќе го предводи нападот на и така моќната Барса. Неверојатен медиумски оддек, трансфер на годината, па дури и најдобро трио на модерниот фудбал Меси - Нејмар - Суарез.

10. 7. 2014.

Сакаме А, а не Б светско првенство!

НА ДВА МЕЧА ДО КРАЈОТ НА НАСТАНОТ НА ГОДИНА, СКОРО НИКОМУ НЕ МУ Е ЖАЛ ШТО МУНДИЈАЛОТ ЗАВРШУВА
Полека зад нас го оставаме веројатно најлошото и најмалку квалитетното светско првенство во модерната ера. Можеби само мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година може да се парагонира со овој фудбалски ужас кој цел еден месеци ни креира лажни или скриени вредности, нерегуларности колку што сакаш, лоша организација, поднаместена и пилотирана ждрепка, нарачано лоша арбитража и слично.

Повредата на Брдаровски не е сериозна, наскоро им се враќа на тренинзите

ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ПЕЛИСТЕР ДОБРО МИНА ПО ПОВРЕДАТА НА СКОЧНИОТ ЗГЛОБ
На еден од последните тренинзи на битолските зелени, незгодно го повреди скочниот зглоб офанзивниот десен бек Владица Брдаровски. Дури и стручниот штаб и навивачите стравуваа дека се работи за сериозна повреда, но по магнетната резонанца утврдено е дека Брдаровски имал многу среќа и дека добро минал.

9. 7. 2014.

Без понуди за Пелистер по втор пат, клубот останува под општинска капа

НЕИЗВЕСНОСТ НАД ФК ПЕЛИСТЕР И ПО ВТОРИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОДАЖБА
Ниту во вториот предвиден рок на јавниот повик на општина Битола немаше ниту една писмена понуда за купување на клубот. Од Општина Битола стигна информација дека епилогот е ист како при првиот повик и покрај интересот и неколку разговори со потенцијални купувачи.

8. 7. 2014.

Пелистер и Општина Битола не се откажуваат од „Тумбе кафе„

БИТОЛЧААНИ ВЕРУВАТ ДЕКА ЌЕ ГИ САНИРААТ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА СТАДИОНОТ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Битолскиот прволигаш Пелистер не се откажува од својот стадион „Тумбе кафе“ и покрај тоа што со последната одлука на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на овој стадион не може да се игра прволигашки фудбал.

ФФМ го затвори „Тумбе кафе„

НА ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ПОЧЕТОКОТ НА НОВИОТ ШАМПИОНАТ, ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ТЕРЕН ЗА НАТПРЕВАРИ
Се отвора нов голем проблем за битолскиот фудбал и за ФК Пелистер. На Градскиот стадион во Тетово, каде како домаќини се јавуваат Шкендија и Ренова, на стадионот „Железарница“ во Автокоманда каде домаќин е Металург и на „Тумбе Кафе“ во Битола не може да се играат натпревари од Првата лига, утврди ФФМ согласно извештајот на Телото за инфраструктура.