Powered By Blogger

31. 5. 2013.

Математика може само да му наштети на Пелистер

ВТОРО КОЛО ПО РЕД ПЕЛИСТЕР МОРА ДА ПОБЕДИ И ДА ЧЕКА ПОЗИТИВЕН ИСХОД ОД ВТОРИОТ НАТПРЕВАР
Победата против Шкендија ги осоколи пелистерци дека можат работата околу опстанокот да ја завршат веќе в недела со победа против Напредок. Но работите не зависат од Пелистер по ремито на Дрита на теренот на Ренова. Затоа за опстанок на Пелистер сега му требаат три бода од мечот со кичевчани и помош од Шкендија на теренот во Боговиње.

30. 5. 2013.

Ристевски тешко повреден, загубен за подолг период

БЕЗ КАРИЗМАТИЧНИОТ КАПИТЕН, ПЕЛИСТЕР ЌЕ БРКА ОПСТАНОК В НЕДЕЛА ПРОТИВ НАПРЕДОК
Победата во Гостивар против Шкендија имаше горчлив вкус за пелистерци. Не само заради ремито на Дрита во Тетово со Ренова, со кое битолчани не зависат сами од себе на последниот меч, туку и заради тешката повреда на капитенот Ристевски.

29. 5. 2013.

Драгарски го продолжи сонот за директен опстанок

ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГОСТИВАР ЗА НЕДЕЖ И ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
Прва фудбалска лига - 32 коло

Шкендија - Пелистер 0:1 (0:1)

Со голот за на Христијан Драгарски во 45 минута, Пелистер славеше во Гостивар, каде Шкендија беше домаќин.

Убедлива победа на Пелистер во Куманово

ЛЕСНА, УБЕДЛИВА И ДВОЦИФРЕНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КУМАНОВО
Куманово - Пелистер 23:32 (10:16)

Судии: Сашо Кркачев Сашо и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Душко Камишевски (Скопје)

28. 5. 2013.

Димовски државен првак во тешка категорија

БИТОЛЧАНЕЦОТ ДИМОВСКИ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО КИК-БОКС ВО КАТЕГОРИЈА ПРЕКУ 91 КИЛОГРАМ
Кик боксинг федерацијата на Македонија во рамките на активностите според календарот за 2013 година во салата на „ОУ Круме Кепески„ во Скопје го одржа Државно првенство. Техничката  организација  беше на клубот „Бумар“. На шампионатот се натпреваруваа 68 спортисти од 18 клуба, во дисциплините и тежинските категории.

Пелистерци со низок профил, бркаат победа под Шара

БЕЗ ФАВОРИТСКА УЛОГА И ПОМПАЗНИ НАЈАВИ, БИТОЛЧАНИ СЕ НАДЕВААТ НА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК СО УСПЕХ ВО ТЕТОВО
Веќе од поодамна кога во Битола се најавуваше некој меч како меч на сезоната, или најважен дуел во овој период, фудбалерите не одговараа на предизвикот. Затоа сега без дополнителна пресија, Пелистер се обидува во мир да го подготви мечот со Шкендија и да не се надева премногу на чуда.

Малку од Ван Гал, малку од Хејнкес, малку од Замер...

КАКО БАЕРН СТРПЛИВО И ПЛАНСКИ ЈА ПОКОРИ ЦЕЛА ФУДБАЛСКА ЕВРОПА 
Одеднаш преку ноќ, една од најмалку комерцијалните екипи во Европа, една од екипите која има етикета на голем клуб веќе одамна, но не е медијатичка како екипите од латинскиот свет и Премиер лигата, стана екипа за која се интересираат сите.

27. 5. 2013.

Без математика за пелистерци во Тетово

НА ТЕРЕНОТ КАДЕ МНОГУ РЕТКО ПОЕНТИРАЛЕ, ПЕЛИСТЕРЦИ СЕГА ЌЕ МОРААТ ДА ПОБАРААТ БОДОВИ ЗА ОПСТАНОК
Минаа скоро десет дена од мечот со Ренова и последната победа во меч за бодови на битолски Пелистер. Во тој период наредниот ривал на зелените, тетовска Шкендија имаше тензични две продолженија од финалето на Купот против Тетекс.

26. 5. 2013.

Кугларите се вратија со сребро од мундијалот

СОКОЛОВСКИ И КОЛЕГИТЕ МУ ДОНЕСOA МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Машката кугларска репрезентација на Македонија освои сребрен медал на Светското првенство кое се одржува во Залаегерцег, Унгарија. По фантастичната победа над Србија и влезот во финалето, нашите куглари ги одмерија силите со домашната селекција на Унгарија и беа поразени, со 4012 наспроти 3809 соборени кегли.

25. 5. 2013.

Кога Купот вреди повеќе од првенството

Велат дека во модерниот фудбал во Европа има два начини на резонирање. Првиот е дека сите трофеи се со иста важност, трофеј си е трофеј. Но вториот резон е оној во кој повеќето веруваат. Денес постојат два големи трофеи: Европската титула од Лигата на шампионите и титулата од националните првенства (барем во најсилните 6-7 лиги) се единствените големи трофеи, а сите останати Купови, Лигата на Европа, Лига купови, Суперкупови се мали трофеи.

24. 5. 2013.

Скапо платена победа на Металург во Битола

ПОВРЕДАТА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ФРЛИ ВО ВТОР ПЛАН ЛЕСНАТА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ВО БИТОЛА
 Пелистер - Металург 20:34 (10:20)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат: Јован  Василев (Битола) 

20. 5. 2013.

По првенството и Купот за Шундовски и Ангеловски

НОВА ДВОЈНА КРУНА ЗА КОНСТАНЦА СО ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ КАКО ГЛАВНИ ПРОТАГОНИСТИ
Нов одличен резултат на македонската колонија во Романија. Неколку недели по освојувањето на првенството на оваа земја, Констанца на Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски на убедлив начин го освои и националниот Куп на оваа земја.

Четири бода во една недела за надеж

РЕМИТО ВО СКОПЈЕ СО ТЕТЕКС И ПОБЕДАТА НАД РЕНОВА ГИ ОСВЕЖУВА НАДЕЖИТЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЗА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК
Тетекс - Пелистер 0:0

На стадионот во Ѓорче Петров Тетекс и Пелистер одиграа досадни 0:0 во меч со мал број на зрели шанси. Домашната екипа беше подобар противник и преку Генц Исени во првиот дел имаше две големи шанси, но не беше расположен на целиот натпревар и не ја погоди целта. Пелистер беше претпазлив и ретко креираше можности за гол.

19. 5. 2013.

Никнаа нови тениски терени во Битола

ОТВОРЕНИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА БЕЛИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА

Денес заврши асфалтирањето на трите нови тениски терени кои се наоѓаат кај градскиот стадион под Тумбекафе.Проектот е на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт, финансиран од  Буџетот на Владата на Република Македонија и во висина од 11 милиони денари.

17. 5. 2013.

Очекувана победа на шампионот во Скопје

ОТПОР ОД САМО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ И ПОРАЗ ОД 16 РАЗЛИКА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АВТОКОМАНДА

Металург - Пелистер   35:19 (16:12)

Металург:
Станиќ (10 одбрани + 2 седмерци), Митревски (3 одбрани + седмерец), Левов 1, Димовски 6, Вугринец 1, Наумовски, Георгиевски, Маркоски, З.Мојсоски 2, Додер 5, Батиновиќ 3, Јоновски, Мандиќ 4, Алушовски 9, Коражија 4    
Седмерци: 2/5  
Исклучувања: 2 минути

Пелистер:
Нечков, Илиевски 1, Костовски 3, Ангеловски 7, Гаревски 1, Чурлевски 1, Најдовски, Тодоровски, Дрогришки 1, Димитровски 2, Кузмановски 3, Ивановски, Божиновски
Седмерци: 3/6  
 Исклучувања: 2 минути

Судии: Куртовиќ Цане и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Пред неколку дена се одигра заостанатиот натпревар од третото коло на македонската суперлига меѓу екипите на Металург и на Пелистер. Металург извојува рутинска победа, со резултат 35:19 (16:12).

16. 5. 2013.

Џудистите од Битола ја коваат стратегијата за Охрид

ЏК Пелистер домаќин на подготовките на надежите од целта држава за балканскиот шампионат во Охрид
Најдобрите млади џудисти и џудистки од Македонија, околу 30, во јуниорска и во кадетска конкуренција, деновиве во Битола ги завршуваат подготовките за претстојниот Балкански шампионат што викендов ќе се одржи во Охрид.

Надежите на Пелистер државни прваци

ВО БИТОЛА СО ДОМАШНА ПОБЕДА ЗАВРШИ РАКОМЕТНИОТ FINAL FOUR ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНЦИ
Младинските ракометари на Пелистер се шампиони во младинската лига на Македонија по фајнал-форот, кој се одржа во Битола, во спортската сала “Младост“. “Пелистерци“ со видно голем замор, поради тешката средба во полуфиналето против екипата на Текстилец, само поради фактот дека играа со повозрасни, се надминаа себеси во финалето против екипата на Вардар.

15. 5. 2013.

Ќе се појави ли новиот Лобановски?

Многумина мислат дека нашите повозрасни пријатели, родители или познаници од секогаш навивале за бившиот Советски сојуз, сега Русија и Украина, Динамо Киев или Зенит само заради симпатиите кон земјата, заради православната вероисповест, заради други надворешни влијанија. Но едно е непобитно точно. Советската фудбалска школа е една од првите и најдобро структуираните низ децениите на полупрофесионазација и целосната професионалност.

14. 5. 2013.

„Ресетиран„ Пелистер за гостувањето кај Тетекс

МОЖАТ ЛИ ЗЕЛЕНИТЕ ЗА САМО ТРИ ДЕНА ДА ГО ЗАБОРАВАТ КАТАСТРОФАЛНИОТ МЕЧ СО СИЛЕКС И ДА СЕ НАСОЧАТ НА МЕЧОТ СО ТЕТЕКС? 
Поразот од Силекс ги расипа сите можни планови, сите комбинации, сите математики на Пелистер. И сериозно го разниша моралот на зелените кои до тој момент се надеваа на опстанок без бараж. Сега во пресрет на мечот со Тетекс во Скопје, зелените не зависат сами од себе за својот финален пласман и пак имаат сериозни проблеми со составувањето на тимот.

13. 5. 2013.

Не сите бразилци знаат да играат самба

Кога сте професионален фудбалер од Бразил, а такви има неколку милиони, нивните сништа секогаш се сведуваат на едно - еден ден да го облечат жолто-синиот дрес на најфудбалската нација, да играат за Бразил макар 1-2 минути, да ја испеат химната, да се помолат, да го бакнат грбот на петкратниот светски првак.

12. 5. 2013.

Штипјани најдобри, битолчани добри организатори

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ОРГАНИЗИРАН ЕКИПНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОКС 
По три години љубителите на боксот во Битола имаа прилика да гледаат официјални боксерски натпревари, кои беа организирани од страна на боксерската федерација на Македонија, преку битолскиот боксерски клуб Бранител.

Ѓорѓиев се забавуваше под Тумбе кафе

ДЕБАКЛ НА ПЕЛИСТЕРЦИ И ИНВИДУАЛНО ШОУ НА НАПАЃАЧОТ ЃОРЃИЕВ КОЈ ПОСТИГНА ЧЕТИРИ ГОЛА ВО БИТОЛСКАТА МРЕЖА
Прва фудбалска лига - 29 - коло

Пелистер - Силекс 2:4 (1:2)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Александар Ставрев
Асистенти: Марјан Кировски и Душко Милошевски (сите од Скопје)
Делегат: Тони Донев (Валандово)
Стрелци: Ѓорѓиев во 18 од пенал, во 29 ,73 и 84 минута за Силекс, а Лескароски во 45 и Миленковски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Китановски, Ристевски, Димитровски (Пелистер), а Мијатовиќ, Иванов (Силекс)
Црвени картони: Т. Магловски во 29 минута за Пелистер

11. 5. 2013.

Французите „коваа злато„ под Алпите

 За некој кој не создал природен проект во својата земја и опкружување да направи голем исчекор, потребно е нечије влијание. Така светскиот фудбал има многу влијанија кои оставиле трага кај некоја нова фудбалска сила. Пред 25-30 години беше чудно да се видат така добри квалитетни афрички фудбалери какви што гледаме денес.

10. 5. 2013.

Нов почеток за пелистерци со Димов на клупата

СО СИЛЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ НЕМААТ ПРАВО НА ГРЕШКА АКО САКААТ ДА ГО ФАТАТ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ЗА ОПСТАНОКОТ
Минаа пет сезони од последниот шампионат во кој на клупата на Пелистер во текот на сите 33 коло седеше еден тренер. Тоа беше Неџат Хусеин во последната супер позитивна сезона на пелистерци, кога беа третопласирани и обезбедија место во Европа. Од тогаш турболентно се менуваа предводниците на „зелениот брод„ Пелистер го водеа Љамчевски, Мацков, Цветановски (како в.д. решение), пак Хусеин, Секуловски, Димов, Михајлов, Здравков.

Небеско-синото се врати во мода

Во една прилика големиот Ариго Саки ја објаснуваше италијанската филозифија на фудбалската игра. Неговата теза почнуваше многу подлабоко, многу повеќе од спортскиот фактор „Не е лесно да се смени идентитен и менталитет на една изградена нација. Нашиот начин на живот, нашата надворешна политика, нашиот национален став е дефанзивен, претпазлив. Па таков ни е и фудбалот. Со баланс, со организација, но дефанзивен„ велеше Саки.

9. 5. 2013.

Домаќинот најдобар во двете категории

ЗАВРШИ ЧЕТВРТИОТ МЕЃУНАРОДЕН ВЕЛИГДЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „БИТОЛА 2013“
Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола на 3 и 4 Мај во Битола се одржа 4. меѓународен Велигденски турнир „Битола 2013“ Натпреварите беа во две категории: момчиња родени 2000 г. и девојчиња родени 1998 г.

Паѓа проклетството на Бела Гутман?

Секој кој е, или бил спортист, кој се дружел со оваа категорија на луѓе, знае дека суеверноста е составен дел од нивното секојдневние, од нивните кариери. Од наједноставни, до најбизарни детали се случуваат во врвниот спорт како обид да се предизвика среќата или барем да не се испровоцира несреќата. Фудбалерите подеднакво како спортистите од инвидуалните спортови имаат свој ритуал. Најчести се броевите на дресовите, облекувањето на опремата дел по дел, излегувањето на тревникот со десна нога, редовното прекрстување, кинењето на парче трева. Еден мал милион детали. Ако Галијани не ја носи жолтата вратоврска, а Милан загуби, знаете кој и што ќе бидат виновни за поразот. Или времешниот Трапатони ако го заборави шишенцето со света вода, не може да се концентрира на водењето на екипата. Сигурно читавте дека Ливерпул станува европски првак, во годината кога умира папата. И уште многу примери, за кои знам дека повеќето од нас нема да поверуваат дека тоа се судбоносните детали за исходот. Или кога говориме за проколнувањето на Интер што толку долго чекаше на трофеи. На Интер на Морати му требаа преку 20 години откако го превзеде клубот да освои скудето, а Ливерпул се уште нема титула откако е формирана Премиер Лигата. Слабо планирале, лошо играле или се проколнати? Бабини деветини, ќе кажете. Но ако има приказна да верувате врз клетва, тоа е оваа. Знаете ли каков клуб е Бенфика? Митски клуб, клуб со историја, неверојатен третман во латинскиот свет, многу каризматичен. Впрочем кога еден клуб има преку 160.000 „сосиос„ нема повеќе што да се дискутира. Повеќе од Барса, од Реал, од Манчестер, од Билбао. И не е само култот. Тука се и титулите. Тука е една од првите повоени сили кои му застанаа на патот на Реал Мадрид на Дон Алфредо ди Стефано. Тоа е токму оваа Бенфика. Клубот кој секогаш домашните мечеви ги почнува со кругот на симболот на клубот, орелот, околу стадионот на светлоста „Ла Луж„ Клубот е формиран пред 109 години и во сите категории е најтрофејна португалска екипа. Во својата втора сезона во Купот на шампионите во сезоната 1960/61 година, Бенфика во потрага по првата европска титула ја водеше познатиот унгарски тренер Бела Гутман. Како фудбалер не се прослави. Играше во татковината и во Австрија. Но како тренер, беше гениј. Нешто како модерните тренери денес: Капело, Сер Алекс, Моурињо... Пред војната тренерскиот занает го коваше низ целиот континент, дури и во Јужна Америка. Виена, Ујпеж, Вашаш, Клонакул од Букурешт, Кишпешт, италијанските Падова, Милан, Виченца и Триестина, аргентинскиот Килмеш, па Хонвед, бразилскиот Сао Паоло и една сезона во Порто. Прав глобтротер. Минати големите воени и повоени фудбалски центри и тренерлукот и во тоа време беше надграден. На голема врата доаѓа во Бенфика во 1959 година на 60 годишна возраст. И со препорака, титула со Порто. Веднаш станува национален првак. И со одлична генерација главно од португалци и бразилци кои веднаш добија португалски пасош, ја напаѓа европската круна. Лесно, без мака Бенфика стигнува до полуфиналето со австриски Рапид таа сезона 1960/61 и слави со 3:0 на „Ла Луж„ што беше доволно за првото евро-финале. 
Прво, па машко за Гутман. Во Берн каде се играше финалето, сите го очекуваа Реал Мадрид, но дојде „унгарската сила„ на Барселона предводена од Кубала, Кочиш и Чибор, бразилецот Еваристо и златната топка за таа година Луис Суарез. Агуаш и Колуна го потпишаа првиот голем успех на португалскиот фудбал во Европа. Претходно Бенфика го освои латинскиот Куп со победата во финалето против Бордо (3:3 - 5:4 по продолжение), но Купот на шампионите беше нешто сосема друго. Гутман ја вгради својата филозифија и во историјата стана првиот европски првак кој не се вика Реал Мадрид. Дури и не инсистираше на многу засилувања. Обожаваше да работи со тоа што го има. И постојано, од сезона во сезона беше подобар. Наредната година го оствари најтешкото. Да ја потврди титулата. А „волци„ кои ја сакаа имаше многу повеќе од претходната сезона. Таа 1961/62 година Бенфика го доби фотофинишот на португалската лига со 4 бода предност пред Спортинг. Најзаслужен за потврдата на вредностите беше единствениот новајлија на кого Гутман инсистираше, бисерот од Африка Еузебио да Силва Фереира. Роден во Мозамбик, дојде на препорака на Хозе Бауер кој беше играч на Гутман во Сао Паоло и кој го забележал Еузебио на турнеа на неговиот клуб. Легендата говори дека договорот за Еузебио бил направен во берберница. Со 19 годишното изненадување Бенфика јуришаше кон потврда на квалитетот од Берн. Лесно со Австрија Виена и Нирнберг, Бенфика стигна во големата четворка, каде ја чекаше Тотенхем. Благодарние на вториот бисер од Мозамбик, Марио Колуна со севкупни 3:2 е обезбедено финалето на Олимпискиот стадион во Амстердам. И тоа беше финале на единствените освојувачи на европската круна, Бенфика и Реал Мадрид. Кавем, Касадо и Еузебио го свртеа резултатот и по 0:1, 1:2 и 2:3, Бенфика го доби финалето против Ди Стефано, Пушкаш кој блескаше таа вечер и останатите со 5:3. Европа имаше нов владател и нов чудотворец - Бела Гутман. Сите зборуваа за унгарецот. Имаше мудар израз, малку коса, многу памет, најчесто носеше капа, импулсивен, веројатно од италијанското искуство. Едноставно перфектен микс за една екипа полна со талент и глад. Гутман стана би-кампеон. И на никој не му беше грижа што наредната година Спротинг беше првак, а Бенфика само трета. Гутман имаше кредит колку што сака. 
Но имаше и струи против него. Па Бенфика е голема институција. Од сите страни некоја нова идеа, некој нов лик. А во времето на мед и млеко, на Гутман му се должеа многу пари. И плус премиите за европските круни. Унгарецот исфорсира преговори за нов договор, на кој виде дека не го ценат направеното. Веднаш експлодираше и како непоразен ервопски првак, во рајот на кариерата, остави се зад себе и замина во Уругвај да го води исто така митскиот Пењарол. Но пред да замине, според сведоштвата, силно ја удрил вратата на претседателот и ја изрекол клетвата на столетието. „Без мене никогаш повеќе нема да освоите европско финале„ Некои тврдат дека Бела рекол „100 години ништо да не освоите„ Но тоа во тој момент никој не го сватил сериозно. Унгарецот заминал за Јужна Америка, а насловните страни сега ги полнеше „црниот пантер„ Еузебио. Една од ретките звезди на континентот во тој момент кој не играше во Шпанија, во Реал или Барса. Наредното лето чилеанскиот тренер Фернандо Риера прелесно стигна до финалето на Вембли. Без пораз, со егзибиции на Еузебио против Норчепинг, Дукла и Феенорд „црвените„ дојдоа на островот како фаворити против Милан на Нерео Роко. Иако Еузебио отвори по само 18 минути, Џани Ривера „режираше„ а бразилец Жозе Алтафини со два гола ја донесе првата европска круна за италијанците и ја прекина хегемонијата на Бенфика. За клетвата на Гутман никој не зборуваше. Лош ден, лоша среќа, премногу талент кај росонерите, беа најчестите изговори. Тимот на Риера наредната година доживеа бродолом во Дортмунд (5:0) и по три години не играше финале. Но ло летото 1964 година се врати на завршниот натпревар и тоа на „Сан Сиро„ во Милано. Го прегазија Реал Мадрид со 5:1 во Лисабон, го елиминираа и Вашаш и дојде ред за одмазда врз италијанците. Но на спротивната страна не беше Милан на Роко, туку Интер на Анџело Морати и Хеленио Херера. А противник не беше тоа што Интер играше дома, на ридчето на излезот од Милано, туку дождот кој како од кабел лиеше таа вечер. Повредата на голманот Карлос Переира, го принуди бекот Германо да застане на голот (во тоа време немаше замени) и цело второ полувреме Бенфика играше со 10 фудбалери. Жаир пред одморот по втор пат ја порази Бенфика во финалните мечеви. И пак кобни беа италијанците од Ломбрадија или можеби клетвата на еден унгарец роден во Будимпешта, во Австро-Унгарија. 
Од клубот со кој гордееше цела Португалија, но сега со новата управа, знаеа дека мораа да го молат Гутман да се врати, да го добие своето и да ја тргне клетвата. По Уругвај и Австрија, Бела Гутман се врати во Бенфика, но не наиде на истите фаци. Барем не на тие на кои им ја фрли клетвата. Тука беа Еузебио, Колуна, но тие не му беа виновни и пред четири-пет години. Враќањето на местото на настанот, не донесе ништо добро. Генерацијата старееше, дојде до сомнеж во квалитетите на некои асови. На мала врата Гутман замина во Сервет, но од клетвата ниту збор, ниту прошка. Во мај 1967 година Бенфика доаѓа во своето петто европско финале. Повеќе имаа само „кралевите„ од Мадрид. А Бенфика ја имаше и „златната топка„ од 1965 година - Еузебио. Враќање на „Вембли„ и како со Интер пак на теренот на противникот. Не беше на „Олд Трафорд„ но бебињата на Безби од Манчестер беа како дома. Чарлтон и Грака беа стрелци на конечните 1:1, за првото продолжение на едно евро-финале. Бест, Брајан Кид и легендарниот Боби Чарлтон пред 92.225 гледачи по трет пат ја урнаа Бенфика. Сега веќе тимот со кој се гордееше континентот, стана губитник. Ерата на пет финалиња во осум години, на две европски круни на Бенфика на Еузебио и Гутман заврши. Ниту дома Бенфика веќе не доминираше. На Гутман заборавија сите. Дури и навивачите, и „сосиос„ На 28 август 1981 година во својата 82 година Гутман почина. После Сервет, ги водеше и Панатинаикос, Австрија Виена и Порто - последен пат во 1972 година. На погребот во Виена беа Еузебио и Колуна. Знаеа дека без Гутман, можеби никој никогаш немаше да слушне за нив. „Црниот пантер„ стана почесен претседател на Бенфика и чекаше и чекаше нова шанса, нова генерација, ново финале. Две години по смрта на Гутман, дојде нова шанса. Сега во Купот на УЕФА и тоа во двомеч. Противник беше белгискиот Андерлехт, а првиот меч на познатиот „Хејсел„  Бенфика имаше надежен тим, воден од Свен Геран Ериксен. Десет португалци и Зоран Филиповиќ загубија на гости со 1:0 со голот на Брил во 29 минута. 80.000 луѓе на „Ла Луж„ не ги исплашија Перузовиќ, Веркаутерен, Мортен Олсен. На голот на Шеу во 32 минута, реплицираше шпанецот Хуан Лозано и титулата од најмасовниот Куп замина за Белгија. Веќе алармантни станаа четири евро-порази по клетвата на Гутман. 
Пет години подоцна Европа виде нов бран на португалската фудбалска магија. Порто со Маџер само што блеснал до првата круна, Бенфика брзо направи супер-тим. Екипата која ја селектираше тренерот Тони ги имаше бразилците Карлос Мозер, Елзо, Чикињо Карлос и швеѓанецот Маркусен. И уште четири-пет стартери од финалето со Андерлехт. На „Некер„ во Штудгарт како и ПСВ Ајндховен на Гус Хидинк, Бенфика стигна изненадувачки, но заслужено. Реваншот врз Андерлехт беше извршен во четвртфиналето, а Стеауа падна на предпоследната пречка. А последната беа Ван Брукелен, Куман, Герец, Вим Кифт. Во едно од најдосадните финалиња, за прв пат немаше голови во меч за европската круна. Ни по 120 минути. Велосо беше единствен кој промаши пенал од 12 изведувачи и ПСВ беше во кожата на Милан, Интер, Манчестер, Андерлехт. Пет врзани порази и нова табу-тема за „орлите„ - како да се победи во финале? Но животот секогаш нуди нова шанса. Па поразот по пенал рулет, колку и да беше болен, по тоа лошо одиграно финале брзо и се заборави. Дојде шестото финале без Бела Гутман. И тоа во градот каде што беше неговото вечно почивалиште. Во Виена, на митскиот „Пратер„ во годината кога стадионот го добиваше името по Ернст Хапел. Пред тоа финале Еузебио однесе цвеќе на гробот на Гутман да му оддаде почит и да побара прошка, да се тргне клетвата пред ова големо финале. Едно од првите со Лигата на шампионуте после групна фаза. Тајфунот кој доаѓаше од Италија имаше холандска фантазија. Милан на Саки, со цела италијански репрезентација и триото од Холандија. Но И Бенфика имаше свои адути. Откако го елиминира Олимпик Марсеј на Бернард Тапи и на Милан му го спречи задоволството за одмазда врз французите за минхенскиот пораз, следеше изедначено финале. Шведскиот учител Свен Геран Ериксен во две години ја реконструираше екипата на Тони од финалето во Штудгарт. Валдо, Рикардо Гомеш и Алдаир беа новите бразилци. Дојде и Јонас Терн, одличен беше Пачеко. Но Милан беше пресилен. Во 68 минута Рајкард го постигна единствениот гол и како во шеесеттите Бенфика, сега Милан создаде хегемонија. А „црвените„ загубија и шесто финале. Единствениот трофеј кој го подигна подалеку од Португалија од 1962 година до денес, за Бенфика е Ибериа Купот во 1983 година. Во полуофицијалниот турнир на прваците на Португалија и Шпанија, совладан беше Атлетик Билбао со 3:1 и 1:2. Дури и во домашната лига Бенфика не можеше прва да ја мине целта. По заминувањето на Ериксон, минаа скоро десет години, пред со Трапатони Бенфика да ја освои португалската лига. 
Доаѓањето на Жорж Жесус на клупата од Брага во 2009 година ја врати старата слава на двократниот првак. Но во 2011 година, полуфиналниот пораз од Брага на Домингаш Пасиенсија во Лига Европа, го спречи португалското финале во Даблин со Порто на Андре Виљаш Боаш.

8. 5. 2013.

Амиго, Дон Алфредо е број 1 и точка...

Веројатно откако постои светот, откако постои оваа прекрасна игра се водела вечната полемика. Пеле или Марадона. Или можеби Кројф, тука е Меси, да не го заборавиме Ди Стефано. Ами Зидан? И уште Роналдо, Платини. Кајзер Франц и Пушкаш и уште мал милион дилеми. Кој е најдобриот?

7. 5. 2013.

Здравков не е веќе тренер на Пелистер, повторно Миле Димов на кормилото на битолчани

САМО ДЕСЕТИНА НАТПРЕВАРИ ВО ШАМПИОНАТОТ СО ЗДРАВКОВ И ПЕЛИСТЕР ПАК ГО МЕНУВА ТРЕНЕРОТ
 Гордан Здравков не е веќе тренер на фудбалскиот клуб Пелистер, а на клупата се враќа спортскиот директор Миле Димов, кој еднаш оваа сезона веќе беше в.д.тренер, кога си замина Горазд Михајлов.

Стариот морнар и натаму ги дрибла брановите и пиратите

Замислете си истата оваа фудбалска мапа да беше пред 20 години. Пред босмановото правило. Пред скоро цела Европа да стане една држава. Замислете сеуште да постоеше правилото на три странци во секоја екипа. Да се играа со истата страст сите три европски купа, а не вака два, и тоа едниот преценен, а другиот потценет Куп, а третиот го нема.

6. 5. 2013.

Џандари, плавуши и Интер...

Помина 5 мај, датумот кој сите интеристи сакаат да го нема во календарот. Мина денот кој ако можат да го заборават сите сино-црни, би платиле, само некои детали од историјата да не се случеа. Но Интер како на сите да ни стана некако близок. Дали заради Панчев, дали заради Пандев, дали заради тоа што некако сите долго време го сожалувавме „бродот„ на Морати кој долго време пловеше низ немирно море.

5. 5. 2013.

Јуве, па Милан и сите други со брзина на желката

Со оглед на тоа што Дарко Панчев во Серие А играше само 19 натпревари (а како играше, можеби и ги гледал повеќето средби од најдобро место), а Пандев со преку 300 натпревари повеќе бил актер на тревникот, одколку гледач, можам да се самопрогласам како повеќе од компетентен да говорам за ова првенство.

Дрита го повлече Пелистер во бараж

Победа на фудбалерките и пораз на битолските фудбалери за време на велигденскиот викенд
Прва фудбалска лига - 28 - коло


Дрита - Пелистер 2:0 (1:0)

Нов тежок удар за амбициите на Пелистер да опстан во Првата лига без настап во баражот. По победата над Вардар, веќе трет меч екипата на Здравков не може да се препознае. За прв пат во историјата загуби од Дрита и тоа резултатски глатко.

Думевски во потесен круг за титулата

Во Прилеп одржан првиот турнир во билјард во дисциплината ’8-ка’. Битолчанецот Думевски меѓу водечките
Минатиот викенд во Прилеп се одржа првиот турнир во дисциплината 8-ка, од првото државно првенство во билјард во Македонија.  Ова е прв пат да се организира натпреварување од овој вид, во четири дисциплини и со траење до февруари следната година.

Нова мала победа за битолскиот апорт, овој пат во крос

Велигденскиот крос во Скопје во знакот на битолските таленти во сите конкуренции
На седмиот по ред велигденски крос кој се одржа во главниот град на кејот на реката Вардар, екипата од Битола ја потврди доминацијата која и до сега ја имаше на ова натпреварување. Битолските ученици од основно и средно училиште го освоија големиот пехар за успесите во екипна конкуренција во основно и средно образование.

4. 5. 2013.

Порто одамна го покажа патот...


Малкумина го познаваат Хозе Нуно Пинто да Кошта. Сите некако како аосцијација за Порто ги спомнуваат Моурињо, Деко, Виљаш Боаш, Фалкао, Маџер, Витор Баиа, Хулк и уште многу, многу други. Но се во овој клуб со рапиден развој од просечен во голем клуб се врти околу овој човек, околу Да Кошта. Ретко кој друг претседател владее толку долго. Можеби само Берлускони.

3. 5. 2013.

Директен дуел за опстанок во Боговиње

И ДРИТА И ПЕЛИСТЕР НЕ СМЕАТ ДА ЗАГУБАТ ВО МЕЃУСЕБНИОТ МЕЧ ОД 28 КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
Ниту денес по последниот тренинг одржан во утринските часови, не се познати единаесетмината со кои Пелистер ќе истрча во Боговиње во обид да им се врати на победите. Дилеми има во одбранбениот и средниот ред, а обидите да се оспособи Тони Вељановски најверојатно ќе бидат неуспешни. Нема да се ризикува со дефанзивецот, кој многу веројатно заедно со пожолтениот Лескароски нема да патува за Боговиње. Тони Магловски, Александар Вељановски, Филип Миленковски и Адријан Кекец кандидираат за стартно место во споредба со последните два-три меча. Во нападот работите се нешто појасни, но од шпиц играчите оваа пролет дојдоа само два гола, на Димитровски со Силекс и на Христов со Хоризонт Турново.
                „Јас сум подготвен по незгодната повреда заради која не настапував еден месец. За нас секој меч до крајот на првенството е финале и како такво го сваќаме и ова гостување на теренот на Дрита. Ниту противникот не е во оптимална позиција и затоа притисокот го префрламе кај нив. Тие се во ситуација повеќе да стравуваат за опстанокот во лигата„ ни рече Александар Вељановски кој по подолго време кандидира за место во средниот ред. Пелистер никогаш во својата историја не загубил официјален меч од Дрита и со таа ведрина помогната од статистиката патува во Боговиње.  

Факторот Мино Рајола...

Некогаш пред 20-30 години скоро никој не знаеше како се викаат менаџерите, агентите на професионалните фудбалери. Не дека не биле важни, но секогаш нивната работа била далеку од очите на јавноста. Далеку од медиумите, далеку од кулоарите. Денес таа категорија е најпривилегована. Тоа се звездите, без нив не се може. Кога ќе анализирам колку значат денес во професионалниот фудбал, не знам што барам во седмата сила.

Во Боговиње по бодови

ПЕЛИСТЕР ПОДОБРО СЕ НОСИ СО УЛОГАТА НА АУТСАЈДЕР, НО ВО БОГОВИЊЕ НЕ СЕ КРИЕ ВО ПОТРАГАТА ПО БОДОВИ
Мирна фудбалска недела минуваат пелистерци во подготовката за велигденското коло и директниот дуел за опстанок со Дрита во Боговиње. Како да сакаат да ја префрлат улогата на фаворит на другата страна, бидејќи во таква ситуација зелените подобро се снаоѓаат. А мечевите  на големиот православен празник Велигден им лежат на битолчани.

2. 5. 2013.

Германците се вистинскиот тип

Се сеќавам на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Од никаде само со две вистински звезди, но прави лидери на теренот Оливер Кан и Михаел Балак, Германија дојде до финале, водена добро од Руди Фелер и ако не беа бразилските инвидуалци, можеше и до титулата. А тие беа неталентирани и не срамеа тоа да го кажат. Бидејќи останатите беа Рамелов, Линке, Мецелдер, Хаман, Јеремис, Боде, Фрингс, Шнајдер, Новил и сличен калибар.

1. 5. 2013.

Каде исчезна вистинскиот Пелистер?

ПОСЛЕДНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НЕ ЛИЧЕА НА РАЗИГРАНИОТ ПЕЛИСТЕР ОВАА ПРОЛЕТ. КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ЗА ПАДОТ НА ЗЕЛЕНИТЕ?
Во стилот топло-ладно битолските зелени играа цела есен. Пролетта започна ветувачки со долга позитивна серија и со игрите и со резултатите. Но загрижува дисконтинуитетот, драстично полошите партии на домашен терен, а и последните две партии со Брегалница и Работнички. Уште почудно е што Пелистер од првото и второто полувреме на националната арена „Филип втори„ беше сосема друга екипа.

Жозе Моурињо?....Не, благодарам

Веќе подолго време ми се плетка низ компјутерот еден сосема поинаков коментар, една теза која во главата ја имам од пред три години кога се случи злогласениот трансфер. Но добро, денес е денот. Денес е вистинскиот момент да замине во етер. Затоа што судено беше да биде баш така. Затоа што бракот Моурињо - Реал Мадрид однапред беше предодреден да неуспее.