Powered By Blogger

8. 10. 2014.

ВИДЕО: Ристевски: „Приказната Лудогорец не мотивираше да инвестираме во Пелистер„

ДОЛГО ОЧЕКУВАНАТА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ СОПСТВЕНИК НА ПЕЛИСТЕР ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА ДЕНЕС ВО РЕСТОРАНОТ „БЕЛВЕДЕРЕ„
Денес беше официјализиран договорот кој беше потпишан пред девет дена помеѓу Општина Битола и новиот доминантен сопственик на ФК Пелистер, битолската компанија Цермат. На прес конференција беше обелоденeто дека годишниот клубски буџет ќе изнесува 520.000 евра кој во наредните четири години ќе го обезбедат новиот доминантен сопственик (390.000 евра) и општина Битола (130.000 евра)
„ Не очекувајте дека утре се ќе решиме. Ние ќе се потрудиме постепено само со работа да постигнеме високи резултати. Младите се крвотокот и ние големо внимание ќе посветиме на младинската школа. Сигурно дека многу низ значи и подршката од градот и од навивачите. Тие се секогаш наш 12 играч. Ние сме деталисти во нашата компанија. Сакавме се да договориме пред да излеземе со информација дека ја завршивме постапката со купување на клубот. Сите ја знаеме убавата приказна Лудогорец. Тоа треба да ни биде инспирација и нам за успешно да се развиваме" рече сопственикот на Цермат, Зоран Ристевски
Тој потенцираше дека наредната година се навршуваат 70 години од постоењето на клубот и како клуб со голема традиција Пелистер заслужува ваков скок во својата историја. Битолчани со голем интерес го дочекаа денешното промовирање, а градоначалникот Талески потенцираше дека ова е историски ден за спортот во градот: „Знаете колку ни значи професионалниот спорт и ова е само почеток. Наскоро пак ќе се видиме и ќе официјализираме промени и во другите спортови. Но фудбалот ни беше голема грижа и со месеци внимававме на секој детал како би ја избрале најдобрата понуда. Иако имаше и други комбинации, горди сме што клубот заврши во рацете на проверена и успешна битолска компанија. Овој нивни чекор верувам дека ќе повлече многу други инвеститори во сите битолски клубови и спортови„ оптимист беше Талески. Фудбалерите им се заблагодарија на луѓето кои до сега го водеа клубот и од утре продолжуваат со работа во перспектива на мечот со Хоризонт Турново на 18 октомври. На коктелот по официјализацијата учествуваа и претставници на две фудбалско-менаџерски агенции од соседна Србија кои потесно ќе соработуваат со Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар