Powered By Blogger

30. 6. 2013.

Георгиев најдобар натпреварувач на турнирот

ВО БИТОЛА ПРЕД ГОЛЕМ АУДИТОРИУМ, ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „ЉУПЧО НЕДЕЛКОВСКИ„
Овој викенд во спортската сала „Младост„ во Битола се одржа четвртиот меморијален турнир „Љупчо Неделковски„ во организација на кик-боксинг федерацијата на Македонија и КК Самурај од Битола. Пред повеќе од 2000 љубители на овој спорт, кој во нашата земја е во голем прогрес, близу два часа љубителите на кик-боксот видоа седум одлични борби и многу добри резултати на македонските кик-боксери.

Пелистер „пикира„ фудбалери од средниот ред

СО КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ОДБРАНАТА И НАПАДОТ, НА ПЕЛИСТЕРЦИ МУ НЕДОСТИГААТ НАЈМАЛКУ ДВА ФУДБАЛЕРИ ОД РЕДОТ ЗА ВРСКА
Од утре фудбалерите на Пелистер ќе тренираат два пати дневно се до четврток кога Бочевски ќе им го додели првиот слободен ден, пред заминувањето за Бугарија и првиот контролен натпревар со Литекс. Во групата тренираат 28 фудбалери, меѓу кои и многу млади надежи.

Чурлевски меѓу Либија и Македонија

БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН ТРЕНЕР ПО НЕПОЛНА ПОЛОВИНА ГОДИНА ПАК Е ВО ТАТКОВИНАТА ПО ПРЕДИЗВИКОТ ВО ДАЛЕЧНАТА ЛИБИЈА
По пет месеци минати во далечната Либија, битолскиот ракометен тренер Боро Чурлевски се наоѓа на заслужен одмор во родниот град и на раскрсница пред продолжувањето на кариерата. Имено заради Рамазан е пауза во шампионатот на Либија, а неизвесно е дали и кога ќе почнат официјалните натпревари на неговата екипа Ал Џазира.

28. 6. 2013.

Тргна новата „зелена машина„ под Тумбе кафе

ЗАПОЧНАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ НА ФК ПЕЛИСТЕР СО НОВИНИ ВО СИТЕ СТРУКТУРИ НА КЛУБОТ
Според планот, денес попладне на стадионот под Тумбе кафе, Пелистер ги започна подготовките за новата сезона. Прозиваше бившата легенда на битолскиот клуб Драган Бочевски, кој ќе ја има одговорната задача да го врати Пелистер во врвот на македонскиот фудбал. Охриѓанецот видно задоволен за враќањето во Пелистер најави сезона на стабилизирање и успеси:

27. 6. 2013.

Димитровски ги „закачи копачките на клин„

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УТРЕШНАТА ПРОМОЦИЈА, ВО БИТОЛА ПОЗНАТ СТРУЧНИОТ ШТАБ И ЗАМИНУВАЊАТА
Голот во Кичево против Скопје во баражот за опстанок во Првата лига, беше последен во богатата кариера на Драган Димитровски. 36 годишниот напаѓач по долго размислување одлучи да ги „закачи копачките на клин„ со преку 200 официјални гола во кариерата, од кои 110 во дресот на Пелистер само во Првата лига.

26. 6. 2013.

ОФИЦИЈАЛНО: Драган Бочески, нов тренер на Пелистер

ШПЕКУЛАЦИИТЕ ПОТВРДЕНИ - ПЕЛИСТЕР ГО НАЗНАЧИ БОЧЕВСКИ ЗА СВОЈ НОВ ТРЕНЕР ВО НАРЕДНАТА СЕЗОНА
Охриѓанецот Драган Бочевски од денес е наименуван за нов шеф на стручниот штаб на битолски Пелистер. Бившиот фудбалер на оваа екипа доаѓа од тренерската позиција во Напредок, каде долго време ги водеше кичевчани.

В петок Пелистер ги „отвора картите„

СО ИЗМЕНИ ВО СИТЕ СВОИ СТРУКТУРИ, ПЕЛИСТЕР ВО ПЕТОК ЌЕ ГО ОБЕЛОДЕНИ СВОЈОТ НОВ ПРОЕКТ
Наместо денес, Пелистер стартот на подготовките го одложи за в петок попладне кога треба да биде презентиран проектот со кој екипата ќе се обиде да го поправи 10 место од првенството, кое официјално заврши пред неколку недели. Административните детали за влез на нов капитал во клубот беа единствената пречка заради која прозивката ќе се случи во петок.

23. 6. 2013.

МК Мотостарс организираше перфектен шампионат во мотокрос

НА ПАТЕКАТА КРАЈ СМОЛЕВО СЕ ОДРЖА ОТВОРЕНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО МОТОКРОС
Во организација на мотоциклистичката федерација на Македонија, МК Мотостартс од Битола и генералниот спонзор „Цермат„ минатиот викенд на патеката во Смолево се одржа државниот шампионат на Македонија во мото-крос, кој се бодува за титулата првак на Македонија.

КК Младост ја освојува и Барселона

КК „МЛАДОСТ“ НА ТУРНИР ВО БАРСЕЛОНА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА
Младите кошаркари и кошаркарки на „Младост“ од 28 до 30 јуни оваа година ќе учествуваат на третиот меѓународен турнир „Барселона Куп 2013“ на кој што ќе учествуваат 36 екипи во повеќе категории. Нашиот клуб ќе настапи во три категории: момчиња родени 1999/2000, девојчиња родени 1999/2000 и „Микс“-момчиња и девојчиња родени 2001/2002.

22. 6. 2013.

Шампионат на Македонија во мотокрос на патеката на Смолево крај Битола

ОВОЈ ВИКЕНД НАЈДОБРИТЕ МОТОЦИКЛИСТИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И СОСЕДНИТЕ ВО БИТОЛА
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Мотостарс од Битола утре на патеката Смолево крај Битола ќе се одржи третиот натпревар од шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.

19. 6. 2013.

Пелистер пред нов почеток

КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ИСЧЕКУВАЊЕ, НО СЕГА И ОПТИМИЗАМ ДЕКА ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДОБИЕ НОВ СПОНЗОР, ТРЕНЕР И ЗАСИЛУВАЊА
Само една недела по обезбедувањето на опстанокот во Првата лига, Пелистер врти нов лист и почнува од почеток. Во наредните денови треба да се официјализира нов капитал во клубот, па откако ќе заврши вообичаената процедура клубот ќе ги официјализира своите планови. До тогаш очекувањата се дека Пелистер ќе успее што е можно побрзо да се стабилизира и да го почне нормалниот процес на создавање на тимот.

18. 6. 2013.

Во Битола отворен силен јуниорски турнир во тенис

ТК БИТОЛА ОРГАНИЗАТОР НА ПРЕСТИЖЕН ТУРНИР ВО ЈУНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА
На тениските терени на Тенискиот клуб Битола, кои се наоѓаат во Градскиот парк, свечено беше отворено петтото јуниорско првенство во тенис, во организација на ТК Битола На овој меѓународен тениски турнир, кој ние по петти пат го организираме имаме околу шеесетина тенисери во јуниорска конкуренција од единаесет држави.

Алушовски: „Важно ми е да ме паметиме како човек„

БИТОЛЧАНЕЦОТ ВО 42 ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ ЈА ЗАВРШИ БОГАТАТА РАКОМЕТНА КАРИЕРА
Победата над Португалија нашите ракометари добро ја прославија и не го заборавија човекот кој го задолжи македонскиот ракомет, а во неделата го одигра последниот натпревар - Стевче Алушовски. Колегите скандираа да остане, но битолчанецот веќе ја донел оваа одлука.

17. 6. 2013.

Ако го искористите максимално квалитетот, пак можете да изненадите

ОТВОРЕНО СО ЖЕЉКО ОБРАДОВИЌ ЗА НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ ВО ОХРИД, ЗА МАК-КОШАРКАТА, ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ И ОСТАНАТИТЕ КОШАРКАРСКИ ТЕМИ
Кошарката овие денови во Македонија имаше друго име. Кошарката овој викенд во Охрид и Струга беше се за и околу Желимир Обрадовиќ. Секој негов чекор, секое движење, совет, секој збор од неколку часовните предавања сите го впиваа со внимание и воодушевување.

Ангеловски ќе ја заврши кариерата во Констанца

36 ГОДИШНИОТ РАКОМЕТАР ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР ДОЛГО ВРЕМЕ Е ВО СТРАНСТВО И ТАМУ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ БОГАТАТА КАРИЕРА
 Искусниот битолски ракометен интернационалец Бранислав Ангеловски планира да игра уште една сезона во Констанца. Но, планот му го наруши раководството на романскиот првак, кој инсистира тој наместо една да остане во нивните редови уште две сезони. Тоа веројатно ќе биде и неговиот последен клуб во кариерата, по што ќе замине во пензија.

16. 6. 2013.

Сите сакаат нешто да научат од Обрадовиќ

КФМ организираше семинар на кошаркарски тренери, а сите битолски тренери не го пропуштија гостувањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ денеска ја стартуваше „Тренерската клиника“ која во организација на КФМ, а како дел од официјалниот календар на ФИБА и ИОК, минатиот викенд се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

13. 6. 2013.

Димитровски му донесе триумф на Пелистер за нова прволигашка сезона

ПЕЛИСТЕР ОСТАНУВА ПРВОЛИГАШ И ВО ВТОРИОТ БАРАЖ МЕЧ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА И ПАК СО ГОЛ НА ТАЛИСМАНОТ ДИМИТРОВСКИ
Прва фудбалска лига - бараж натпревар

Пелистер - Скопје 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер го победи со 1:0 составот на Скопје и бараж мечот што попладнево се одигра на градскиот стадион во Кичево го реши во своја корист, за нова прволигашка сезона на битолските зелени. Голот на одлука го постигна ветеранот Драганчо Димитровски, кој во 67 минута со манир на расен стрелец ја затресе мрежата на Скопје и тоа беше вистинска експлозија на радост меѓу многубројните битолски навивачи.

12. 6. 2013.

Шундовски би можел да стане селектор на Романија

ПО ДВОЈНАТА КРУНА СО КОНСТАНЦА, БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СТРУЧЊАК НА ЦЕНА ВО РОМАНИЈА
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Звонко Шундовски, би можел да го замени, Елиодор Воика, на тренерското столче на романската селекција, откако романците не изборија пласман на Европското првенство во 2014 година Точно е дека има некои најави, во клубот веќе имало разговор дали тие би дозволиле да работам и како селектор. Таквите најави постоеја уште кога го освоив Kупот во Романија.

Притисокот, но и квалитетот на страната на Пелистер

ПО ВТОР ПАТ ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА ПЕЛИСТЕР ИГРА БАРАЖ ЗА ГОЛ ПРВОЛИГАШКИ ЖИВОТ И ВТОР ПАТ Е ФАВОРИТ
По втор пат во својата историја Пелистер ќе игра бараж за опстанок во Првата лига. Ако пред неколку години Струмица беше местото на клучниот натпревар, денес Чкембарите ќе извршат инвазија на Кичево каде во 90 или 120 минути, можеби и по пеналите меѓу Пелистер и Скопје ќе се бара идниот прволигаш.

9. 6. 2013.

Несреќен пораз и испаѓање за РК Битола

БАРАЖОТ ВО СКОПЈЕ БЕШЕ КОБЕН ЗА МЛАДИОТ БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ БИТОЛА, КОЈ СЕ СЕЛИ ВО ПОНИЗОК РАНГ
Струга - Битола 21:20 (11:11)

Слободно можеме да кажеме непресушниот извор на ракометари во Македонија, Струга, по неколку изминати години во првата лига следната сезона се враќа во Суперлигата. Стружани се изборија за последното место во елитатата за следната сезона откако вечерва минимално но доволно со резултат од 21:20 го совлада тимот на РК Битола.

7. 6. 2013.

Во Пелистер се вчудовидени од високите казни од РФМ

КАЗНИТЕ ПО НАТПРЕВАРОТ СО ТИНЕКС ПРОЛЕТ СПОРЕД БИТОЛСКИОТ КЛУБ НЕ СЕ СООДВЕТНИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА НА ТЕРЕНОТ
Завршувањето на ракометната сезона за РК Пелистер беше причина за сумирање на впечатоците пред домашната спортска јавност. На денешната прес-конференција раководството на Пелистер изрази задоволствот од одиграната сезона, жалење е што во последен момент пропуштено е учество во Челенџ Купот, но и вчудовиденост поради високите казни од РФМ за инцидентот на натпреварот против Тинекс во Битола

5. 6. 2013.

РК Пелистер може да откаже од Лигата

НАЈАВЕНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА СО ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ ПО ПОСЛЕДНИТЕ КАЗНИ ИЗРЕЧЕНИ ОД РФМ
По казните кои ги одреди Комисијата за натпрварување при Ракометната федерација во ракометениот клуб Пелистер има голема доза на разочараност за тоа по кои критериуми се донесени, според нив, високите казни

Химната на Македонија четири пати интонирана среде Атина

БИТОЛСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ СО НЕВЕРОЈАТЕН БЛЕСОК СРЕД ГРЦИЈА. ДОНЕСЕНИ МЕДАЛИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДРЖАВАТА ЗА НЕЗАБОРАВ
Македонската химна четири пати беше интонирана среде Атина благодарејќи на нашите борци од Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО кои освоија четири златни медали на СП одржано во Грција. Дијана Неделковска, Маја Кузманова, Андреј Иванов, и Јован Марушевски од Академијата за боречки вештини ЗА-НЕД-ДО се натпреваруваа во седум категории и освоија дури четири златни медали, еден сребрен и два бронзени медали.

Мемиќ суспендиран на две години

ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИТЕ ПО МЕЧЕВИТЕ ПЕЛИСТЕР - ТИНЕКС ПРОЛЕТ И ВАРДАР ПРО - МЕТАЛУРГ ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
На редовната седница на комисијата за спроведување на натпревари при РФМ донесе одлуки за инцидентите од првенствените натпревари од 10. коло од Супер лигата Вардар - Металург и Пелистер - Тинекс Пролет.

4. 6. 2013.

Хамбург го сервираше изненадувањето крај Рајна

ПРЕКИНАТА ХЕГЕМОНИЈАТА НА КИЛ И БАРСА И ПО 31 ГОДИНА ХАМБУРГ ПО ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО ФУДБАЛ, СЛАВИ ЕВРО-ТИТУЛА И ВО РАКОМЕТ
Келн и „Ланксес арената„ ја чуваа најубавата ракометна приказна за четвртиот Final four во градот на Рајна. Заплет, динамика и кулминација. И изненадување и прво финале со продолженија. И од се по малку што го прави овој спорт посебен и изборот на ЕХФ за финална четворка по примерот на кошарката за вистински.

Пелистер втор пат во историјата во бараж

ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, 10 МЕСТО И БАРАЖ СО СКОПЈЕ НА НЕУТРАЛЕН ТЕРЕН Е ЕПИЛОГОТ НА СЕЗОНАТА НА ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лога - 33 коло 
Пелистер - Напредок 1:2 (1:1)

Во последниот натпревар за директен опстанокот во лигата, Пелистер загуби од Напредок и напоредно со победата на Дрита над Шкендија, зелените регуларните 33 кола ги завршија на 10 место. Против секогаш незгодните кичевчани, Пелистер почна многу лошо. Гостите кој беа без толку голем притисок поведоа на половина час од играта. Жарко Симјановски погоди од дистанца и драстично ја искомпликува работата.

Сезоната на Пелистер виси во воздух?

НАМЕСТО ЕВРОПА, ПРЕКИН ВО БИТОЛА И МОЖНА КАЗНА И САНКЦИИ ЗА ПЕЛИСЕР ШТО ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ДРАСТИЧЕН УДАР ЗА ИДНИНАТА НА КЛУБОТ
 Пелистер - Тинекс Пролет прекинато

За жал клучниот натпревар за влез во Челинџ Купот и настап во Европа, во Битола не го доживеа крајот. Станува збор за натпреварот меѓу Пелистер и Тинекс пролет кој траеше близу 55, а не цели 60 минути. До несакани случувања дошло на пет минути до крајот, кога нападнати биле судиите Зипевски и Ѓоревски од Гостивар, како и неколку гостински ракометари, по што натпреварот бил прекинат.