30.03.2014.

Мехелен не може ни против десетмина

НОВ ПОРАЗ НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА МЕХЕЛЕН НА ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ, КОИ СЕГА ТРЕПЕРАТ И ЗА ОПСТАНОКОТ
Александар Трајковски одигра 82 минути, а Пачовски пак беше на клупата за резерви, во уште еден пораз на белгиски Мехелен, кој западна во голема криза.
И со човек повеќе70 минути (Даф исклучен во 20 минута) црвено-жолтите загубија од Шарлоа со 0:2 во првото коло од плеј-аутот на белгиската Жупилер Про лига. Фауре во 51 и Девест во 79 минута ги постигнаа головите за гостите од Шарлоа. Александар Трајковски одигра нешто повеќе од 80 минути на позицијата по левата страна од нападот, но и тој и соиграчите не успеаа да го најдат патот до мрежата на Манданда. Екипата на Френк Веркаутерен скоро 40 денови не знае за победа и навивачите полека го губат трпението. Наредната сабота тимот на нашите репрезентативци Пачовски и Трајковски му гостува на Серкл Бриж.

Нема коментара:

Постави коментар