Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Пелистер не се шегува и не го дава врвот

ПАК СО „БУГАРСКИ СТРЕЛЦИ„ БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЈА СЛАВИ ЧЕТВРТАТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
Пелистер - Гостивар 2:0 (1:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Џенан Хајдари и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Миле Таноски (Ресен)
Стрелци: Љубенов во 26 и Воденичаров во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Елмазовски, Христов, Марковски (Пелистер), Саљиу, Ибраими, Дехари (Гостивар)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Динчев (од 46м. Анастасов), Драгарски, Ковачев, Миленковски, Христов, Мојсов (од 55м. Трајковски), Љубенов, Елмазовски, Љамчевски (од 79м. Марковски), Воденичаров

Гостивар:
Арифи, Демири, Саљиу, Биљали (од 58м. Дедвукај), Дехари, Зеадини, Ибраими, Менга, Алили (од 66м. Елмази), Белули, Џафери

Играч на натпреварот:
Љубомир Љубенов (Пелистер)
Силно мотивирани избраниците на Драган Бочевски веднаш тргнаа агресивно кон голот на Кујдесум Арифи. Во првите 15 минути изведоа 4 корнери, имаа неколку мешаници пред гостинскиот гол и неколку изразити шанси. Два пати се обиде Воденичаров, најнапред со „ножички„ па со слалом, но одбраната на гостиварчани борбено спасуваше. Љубенов кој влета во стартниот тим на местото на Анастасов, во 14 минута се обиде директно од корнер, но Арифи со крајни напори исфрли во поле. Гостите од слободен удар преку Ибраими ја имаа првата закана на половина од првиот дел, но ударот на фудбалерот за врска на Гостивар заврши високо над голот. Прекините беа перманентна опасност за голот на „фенерџијата„ Во 27 минута Елмазовски изведе аут, па Љубенов прв стигна до топката и центрираше, топката му се излизга на Арифи и заврши зад гол линијата. По вина на чуварот на мрежата на гостите, битолчани поведоа материјализирајќи ја евидентната иницијатива. Битолчани по водството како да подзастанаа, иако Љамчевски во 32 и Воденичаров во 37 минута се направија како што треба, само им недостигаше завршниот удар. Рутинско прво полувреме кое резултираше со минималец за домашната екипа. На почетокот на вториот дел, Анастасов го замени Динчев, а Елмазовски се врати на позиција на десен бек. Веднаш штом влезе младинскиот репрезентативец го раздвижи тимот. Најнапред се обиде со слалом низ гостиварската одбрана, а потоа центрираше до главата на Ковачев, кој продолжи за Љамчевски, кој ја погоди мрежата но од недозволена позиција. Гостите го освежија средниот ред и со велгувањата на Дедвукај и Елмази дури и се заканија. Џафери биеше од работ на казнениот простор, но неколку метри над рамката од голот Пашовски. Пелистер како да се задоволи, иако предноста беше само минимална. Во 70 минута Трајковски срушен во „сендич„ од двајца гостински фудбалери, но Јакимовски во неспоредна близина ништо не суди. Минута подоцна Арифи му одбрани „зицер„ на Ковачев, во период на збркана иницијатива на битолчани. Ибраими во 79 ги „стресе„ зелените со удар од голема далечина, но Пашовски немаше потреба да интервенира. Нововлезениот Марковски во 85 минута имаше голема шанса за потврда на победата, но у дарот од свртување заврши крај стативата. За малку гостите преку Дехари не казнија во 87 минута, но неговиот удар со глава заврши над пречката на домашната екипа. Во последната минута по одлично воден контранапад Анастасов го најде Воденичаров, овој погоди дијагонала со левата нога и ја верификуваше победата на битолчани. Четврт триумф на зелените кои се враќаат сами на врвот на табелата.             


Нема коментара:

Постави коментар