Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Одмазда врз германците по 18 години баш на истиот ден

НЕВЕРОЈАТНА КОИНЦИДЕНЦИЈА И ОДМАЗДА НА МАК-РАКОМЕТОТ ВРЗ ГЕРМАНЦИТЕ ПО 18 ГОДИНИ
Одсекогаш ракометните дуели на нашите претставници во европските купови наидувале на „најтврдиот„ орев - германските екипи.
Многу често нашите Вардар, Металург, Пелистер биле елиминирани од екипи од Бундеслигата или пак губеле многу бодови во групни натпревари. Симбол за нашите малери со бундес тимовите беше легендарниот меч од полуфиналето на Купот на Куповите во 1996 година помеѓу Пелистер и Лемго баш на денешен ден - на 30 март. Тогаш Пелистер на тренерот Зечевиќ со плеада македонски репрезентативци прими несреќен гол во последната секунда во преполаната спортска сала „Младост„ во Битола и беше елиминиран од Зербе, Баумгартнер у другарите. Подоцна Лемго го освои Купот на куповите, победувајќи ја ТЕКА Сантандер со таткото на Алекс Душебаев, Талант во тимот. 18 години подоцна на ист ден, откако и нашата репрезентација има само порази во дуелите против Германија, стигна реваншот. Вардар на Раул Гонзалез направи подвиг и го елиминира европскиот првак Хамбург и тоа среде Германија. Требаше да минат скоро две децении македонската одмазда да биде „сервирана„

Нема коментара:

Постави коментар