Powered By Blogger

15. 3. 2014.

Мечот Пелистер - Македонија Ѓ.П. одложен за вторник

СМРТТА НА БИВШИОТ ГОЛМАН НА ПЕЛИСТЕР ГО ПОМЕСТИ МЕЧОТ НА ПЕЛИСТЕРЦИ НАМЕСТО ВО НЕДЕЛА ЗА ВО ВТОРНИК
Натпреварот меѓу Пелистер и Македонија ЃП, кој беше закажан за в недела (14 часот) е одложен на барање на домашниот клуб и ќе се одигра во вторник, во истиот термин.
Ова за мадиумите го потврди комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски „Им излегуваме во пресрет на сите битолчани, кои сакаат в недела да присуствуваат на погребот на Петар Милошевски. Тој беше спортска икона во Битола. Натпреварот Пелистер - Македонија ЃП е одложен за во вторник (18. март), со почеток во 14 часот“, изјави Васко Дојчиновски. Фудбалската Федерација на Македонија утре ќе одржи комеморативна седница во чест на трагично загинатиот директор на А – репрезентацијата на ФФМ, Петар Милошевски. Комеморативната седница е закажана со почеток во 12 часот во „Сити Хол“, веднаш до МКЦ. Во просториите на ФФМ отворена е и книга на жалоста, во која сите љубители на фудбалот можат да ја искажат последната почит за трагично загинатиот македонски голман. Посмртните останки на Петар Милошевски ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во недела, 16 март 2014 година од 11.30 ч. до 12.30 часот.

Нема коментара:

Постави коментар