Powered By Blogger

5. 3. 2014.

Секуловски место Тодоровски во Македонија Ѓ.П.

БИТОЛСКИОТ СТРУЧЊАК СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ
Поранешниот тренер на Пелистер и на Силекс Марјан Секуловски е именуван за нов тренер на прволигашот Македонија Ѓорче Петров.
По интернационалниот ангажман што овој стручњак го имаше во Мјанмар, во тимот на Ајејавади јунајтед, се врати во Битола, а денес се договори со раководството на Македонија ЃП да го предводи овој тим до крајот на сезоната. Целта е јасна, обид да се избегне најлошото и да се обезбеди опстанок за ѓорчепетровци во прволигашкото друштво. По првиот пролетен пораз во Тетово против Шкендија со 3:0, челниците на Македонија ЃП одлучија да се разделат со тренерот Ѓорѓи Тодоровски. Новиот шеф на стручниот штаб треба од утре да ја преземе должноста и да го подготвува тимот за неделниот дуел на домашен терен против Напредок. Во моментов, по 20 одиграни кола, Македонија ЃП се наоѓа на десеттата позиција на табелата, со 19 освоени бода, седум помалку од осмопласираната Шкендија која се наоѓа на безбедно место.

Нема коментара:

Постави коментар