04.03.2014.

ФОТО: Битолчани ги собраа „златните кациги„


ПРОДОЛЖУВА ДОМИНАЦИЈАТА НА БИТОЛСКИТЕ МОТОЦИКЛИСТИ
Прогласувањето се одржа во преполната конференциска сала во „Борис Трајковски“, каде присутни беа претставници од повеќе мото клубови од земјава и поединци заслужни за мото спортот во изминатите две години.
На церемонијата свое обраќање имаше и претседателот на МФМ, Ленин Јовановски, кој во кратки црти ги сумираше активностите на Федерацијата и нејзиното работење во изминатиот период. Според зборовите на претседателот, федерацијата конечно излегува од кризата односно лошата финансиска состојба во која беше до сега. Признанија им беа доделени на возачите од домашните првенства во мотокрос и ендуро, додека пак за настап на меѓународна сцена освен овие две категории беа доделени признанија и за супермото и трки на кружни патеки. Годинава признанија им беа доделени и на помагателите на МФМ - спонзорите, медиумите и заслужни поединци. Евидентно е отсуството на трки од домашните шампионати во скутери, супермото и брзински мотоциклизам во изминатите две години, па се надеваме дека МФМ оваа сезона ќе направи напор да ги врати истите во календарите.
Список на наградени натпреварувачи за 2012 и 2013 година

1. Баже Шишковски (Александар) Ендуро
2. Роберт Нушков (БрзКруг) Ендуро
3. Бојан Лазов (БрзКруг) Ендуро
4. Валентин Тошев (БрзКруг) Ендуро
5. Гоце Томовски (ГОГО) Мотокрос
6. Филип Кондратенко (ГОГО) Мотокрос
7. Игор Спиров (ГОГО) Кружни патеки
8. Ефтим Велјановски (ГОГО) Кружни патеки
9. Николчо Николов (Ендуранс тим) Кружни патеки
10. Ивица Гиновски (Ендуранс тим) Кружни патеки
11. Јован Јовановски (ЛТД Спортс) Мотокрос
12. Михаил Бајовски (ЛТД Спортс) Мотокрос
13. Борче Костов (ЛТД Спортс) Мотокрос, Ендуро
14. Никола Гулевски (ЛТД Спортс) Мотокрос, Ендуро
15. Јован Стојков (ЛТД Спортс) Мотокрос
16. Денко Манчески (ЛТД спортс) Мотокрос
17. Мирче Ќорнаков (ЛТД спортс) Мотокрос
18. Драган Ванов (Мото Велес) Ендуро
19. Горан Тасиќ (Мото Велес) Ендуро
20. Ѓоко Филиповски (Мото Велес) Ендуро
21. Виктор Ефремов (Мото Велес) Ендуро
22. Иле Шалев (Мото Велес) Кружни патеки
23. Фазли Ислами (Мотокрос Шари) Мотокрос
24. Амир Амети (Мотокрос Шари) Мотокрос, Ендуро
25. Ивица Милошевиќ (Мотори) Ендуро
26. Александар Петровски (Мотори) Ендуро
27. Зоран Трајковски (Мотори) Кружни патеки
28. Христиан Станковиќ (Мотостарс) Мотокрос
29. Андријан Ристевски (Мотостарс) Мотокрос
30. Лука Ристевски (Мотостарс) Мотокрос
31. Благојче Спировски (Мотостарс) Мотокрос
32. Николче Тодоров (Мотостарс) Мотокрос
33. Виктор Вешоски (Ноќни волци) Кружни патеки
34. Христиан Илиоски (Пелистер) Мотокрос
35. Слободан Ивчески (Сакамото) Супермото
36. Марин Сугарев (Сакамото) Кружни патеки
37. Благоја Мартиновски (Сакамото) Кружни патеки
38. Сашо Николов (Тумац) Кружни патеки
39. Петрит Ѓерѓи (Албанија) Мотокрос
40. Виктор Ивановиќ (Црна Гора) Мотокрос
Список на наградени клубови за 2012 и 2013 година

1. МК Александар – Скопје (Ендуро)
2. МК Гого – Скопје (Мотокрос)
3. МК ЛТД спортс – Битола (Мотокрос, Ендуро)
4. МК Мото Велес – Велес (Ендуро)
5. МК Мотори ‐ Скопје (Ендуро)
6. МК Мотокрос Шари – Тетово (Мотокрос)
7. МК Мотостарс – Битола Мотокрос, Ендуро

Нема коментара:

Постави коментар