30.03.2014.

Бочевски: „4 победи во 10 дена - секоја чест за фудбалерите„

РЕАКЦИИ ПО УШТЕ ЕДНА ДОМАШНА ПОБЕДА НА МОМЦИТЕ НА ОХРИДСКИОТ ТРЕНЕР БОЧЕВСКИ
Рутинска победа на лидерот и заеднички заклучоци на двата тренери дека желбата и императивот беа клучни околу екипата која ќе ги освои бодовите.
Гостивар како и во декември го намачи битолскиот прволигаш, но пак со два „бугарски„ гола Пелистер се зацврсти на врвот.

Драган Бочевски
(тренер на Пелистер)

Сакам да им честитам на моите фудбалери, кои повторно одиграа максималнo и мислам дека ја заслуживме победата. Во нашата лига скоро да нема екипа која во 10 дена може во ист ритам да одигра 4 натпревари. Ние успеавме да го минеме овој циклус од збиени натпревари и да победуваме. Не не оптеретува првото место, нашата цел е да одиме натпревар по натпревар, па што биде нека биде. Овој Пелистер од натпревар во натпревар напредува и расте.
       
Мите Митев
(тренер на Гостивар)

Мислам дека на овој меч покажавме дека разликата меѓу двете екипи не е така голема како што покажува табелата. Голем дел од средбата бевме рамноправни, имавме свои опции до 90 минута, но Пелистер повеќе ја сакаше победата. Мојата екипа е млада, играме растеретено и покрај тоа што сме испаднати од Првата лига и така ќе биде и во наредните 8 натпревари.


Нема коментара:

Постави коментар