30.03.2014.

Пак реми без голови за Спартак и Канатларовски

БИВШИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР КАКМО ДА СЕ РЕЗЕРВИРА ЗА НЕРЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во претпоследниот натпревар од 21 коло на српската Јелен супер лига, фудбалерите на Спартак Златибор вода од Суботица на битолскиот стручњак Драган Канатларовски пак ремизираа.
Четврт пат во серија или петти пат од последните шест мечеви, Спартак игра нерешен резултат. На гостувањето во Крушевац кај Напредак, сино-белите на Канатларовски играа израмнето со десетто пласираниот домаќин. Во груб натпревар со четири жолти и еден црвен картон (Петровиќ од Спартак во 89 минута), Спартак имаше повеќе зрели шанси, но мрежите мируваа. Со овој бод Спартак е деветти со 29 освоени бода. Во наредното 22 коло, во Суботица, екипата на бившиот селектор го дочекува неговиот бивш клуб од играчките денови, Црвена звезда, наредната сабота на 5 април од 15:30 часот. 

Нема коментара:

Постави коментар