Powered By Blogger

18. 3. 2014.

Талентите на СК Пелистер ја „освоија„ Попова Шапка

ПРЕКРАСНИ ВЕСТИ ЗА СКИЈАЧКИТЕ ТАЛЕНТИ ОД СК ПЕЛИСТЕР
На третиот меѓународен меморијален велеслалом „ Стеве Илиески - Караѓуле„  со преку 100 учесници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора доминација и дури пет медали од шест пријавени скијачи на СК Пелистер од Битола.
На натпреварувањето на Попова Шапка, момчињата и девојчињата на тренерот Наум Симјановски се вратија со следните одличја:
- Ева Милевска, трето место (снегулки)
- Лидија Симјановска, второ место (Д-1)
- Софија Петличкова, трето место (Д-1)
- Никола Неделковски, трето место (Д-1)
- Дамјан Неделковски, второ место (Д-2)
- Ева Милевска - пехар Караѓуле за најмлади учесник 

Нема коментара:

Постави коментар