16.03.2014.

Пелистерки потклекнаа пред „китовите„

ПРВОТО ПРОЛЕТНО КОЛО ВО ПРВАТА ЖЕНСКА ЛИГА ДОНЕСЕ ДЕРБИ И ТЕСЕН ПОРАЗ НА БИТОЛЧАНКИ
ЖРК Моби Дик - ЖРК Пелистер 20:19 (11:7)

Охридските ракометарки во драматичен финиш успеаја да ја совладаат екипата на Пелистер со минимални 20:19 (11:7) во првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата лига.
Охриѓанки од средината на првиот дел, па се до крајот од мечот го контролираа резултатот, но самите дозволија да влезат во неизвесен финиш. Среќата, а и искуството им го донесе првиот триумф во пролетната полусезона, вкупно десетти во Првата жанска ракометна лига што ги прави неприкосновени лидери на табелата. Пелистер е веднап зад нив на второто место.

Нема коментара:

Постави коментар