18.03.2014.

ФОТО: Емоции за Петар и пред мечот Пелистер - Македонија

РОДНАТА БИТОЛА И ПРЕД МЕЧОТ СО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТИ СО СВОЈОТ ПЕТАР
Родната Битола последното испраќање од Петар Милошевски го имаше на стадионот под Тумбе кафе, пред почетокот на средбата Пелистер - Македонија Ѓ.П. 1.500 гледачи и во работен ден го исполниот битолскиот стадион и му оддадоа последно сочувство на некогашниот голман на Пелистер, репрезентативен капитен и директор на сите репрезентации на Македонија.
Фудбалерите на двете екипи носеа маички со ликот на Петар, навивачите направија десетици транспаренти со неговиот лик и неговото име, а го скандираа неговото име пред почетокот на средбата. Емотивни моменти му претходеа на мечот кој го затвора 22 коло од фудбалскиот шампионат на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар