Powered By Blogger

15. 3. 2014.

Се одржа традиционалниот пелистерски велеслалом

ВО ПРЕКРАСЕН АМБИЕНТ ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЕЛИСТЕРСКИ ВЕЛЕСЛАЛОМ НА ПАТЕКАТА КОПАНКИ
Денешната слика на скијачката патека Копанки беше мелем за многумина. Малку снег многу сонце и еден куп љубители на скијањето кои што дојдоа да учествуваат на пелистерскиот велеслалом Натпреварот оваа година организиран во сеќавање на некогашниот дом Копанки „ Пелистерскиот велеслалом е со долгогодишна традиција.
Во 2011 година благодарение на Електрани на Македонија кои дадоа финансиска поткрепа се реставрираше ски-жичарата и ски- патеката, така што денешната патека е целосно реновирана" - изјави Диме Попов претседател на планинарскиот клуб „Пелистер" Откако АД ЕЛЕМ стопанисува со центарот Копанки преземаат низа активности за реставрирање и модернизирање на овој скијачки центар. Изминатите години финансиски го помагаат развивањето на ски-центарот Молика и ски-патеките„ Покрај промената на транспортните јажињаи на ски-лифтот Копанки започнати се активности и за инсталирање на систем за производство на вештачки снег. Ќе се реновира и хотелот Молика со спа центри и сала за состаноци со цел да биде еден од најмодерните хотели во Македонија" изјавија од ЕЛЕМ. Пелистерскиот велеслалом за прв пат се одржа во 1960 година. На денешниот натпревар учество зедоа околу 70 натпреварувачи. Нашата камера го забележа и најстариот натпреварувач„15 години бев репрезентативец на Македонија а бев и тренер на репрезентацијата на Југославија. Цел живот сум го поминал на Пелистер. Секоја година имало многу снег, за жал оваа година нема, но се надевам дека нема да ги спречи граѓаните да дојдат на Пелистер и да се натпреваруваат на овој велеслалом "- изјави најстариот учесник на Пелистерскиот велеслалом. На сите учесници на пелистерскиот велеслалом им беше доделена диплома а на освојувачите на првото, второто и третото место пехари.

Нема коментара:

Постави коментар