Powered By Blogger

31. 3. 2015.

На Пелистер заврши скромната македонска ски-сезона

КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА, СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА Е ЗАТВОРЕНА СО ПЕЛИСТЕРСКИОТ ВЕЛЕСЛАЛОМ
Победничката на Шарпланинскиот куп за деца, членката на битолски Пелистер, Лидија Симјановска, победи во својата категорија и на домашен терен, на традиционалниот „Пелистерски велеслалом“, кој во изминатиот викенд се одржа на патеката Копанки. Пелистерскиот велеслалом за првпат беше организиран во 1960 година. И годинава организатор беше ПСК Пелистер.

Победа на резервистите на Пелистер против Силекс во Пробиштип

ПОБЕДА И ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ ЗА ПЕЛИСТЕРОВИТЕ РЕЗЕРВИ ВО ПРОБИШТИП 
Силекс Б - Пелистер Б 2:3 (1:2)

Фудбалерите на Пелистер го продолжија позитивниот момент, откако во мечот на Б тимовите, го совладаа Силекс во Кратово со 2:3 и по ремито со Работнички со 1:1, Б тимот на Пелистер продолжува да бележи се подобри резултати и со тоа најавува подобри денови и на најсилниот состав.

30. 3. 2015.

Вториот меморијален турнир „Петар Велјановски - Мувата„ ќе се одржи утре во Битола

ФУДБАЛСКИТЕ СУДИИ ОД МАКЕДОНИЈА НЕ ГО ЗАБОРАВААТ СВОЈОТ ПРЕРАНО ЗАГИНАТ КОЛЕГА
Утре во 17 часот во спортската сала „Младост„ во организација на ОФС Битола ќе се одржи вториот меморијален турнир за фудбалски судии „Петар Велјановски - Мувата„.

29. 3. 2015.

Прилеп ги втурна пелистерци во плеј-аут зоната

ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН КАЈ СОСЕДОТ, ОСТАНА БЕЗ МЕСТО ВО ПЛЕЈ-ОФОТ
Прилеп - Пелистер 28:24 (14:12)

Прилеп го доби пелагониското дерби и за разлика од Пелистер ќе игра во плеј-офот на Суперлигата, меѓу шесте најдобри во државата. Битолчани со тоа што испаднаа од тоа друштво, нема да играат во Европа, доколку не направат сензација во националниот Куп. Од самиот почеток па до крајот со подобра игра, Прилеп дојде до победа во пелагониското дерби.

24. 3. 2015.

Реми на Б екипата на Пелистер на гости кај Работнички

РЕМИ НА Б ТИМОТ НА ХАЏИЕВСКИ ПРОТИВ РАБОТНИЧКИ ВО СКОПЈЕ
Работнички - Пелистер 1:1 (0:1)

Продолжува позитивниот тренд за фудбалерите на Пелистер, кога играат во главниот град. По ремито на првата сениорска екипа против лидерот Вардар, во заостанатиот меч од Б лигата, Пелистер извлече бод од гостувањето кај Работнички, играјќи 1:1.

Кошаркарките на Младост поразени во младинското Куп финале

НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА КОШАРКАРКИТЕ НА МЛАДОСТ ВО МЛАДИНСКИОТ КУП  
Кошаркарките на Младост - девојки родени 1997 и помлади за прв пат во богатата клупска историја играа во финалето на младинскиот Куп на Mакедонија, натпревар кој што беше во организација на МКФ. Во неизвесен натпревар, но само во првите две четвртини, во салата „Градски парк„ во Скопје, битолчанки беа поразени од екипата на „Бадел 1862“ од Скопје со резултат 79:59.

Со шише каменуван автобусот на „Чкембарите„

ЕДЕН ИЗОЛИРАН ИЦИДЕНТ РЕГИСТРИРАН ОД МВР ПО ВЕЧНОТО ДЕРБИ
Еден ден по „вечното дерби„ МВР излезе со соопштение во кое обелодени само еден поголем инцидент и тоа надвор од фудбалскиот терен. „На 22.03.2015 година околу 15.20 часот во Скопје на бул. “Илинден” непознато лице  фрлило со пивско шише и ја скршило задната шофершајбна на автобусот кој се движел према стадионот „Филип Втори“, а во кој се превезувале играчите на ФК „Пелистер“, повредени патници немало.

23. 3. 2015.

Пелистер останува под Тумбе кафе за да го избори опстанокот?

ДЕНОВИВЕ БИТОЛСКИОТ КЛУБ ЌЕ ОДЛУЧИ КАДЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН ДО КРАЈОТ НА ШАМПИОНАТОТ
Пелистер најверојатно ќе одлучи и наредните мечеви да ги игра под Тумбе кафе и да го одложи реновирањето на стадионот за некој месец, како домашниот терен би му бил од помош да го обезбеди опстанокот. Иако се шпекулираше дека по мечот со Работнички, нема да се играат првенствени мечеви под Тумбе кафе и истиот ќе биде реновиран, финалната одлука ќе биде донесена деновиве.

Бодот од Скопје треба да биде пресвртница во пролетта на пелистерци

ПРЕЖАЛЕНИОТ ПЕЛИСТЕР ЈА ПРЕКИНА СЕРИЈАТА НА ПОРАЗИ КОГА НИКОЈ ОД НЕГО ТОА НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ
Ремито во вечното дерби, фудбалерите на Пелистер го доживееа како голема победа. Не само заради голот постигнат во судиското надополнување, туку и за рамноправната игра во поголемиот дел од средбата, со екипа која има повеќе од двојно повеќе бодови на контото, многу посилен и поскап играчки кадар и уште многу детали на негова страна. Пелистер и Хаџиевски излегуваат охрабрени од овој меч и колку што е голем бодот за напредок на табелата, толку многу значи од психолошка гледна точка.

22. 3. 2015.

Бод во 90 минута за Пелистер во „вечното дерби„

ПЕЛИСТЕР ЈА КАЗНИ ВАРДАРОВАТА КУКАВИЧКА ИГРА И ГО ОСВОИ ПРВИОТ ПРОЛЕТЕН БОД 
Прва фудбалска лига - 21 - коло

Вардар - Пелистер 1:1 (1:0)

Национална арена „Филип втори„ - Скопје. Гледачи: 3000
Главен судија: Фатон Мустафи (Тетово)
Асистенти: Насуф Латифи (Брвеница) и Марјан Стојанчевски (Скопје)
Делегат: Илија Митров (Штип)
Стрелец: Ибричиќ во 17 минута за Вардар, а Тодоровски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Асани, Стојановски (Вардар), Љамчевски, Тодоровски (Пелистер)
Црвени картони: нема

20. 3. 2015.

Демаскирана самопрогласената најсилна лига на светот

АНАЛИЗА - Каде денес во Европа гравитира Премиер лигата?
Деновиве веќе стана главна тема. Сите го знаат тоа што со години го најавував, што беше јасно, евидентно. Сега и фактите се тука и процесот на островот започна. Што се случува со најскапиот фудбал на светот. Зошто Премиер лигата нема свој претставник во четвртфинале на еден од двата купа, прв пат во две децении? Зошто го губи приматот, па го губи дури и второто рејтинг место на УЕФА од Германија?

19. 3. 2015.

Чешмиџиев и Мустафов повикани за надежите против Словенија

ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ И ДВАЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА ПЕЛИСТЕР ПОВИКАНИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
Селекторот на репрезентација до 21 година, Благоја Милевски повика 21 фудбалер за пријателскиот меч со Словенија на 30 март во Цеље. На списокот се наоѓаат двајца фудбалери на Пелистер: Бурхан Мустафов и Константин Чешмиџиев. Повикан е и фудбалерот на италијанскиот третолигаш Мартина Франка, Филип Пивковски.  

18. 3. 2015.

Првенец за Мирко Ивановски во дресот на Видеотон

ГОЛ ЗА ИВАНОВСКИ ВО ЛИГА КУП ПОБЕДАТА НА ВИДЕОТОН ВО ДЕБРЕЦИН
Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски го постигна првиот гол во дресот на Видеотон. На првиот меч од четвртфиналето на Лига Купот, на гостувањето кај Дебрецин, битолчанецот доби шанса од првата минута и во победата од 2:3, вгради гол од пенал во 31 минута.

17. 3. 2015.

Ѓуровски го објави списокот, двајца битолчани против Белорусија и Австралија


МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГИ „ОТВОРИ КАРТИТЕ„ НА НАРЕДНИТЕ ДВА МЕЧА
Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски денес го соопшти списокот на играчи за двата престојни натпревари против Белорусија и Австралија. Двајца битолчани (Пачовски и Ристевски) фигурираат на списокот, а не е повикан Мирко Иванмовски.

16. 3. 2015.

Вардар - Пелистер в недела од 17 часот

ТРЕТОТО ВЕЧНО ДЕРБИ ОВАА СЕЗОНА, ЌЕ СЕ ИГРА ВО ЦЕНТРАЛЕН НЕДЕЛЕН ТЕРМИН
„Вечното дерби„ помеѓу Вардар и Пелистер ќе се одигра в недела на 22 март од 17 часот, откако црвено-црните побарале мечот да биде одигран подоцна од стандардниот термин од 14 часот, за кога се закажани останатите прволигашки мечеви.

Теона Манго, нова сноуборд првенка на Македонија

МЛАДАТА БИТОЛЧАНКА, ТЕОНА МАНГО ПО ВТОР ПАТ ДРЖАВНА СНОУБОРД ПРВЕНКА 

Вчера во Маврово, се одржа Државниот натпревар во Сноубординг-Велеслалом за деца и јуниори на кој зедоа учество 40тина учесници од Република Македонија. Златниот медал во категоријата за јуниорки од 16 до 18 години го освои битолчанката Теона Манго (16год) член на Сонуборд клубот ПОЛАР од Скопје, за кој настапува 7 години.

Пелистер смета дека му се суди по два различни аршина

БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ФК ПЕЛИСТЕР СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ПАК АПОСТРОФИРА КАКО СЕ ГРЕШКИ НА НЕГОВА ШТЕТА И ОВАА ПРОЛЕТ
Еден ден по поразот од Работнички, бордот на директори на ФК Пелистер се огласи со соопштение во кое бара подобар третман кај судиите и оние кои ги делегираат. Тие тврдат дека се оштетени на секој од трите натпревари оваа пролет. Соопштението го емитуваме во целост:

15. 3. 2015.

Хаџиевски: „Победата на Работнички е неспорна, но некои судиски одлуки се повторуваат против нас„

ТРЕНЕРОТ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТА, НО МУ СМЕТААТ КОНТИНУИРАНИТЕ СУДИСКИ ГРЕШКИ ПРОТИВ НЕГОВИОТ КЛУБ
Во Битола големо незадоволство по поразот од Работнички со 1:3 што е трет последователен оваа пролет за екипата на Хаџиевски. Впечатокот беше поправен во вториот дел кога Пелистер за малку не ја покажа целосната непредвидливост на фудбалската игра.

Работнички владееше, па трепереше за бодовите под Тумбе кафе

ПЕЛИСТЕР И НАТАМУ ВО НЕГАТИВНА СЕРИЈА, РАБОТНИЧКИ СО ПОЛН ПЛЕН СЕ ВРАЌА ОД БИТОЛА 
Прва фудбалска лига - 20 - коло

Пелистер - Работнички 1:3 (0:3)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 1000
Главен судија: Стефче Шулески (Охрид)
Асистенти: Дејан Неделковски и Гоце Петревски (Скопје)
Делегат: Митко Локоски (Охрид)
Стрелец: Тодоровски во 51 минута за Пелистер, а Алтипармаковски во 10 и Илијоски во 15 и 40 минута од пенал за Работнички
Жолти картони: Миленковски, Биљали (Пелистер), Петровиќ, Цикарски (Работнички)
Црвени картони: Ефремов во 50 и Петровиќ во 90 минута за Работнички

13. 3. 2015.

Кобен пораз во Охрид за рушење на плеј-оф надежите за пелистерци

КОБЕН ПОРАЗ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОХРИД И ВЕРОЈАТНО ЗБОГУВАЊЕ СО ПЛЕЈ-ОФ АМБИЦИИТЕ
Охрид - Пелистер 27:21 (14:10)

Охридските ракометари пред своите гледачи со 27:21 (14:10) го совладаа Пелистер во 16 коло од Супер лигата и драстично ги намалија шансите на екипата на Николовски за пласман во плеј-офот. Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски  добро започнува и со брзи голови веднаш направија предност на семафарот (8:4).

11. 3. 2015.

Стенио Жуниор кобен за својот поранешен клуб

КВАЛИТЕТНИОТ ТЕТОВСКИ КЛУБ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ГО „СКРШИ„ ОТПОРОТ НА ЖИЛАВИОТ И МЛАД ПЕЛИСТЕР
Прва фудбалска лига - 19 коло

Шкендија - Пелистер 2:0 (0:0)

Стадион на Башкими во Куманово. Гледачи: 300
Главен судија: Стефче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакаревски (Струга)
Делегат: Душко Мандаровски (Скопје)
Стрелци: Кировски во 56 и Стенио Жуниор во 93 минута за Шкендија
Жолти картони: Демири, Положани (Шкендија), Г. Тодоровски, Смоковски, Биљали (Пелистер)
Црвени картони: нема

10. 3. 2015.

Шкендија - Пелистер утре ќе се игра во Куманово

НАМЕСТО ПОД ШАРА, ШКЕНДИЈА И ПЕЛИСТЕР УТРЕ ЌЕ ИГРААТ ВО КУМАНОВО НА ТЕРЕНОТ НА БАШКИМИ
Тетовска Шкендија одлучи утрешниот натпревар против Пелистер од 19 коло во Првата лига да го игра како домаќин во Куманово на стадионот на Башкими. Целото 19 коло беше одложено поради лошите временски услови, а „Градскиот стадион“ во Тетово комплетно беше прекриен со снег.

Надежите загубија од Словачка, Бобан Здравевски стрелец

МЛАДИОТ БИТОЛЧАНЕЦ, НАЈСВЕТЛА ТОЧКА ВО ПОРАЗОТ НА НАДЕЖИТЕ ОД СЛОВАЧКА
Младата македонска фудбалска репрезентација до 17 години го загуби првиот од двата пријателски натпревари против врсниците од Словачка. Натпреварот кој се одигра во тренинг-комплексот „Петар Милошевски заврши со резултат 1:3 за гостите.

8. 3. 2015.

Охрабрувачка победа за ракометарите на Пелистер

СО ПОБЕДА ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ, РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЈА ПОЧНАА ПРОЛЕТТА ВО ДОМАШНАТА ВИП СУПЕР ЛИГА 
Пелистер - Металург 2 21:14 (6:8)

Ракометерарите на Пелистер со победата над Металург 2 со 21:14, иако на полувремето губеше со 6:8 се доближија до плеј-офот. Најзаслужни за победата со која Пелистер се израмни со Радовиш со бодовите (двете имаат по 27), беа црногорските интернационалци Филип Симоновиќ кој имаше 15 одбрани и 2 седмерци и Богдан Николиќ кој постигна 5 голови. Мечот изобилуваше  со многу технички грешки и добра игра во одбрана.

6. 3. 2015.

Шкендија не сака „Чкембари„ под Шара

ЗАБРАНА ЗА ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ НА МЕЧОТ ШКЕНДИЈА - ПЕЛИСТЕР, КОЈ ЗАРАДИ ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ЌЕ СЕ ИГРА В СРЕДА
Пред гостувањето од 19 коло на фудбалскиот шампионат на Македонија на битолски Пелистер во Тетово на мечот со Шкендија, управата на Пелистер побара место и влезници за 120 свои навивачи.

5. 3. 2015.

Станоевиќ се враќа за гостувањето во Тетово

СРБИНОТ ИГОР СТАНОЕВИЌ ПОДГОТВЕН ЗА ДЕБИТО ВО ЗЕЛЕНИОТ ДРЕС
Главна цел на битолски Пелистер по лошиот старт на пролетта е да не се обесхрабрува, бидејќи младата екипа на Хаџиевски пред себе има нови испити на зрелоста. Следуваат мечевите со најдобрите екипи во лигата, каде пелистерци немаат што да загубат и со комплетирањето на целиот ростер екипата може да игра само подобро.

4. 3. 2015.

Убедлив триумф и пат кон Првата лига за Мултитекс

ПОБЕДА КОЈА ГО ТРАСИРА ПАТОТ НА ППК МУЛТИТЕКС КОН ПРВАТА ПИНГПОНГАРСКА ЛИГА
Мултитекс ТБТ - Кочани 5:0

Победа со максимален резултат и предност пред второпласираниот тим на Кочани од 6 бодови. Тимот на Мултитекс ТБТ е само на три победи од преостанатите шест кола до крајот на првенството во Втората пингпонгарска лига и до промоција во прволигаш.

2. 3. 2015.

Битолчани рушат негативни рекорди - Пелистер 167 дена без победа и без домашен гол

КРИЗАТА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПЕЛИСТЕР КАКО ДА НЕМА КРАЈ. ЦРНИТЕ РЕКОРДИ ЈА ЗАЧУДУВААТ НАВИВАЧКАТА АРМИЈА
По поразот на домашен терен од Брегалница, Пелистер значително ги намали своите шанси за скок во првата половина на табелата, но пред се ги продлабочи своите негативни рекорди, кои како никогаш до сега во историјата на македонскиот фудбал надвиснале над него. Цели 13 првенствени натпревар, вкупно 15 заедно со Куп осминафиналето со Работнички, Пелистер не знае за победа.

1. 3. 2015.

Илиев го казни Пелистер на пролетното деби

СО ГОЛОТ НА БИВШИОТ ПЕЛИСТЕРЕЦ, ЛАЗАР ИЛИЕВ ПЕЛИСТЕР СОВЛАДАН СРЕД БИТОЛА ОД БРЕГАЛНИЦА
Прва фудбалска лига - 18 коло

Пелистер - Брегалница 0:1 (0:1)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 2000
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Марјан Стојанчевски и Тони Стојановски (сите од Скопје)
Делегат: Горан Михајловски (Скопје)
Стрелец: Илиев во 10 минута за Брегалница
Жолти картони: Мустафов, Трифуновски (Пелистер), а Тонев, Станковиќ, Андонов, Здравков, Блажевски (Брегалница)
Црвени картони: нема