Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Берое со нова победа, Спировски не настапи

ВТОРА ПОБЕДА ВО СЕРИЈА ЗА БЕРОЕ И ВТОР ПАТ БЕЗ НАСТАП НА СТЕФАН СПИРОВСКИ
Стефан Спировски не настапи, но неговиот Берое ја забележа втората последователна победа во бугарското првенство. На гостувањето кај Черноморец во Бургас, зелените славеа со 1:3 со импресивна игра во текот на сите 90 минути.
Гофред Бекое во 37 минута ги доведе домаќините во водство. Георги Костадинов израмни во последната минута од првиот дел, а во продолжението Атанас Зехиров во 51 и Елиаш Са Силва во 90 минута ја донесоа победата.  Екипата на Петар Хубчев се проби на осмото место со 39 бода и во наредното 27 коло игра со Славија Софија в сабота на 22 март во 15:30 часот во бугарско време. Тоа ќе биде можност бившите соиграчи од Пелистер и сегашните репрезентативни колеги Стефан Спировски и Кире Ристевски да се соочат еден спроти друг. 

Нема коментара:

Постави коментар