Powered By Blogger

12. 3. 2014.

Нов пелистерец, МВП на колото

СЕ ПОДОБРИТЕ ИГРИ НА КК ПЕЛИСТЕР, ДОВЕДУВААТ И ПОДОБРИ ИНВИДУАЛНИ ПОСТИГНУВАЊА
Пелистер Спорт го совлада Фени Индустри на домашен терен со 84:82 радувајќи се на победа прв пат сезонава, а предводник на триумфот на битолчани беше Миљан Радисављевиќ, кој со остварени 37 МВП индекс поени е воедно и статистички најкорисен играч во прволигашкото 16.коло.
Радисављевиќ одигра полни 40 минути на натпреварот и постигна 27 поени, на кои додаде 11 асистенции и 3 скока. За овој одличен сестран учинок, српскиот интернационалец заработи 37 МВП индекс поени, најмногу во колото. Ова е прво вакво признание за Радисављевиќ и веќе трето за кошаркар на Пелистер Спорт, откако претходно Никола Вукасовиќ и Мико Голубовиќ имаа најдобра статистика во 12 и 14 коло. Покрај за Радисављевиќ, место во најдобрата петорка на колото има и за Горан Икониќ и Кирил Павловски кои го делат второто место со по 30 МВП индекс поени, потоа за соиграчот на Радисављевиќ од Пелистер, Петар Апцев кој оствари 28 МВП индекс поени, а петтото место со по 26 МВП индекс го делат плејмејкерите на Куманово и Фени, Ројс Паран и Еуген Харис.

Нема коментара:

Постави коментар