Powered By Blogger

31. 8. 2015.

Шундовски „гази„ со новиот клуб во Романија

БИТОЛСКИОТ РАКОМЕТЕН СТРУЧЊАК ПРОДОЛЖУВА СО ИМПОЗАНТНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РОМАНИЈА, ДУРИ И ПО ПРОМЕНАТА НА КЛУБОТ
Бившиот селектор на Македонија, Звонко Шундовски од клупата на ЦСМ Букурешт славеше голема победа на гостувањето против актуелниот шампион на Романија, Минаур Баја Маре.

Самоков ја виде мајсторијата на Христијан Илиоски

ДОМИНАНТНИ ВОЗЕЊА И ПОБЕДА И ВО САМОКОВ НА ХРИСТИЈАН ИЛИОСКИ
Христијан Илиоски беше нашиот најуспешен натпреварувач на петтата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, која викендов се оддржа на патеката Самоков во Бугарија.

Главевски ја спречи прилепската радост во пелагониското дерби

НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ СТАНА ЗАШТИТЕН ЗНАК НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ
Втора фудбалска лига - 2 коло
Победа - Пелистер 1:1 (1:0)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 6000
Главен судија: Марјан Гоцевски (Струмица)
Асистенти: Горан Димитров (Кавадарци) и Илија Гонев (Неготино)
Делегат: Крсте Даниловски (Скопје)
Стрелец: Шаркоски во 37 минута за Победа, а Главевски во 90 минута за Пелистер
Жолти картони: Мегленски, Карчески, И, Мирчески (Победа), а Тодоровски, Миленковски, Стојковски, Љамчевски (Пелистер)
Црвени картони: Карчески (Победа) во 85 минута и Стојковски (Пелистер) во 85 минути

30. 8. 2015.

Охрид победник на турнирот, Пелистер втор, а Дрогришки нај-стрелец

СО ТРИ ПОБЕДИ, ОХРИД УБЕДЛИВО НАЈДОБАР НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОСКИ„ ВО ПРИЛЕП
Охрид е победник на првиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски„  во Прилеп.  Охриѓани имаа три победи на три меча, а Пелистер е второпласиран и покрај поразот од Прилеп во третото коло.

29. 8. 2015.

Бајрамовска во колекцијата го додаде и Суперкупот на Словенија

НОВ ТРОФЕЈ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИНТЕРНАЦИОНАЛКА ВО СЛОВЕНИЈА
Битолчанката Мирјета Бајрамовска и словенечкиот првак Крим Меркатор го одбранија терофејот во Супер купот.

Дрогришки фантастичен, Пелистер подобар од Радовиш

ПОБЕДА И НОВ ФАНТАСТИЧЕН НАСТАП НА КАПИТЕНОТ ДРОГРИШКИ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП
Ракометарите на Пелистер, носени на крилата на својот капитен, Стефан Дрогришки, забележаа победа против Радовиш во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„ во Прилеп.

Пелагониското дерби ги мотивира пелистерци

ПО ГОДИНИ НА ПОСТО, ПОВТОРНО ОФИЦИЈАЛНО ВРАЌАЊЕ НА ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ ВО МАК-ФУДБАЛОТ 
По подолг временски период во кој се избегнуваа заради настапи во различни категории, Победа и Пелистер ќе се соочат во меч за бодови. Со подеднаков број на бодови и во потрага по првата второлигашка победа, двете екипи едвај го чекаат неделниот натпревар и заради најавата за голема посета на трибините и тоа и во двата града, и од Прилеп и од Битола.

28. 8. 2015.

Пелагониските ривали поразени на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„

ЗАПОЧНА ПРВИОТМ МЕМОРИЈАЛЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОСКИ„. ДВЕ ИЗНЕНАДУВАЊА УШТЕ НА СТАРТОТ 
Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„ го отворија Пелистер и Охрид, а славеа „гладијаторите“ од Охрид на тренерот Андоновски со 22:20, во неизвесен меч. Првиот дел заврши 13:13, во и тврд меч.

Крстески пред дербито се враќа во Победа

ИЗНЕНАДУВАЧКО ЗАМИНУВАЊЕ НА ИСКУСНИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ НА ПЕЛИСТЕР
Како големо изненадување во јавноста одекна веста дека искусниот дефанзивец Александар Крстески го напушти битолски Пелистер, каде не добиваше шанса во првите две кола и се врати во Победа, како слободен фудбалер.

27. 8. 2015.

Пелистер и во Втора лига „грми„ по судиите!

СИМЕОН СТЕВКОВ НЕ ОСТАВИ ДОБРИ СПОМЕНИ КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ ПО МЕЧОТ СО ГОСТИВАР ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА
Судиските одлуки беа трн в око за битолски Пелистер минатата сезона, кога Пелистер по трет пат испадна од Првата фудбалска лига. Но и во второто натпреварување по квалитет во нашиот фудбал, пелистерци имаат сериозни протести на адреса на делителите на правдата.

26. 8. 2015.

Јовановски од Пелистер мина во ХЈС Работник

НОВО СУПЕРЛИГАШКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ХЈС РАБОТНИК
Младиот 21 годишен голман, кој е производ на школата на Пелистер, Мартин Јовановски, од денес е нов член на членот на Првата лига, ХЈС Работник од Битола.

Струмичани пресилни за новиот Пелистер

ЗАРАДИ ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ КОЈА СТРУМИЧАНИ ЈА ТЕМПИРАА ЗА СЕХА ЛИГАТА, ВИЦЕШАМПИОНОТ ГО ДОБИ ТЕСТОТ СО ПЕЛИСТЕР
Макс Струмица - Пелистер 23:17(12:8)

Македонскиот вицешампион Мак Струмица синоќа на домашен терен го совлада Пелистер со 23:17 (12:8). Иако во почетната фаза од мечот Пелистер водеше со +4, сепак квалитетот на момците на Андонов дојде до израз и Макс

25. 8. 2015.

Милевски го обелодени списокот, повикан и Мустафов за мечевите со Украина и Австралија

НЕКОЛКУ НОВАЈЛИИ НА СПИСОКОТ НА МИЛЕВСКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАДЕЖИ
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повика 23- фудбалери за престојните две средби на оваа селекција, квалификацискиот со Украина и пријателскиот со Австралија.

22. 8. 2015.

Победи во тест мечеви за Пелистер и Струмица, во вторник нивни меѓусебен дуел

ОДИГРАН ПРВИОТ МЕЧ ВО ПОДГОТОВКИТЕ НА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Во првиот контролен меч во подготвителниот период, новиот Пелистер го совлада соседот Прилеп со 25:21 (10:13) во спортската сала „Младост„ во Битола. Момците на Николовски одиграа многу подобро второ полувреме во кое пред се во одбраната, битолскиот суперлигаш делуваше поорганизирано и дојде до победата.

Лошата реализација на Пелистер му носи само бод против Гостивар

НОВА ПРОПУШТЕНА ШАНСА И САМО РЕМИ ЗА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ПРВИОТ ДОМАШЕН МЕЧ ВО НОВАТА СЕЗОНА
Втора фудбалска лига - 2 - коло
Пелистер - Гостивар 1:1 (0:1)

Градски стадион „Гоце Делчев„ - Прилеп. Гледачи: 500
Главен судија: Симеон Стевков
Асистенти: Саше Тошевски и Горан Милошевски (сите од Скопје)
Делегат: Благоја Петров (Велес)
Стрелци: Главевски во 78 минута за Пелистер, Мифтари во 15 минута за Гостивар
Жолти картони: Главевски, Недановски, Петковски, Пашовски (Пелистер), Иљази (Гостивар)
Црвени картони: Петковски (Пелистер) во 85 минута

Пелагониско дерби на стартот во Суперлигата, пелистерки почнуваат исто како лани

ПОЗНАТ КАЛЕНДАРОТ ЗА НОВАТА РАКОМЕТНА СЕЗОНА ВО МАШКА И ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Денес во Скопје утврден е календарот за новата ракометна сезона која и во машка и во женска конкуренција ќе почне 19 септември. Новина е што женските суперлигаши нема да плаќаат котизација, што значително им ја олеснува работата и не го оптоварува нивниот буџет.

21. 8. 2015.

Друловиќ повика тројца битолчани за мечевите со Луксембург и Шпанија

ОЧЕКУВАН ИЗБОР НА СЕЛЕКТОР НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, ДРУЛОВИЌ ЗА МЕЧЕВИТЕ НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, го соопшти списокот на играчи за квалификациските натпревари кои националниот тим ќе ги одигра против Луксембург и Шпанија. Н

18. 8. 2015.

Станојевиќ е прескап, Пелистер го тестира Граб

ПЕЛИСТЕР СЕ КОНЦЕНТРИРА НА БОСАНЕЦОТ ГРАБ ОТКАКО ПРОПАДНА ТРАНСФЕРОТ НА СТАНОЈЕВИЌ
Пелистер не пронајде заеднички јазик со српскиот интернационалец Станојевиќ, па сега ќе го тестира интернационалецот од БиХ, Марио Граб. Тој е искусен ракометар кој што игра на позицијата десен бек.

Пелистер гостин на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски„

НА КРАЈОТ ОД АВГУСТ ВО ПРИЛЕП ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ НАШКОСКИ„
Од 28 до 30 овој месец ќе се одигра ракометен турнир во чест на легендата на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски. На турнирот учество ќе земат екипите на Прилеп и Пелистер, екипата од соседна Грција Диомидис Аргус како и РК Беса од Косово.

17. 8. 2015.

Исмаили ја спречи првата второлигашка радост на пелистерци

СЕКУНДИ ГО ДЕЛЕА ПЕЛИСТЕР ОД ПОБЕДА НА СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА
Втора фудбалска лига - 10 коло
Влазерими - Пелистер 1:1 (0:0)

Во последниот натпревар од првото коло на Втората фудбалска лига, Влазерими и Пелистер играа нерешено 1:1. Минатогодишниот прволигаш, на чие чело како тренер во официјален меч дебитираше новиот тренер Зоран Штерјовски, иако имаше водство се до 90 минута не успеа победнички да тргне во сезоната.

16. 8. 2015.

Пелистер очекува да се наметне уште од првото коло

ПОЧНУВА ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЈА ПЕЛИСТЕР Е ЕДЕН ОД НЕСПОРНИТЕ ФАВОРИТИ
В недела во Кичево против Влазерими, Пелистер ја почнува својата трета сезона во Втората фудбалска лига, со надеж дека и оваа ќе заврши како првите две, во кои зелените беа прваци и се промовираа во прволигаши неколку кола пред крајот на шампионатот.

15. 8. 2015.

„Чкембарите„ го пречкртаа Цермат, од компанијата и клубот со жестоко соопштение

НОВИ ПРОБЛЕМИ НА РЕЛАЦИЈА ФК ПЕЛИСТЕР - ЧКЕМБАРИ
Откако пред неколку дена побараа ревизија на договорот меѓу општина Битола и Цермат ДОО, навивачката група „Чкембари„ на Куп мечот со 11 Октомври во Прилеп протестираше против акционерите во клубот. Деновите отиде уште подалеку и го пречкрта логото на компанијата „Цермат„ на нивните производи низ градот. Веднаш со соопштение се јави ФК Пелистер и компанијата „Цермат„ со разјаснување на ситуацијата. Соопштението ви го емитуваме во целост:

14. 8. 2015.

Пелистер го остави најголемото засилување за крај

СОСЕДНИТЕ МЕДИУМИ НАЈАВУВААТ ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА КРАЈ НА БИТОЛСКИОТ СУПЕРЛИГАШ
Според пишувањата на српските и црногорските медиуми, битолски Пелистер се наоѓа блиску до доведување на уште едно големо засилување. Бившиот српски репрезентативец, Александар Станојевиќ е пред потпис со битолскиот суперлигаш.

13. 8. 2015.

Пелистер убедливо во осминафиналето на Купот

ПОЗИТИВЕН СТАРТ ЗА МОМЦИТЕ НА ЗОРАН ШТЕРЈОВСКИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ КУП
Фудбалерите на Пелистер без проблем се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија по убедливата победа над третолигашот 11 Октомври со 0:8 (0:3).

12. 8. 2015.

Нов бран засилувања и речиси формиран новиот Пелистер

ТРИ НОВАЈЛИИ И ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ПОСИЛЕН ПЕЛИСТЕР ВО НОВАТА СЕЗОНА
На денешната средба со новинарите, РК Пелистер ги претстави тројцата нови ракометари кои пристигнаа од Металург: Даниловски, Маркудов и Маџовски и сите тие искажаа огромен ентузијазам што доаѓаат во голем клуб.

11. 8. 2015.

„Чкембарите„ бараат ревизија на договорот за купување на ФК Пелистер

НИКАКО ДА СЕ СМИРИ СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ ФК ПЕЛИСТЕР!
На неколку дена пред стартот на официјалните натпревари, навивачката група „Чкембари„ излезе во официјално соопштение, односно молба, до акционерите на ФК Пелистер за расветлување на ситуацијата во која се наоѓа битолскиот второлигаш.

Пелистер ги официјализира трите засилувања од Металург

СО ТРИ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ КОИ ДОЈДОА ОД МЕТАЛУРГ, РК ПЕЛИСТЕР ГО ЗАВРШИ ПРЕОДНИОТ РОК
Од канцеларијата на РК Пелистер стигна потврда дека тројцата млади ракометари кои до минатата сезона настапуваа за Металург, Маџовски, Маркудов и Даниловски од денес се нови членови на Пелистер.

6. 8. 2015.

И Албанскиот Лачи подобар од битолчани, кои не славеа на ниту еден контролен меч

НИТУ ВО МЕЧОТ СО АЛБАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЛАЧИ, ПЕЛИСТЕР НЕ СЕ РАДУВАШЕ 
Пелистер - Лачи 0:2 (0:1)

Во Охрид против Албанскиот прволигаш Лачи, Пелистер на Зоран Штерјовски го имаше последниот седми контролен во подготвителниот период. И по овој меч, зелените немаат победа и со пет нерешени натпревари и два порази го завршија овој период на брусење на формата.

Албанскиот Лачи, последен тест за новиот Пелистер

БИТОЛСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ДЕНЕС ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР 
Денес против албанскиот прволигаш Лачи во Охрид, битолски Пелистер ќе го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на официјалните натпревари во Втората лига и дебито во Кичево против Влазерими.

5. 8. 2015.

Пелистер започна да ја гради својата „хемија„: Богдан Николиќ изненадувачки потпиша нов договор

ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР
Долго очекуваниот старт на подготовките на РК Пелистер се случи вечерва на тревнатите терени на стадионот под Тумбе кафе. По работниот состанок во спортската сала „Младост„ тренерот Игор Николовски го започна првиот тренинг на кој беа присутни четири новајлии. Големо изненадување беше враќањето на црногорскиот среден бек, Богдан Николиќ.

3. 8. 2015.

Пелистер во стативата, Партизани во мрежата

ПРВ ПОРАЗ НА БИТОЛСКИОТ ВТОРОЛИГАШ ВО ПРЕДСЕЗОНАТА
Пелистер - Партизани 0:1 (0:0)

На стадионот на Караорман во Струга, фудбалерите на Пелистер го одиграа шестиот контролен натпревар, овој пат против албанскиот прволигаш Партизани. За разлика од претходните мечеви кои се играа на многу топло време, овој пат летниот дожд и ветер значително им помогна на фудбалерите да играат по посвежо време.