Powered By Blogger

5. 3. 2014.

Двајца битолчани повикани во пионерската репрезентација

И НАТАМУ СТИГНУВААТ ПОВИЦИТЕ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ТАЛЕНТИТЕ ОД НАШИОТ ГРАД
Продолжува добриот момент на фудбалерите од битолското подрачје.
И во пионерската репрезентација која од 5 до 9 март ќе гостува во БиХ на фудбалски турнир повикани се двајца битолчани. Фудбалерот од пионерската школа на Пелистер, Бојан Илиевски, кој настапува во возрасната категорија која ја тренира Кире Грозданов и Кристијан Трапановски од школата „Талент„ на Златко Цветановски се дел од поширокиот список. Уште една убава можност со неколку силни мечеви ови млади момчиња да напредуваат и созреваат. Со овие два млади таленти вкупно 9 момчиња од Битола се дел од возрасните репрезентации на Македонија само оваа недела. 

Нема коментара:

Постави коментар