Powered By Blogger

4. 5. 2013.

Порто одамна го покажа патот...


Малкумина го познаваат Хозе Нуно Пинто да Кошта. Сите некако како аосцијација за Порто ги спомнуваат Моурињо, Деко, Виљаш Боаш, Фалкао, Маџер, Витор Баиа, Хулк и уште многу, многу други. Но се во овој клуб со рапиден развој од просечен во голем клуб се врти околу овој човек, околу Да Кошта. Ретко кој друг претседател владее толку долго. Можеби само Берлускони.
И двајцата почнаа во 1982 година и проектот на португалецот е помалку комерцијален, но е исто така победнички. Во неговото владеење Порто два пати стана европски првак, ја освои два пати и Лига Европа, а во домашното првенство се доближи на вечната листа до митската Бенфика, сега има 26 титули, наспроти 32 на „орлите„ Но, како тоа го направи Да Кошта, кога ја нема финасиската моќ на Берлускони, кога има силна академија, но ни приближно како Милан на Саки или Барса на Кројф или Пеп? Како успеа Да Кошта? Уште од раните деведесетти Порто плати серија на свои скаути во Јужна Америка, да ги снимаат екстра талентите од најталентираниот континент. Бразил, Аргентина и Колумбија секогаш биле „таргет„ на ловците на таленти на Порто. Денес плаво-белите се клуб со најмногу скаути во светот, ги има преку 100. Нивните мети во Европа најчесто се земјите каде може да се најдат одлични фудбалери за пониска цена: Романија, Белгија, бивша Југославија, неретко надвор од Европа и Алжир, Тунис и Мароко. Во време какво што имаме денес со десетина клуба кои можат да си дозволат луксуз и трошење на пари дури и повеќе одколку што ќе се заработи, Порто има друг модел. Истиот модел подоцна се обидоа да го наметнат Арсенал и Севиља, но со поскромни резултати. Анализата за раководењето со спортскиот проект на Порто можеме да ја почнеме дури и од далечната 82, но тогаш цените беа далеку пониски и ретко кој трошеше десетици милиони за обесштетување. Затоа еве како во новиот милениум Порто им одржа лекција на сите клубови од овој ешалон, како се менаџира. Целта беше двократна: да се доминира во Португалија со непрекинати учества во Лигата на шампионите каде што се милионите и менаџирање на фудбалерите по принципот - купи евтино, валоризирај и скапо продај. Така во 2000 година Порто полека го создаваше шампионскиот тим. И тоа за ситни пари. Без обештетување беше донесен Жорж Андраде од Естреља Амадора, за близу 3 милиони Алејничев од Рома и за 1 милион Миран Павлин од Фрајбург. Самофинансирањето го донесе со продажбата на Жардел во Галатасарај за преку 15 милиони. А високиот бразилец веќе го даде најдоброто од себе и ред беше и добро да се заработи. Титулата во Португалија и презимувањето во Европа беа редовна домашна задача, диригирана од Да Кошта. Наредната 2001 годината екипирањето продолжи со слободните трансфери на Хелдер Постига и Бени МекКарти за кои Порто не плати нути евро. Подоцна нивниот придонес во серија на трофеи на клубот ќе се покаже како одлучувачки. Тој трансфер прозорец ќе се покаже како единствен во последните дваесет години во кои Порто завршил во благ минус од преку 6 милиони евра. Следеше лош пласман, учество во Купот на УЕФА и тренерска смена.
Сјајната 2002/03 беше годината на доаѓањето на Жозе Моурињо како млад тренер кој претходно брзо се проби до клупата на португалските гиганти Бенфика и Порто, по долгиот период на калење како преведувач и асистент во Спортинг и Барса. Продажбата на Андраде во Депор и Паредес во Реџина донесе 15 милиони евра, а Моу инсистираше на ефтини купувања на играчи од негова доверба. Нуно Валенте од Леириа за половина милион и Паоло Фереира од Виторија Сетубал за 1,5 милион беа операции кои подоцна ќе донесат дебел плус. На мала врата дојде и Дарлеи од Униао Леириа за 550.000 евра и не ни сонуваше дека една година подоцна ќе погоди во финале на Лигата на шампионите. Но претходно скаутинг службата на Порто со Пинто Да Кошта и Моурињо ја освои тројната круна, заклучно со Лигата на Европа во Севиља против Селтик. Тимот ја доживеа својата финализација со враќањето во Лигата на шампионите. Босингва за 1 милион од Боависта и Карлос Алберто од Флуминензе за 2,5 милиони го комплетираа ростерот за влез во историјата. Подоцна знаете што донесе таа 2003 година, која хепи-ендот го имаше во Гелзенкирхен со Монако. И тоа во година со голем плус со продажбата на Хелдер Постига во Тотенхем за 10 милиони и на Капучо во Глазгов Ренџерс за 1,4 милиони. И трофеи и полна каса и вреднување на фудбалерите од кои боли глава. Пинто да Кошта како едвај да чекаше да се појават Абрамовиќ, Глејзер, катарските милиони. Профитот само два месеци по европската круна донесе над 55 милиони евра во касата на Порто. Пари од обештетување заработија дури и на тренерот Моурињо. Во пакет во Челзи Карваљо и Фереира донесоа 59 милиони фунти или преку 70 милиони евра. А тројцата (Моурињо, Карваљо и Фереира) Пинто да Кошта го чинеа ни 2 милиони евра. Деко на голема врата замина во Барса, каде беше продаден за 24 милиони евра само 20 дена по европската круна. Дерлеи заврши во Динамо Москва за 10, а Карлос Алберто назад во Бразил во Флуминензе за 12 милиони евра. Максималниот профит го комплетираа Алејничев во Спартак Москва за 2 и Педро Мендес во Тотенхем за 4 милиони. Дури се заработи и на Јанкаускас од Ница за 1 милион. Кога Кучеиро го наследи тимот од Моурињо за Суперкупот на Европа 2004 година имаше сосема нов ростер. Го купи Диего од Сантос за 8, Луис Фабиано од Сао Паоло за 4,5, Андерсон од Гремио за 6 и Кварезма од Барса за 7 милиони евра. Подоцна сите тројца освен Диего ќе ги продаде за најмалку тројно повеќе. Колку плановите им одеа далеку на визионерите на Порто покажаа и доведувањата на Сеитаридис од Панатинаикос и на Пепе од Маритимо за неполни 5 милиони евра. Порто стана светски првак, заработи нов плус наредното лето од преку 35 милиони евра и нормално редовно пишуваше домашна задача - пак шампион и учество во Лигата на шампионите. Во Португалија проектот Порто му беше доверен на Жезуалдо Фереира, а тој до крај ја исчисти ерата на Моурињо. Ја исчисти продавајќи скапо и корисно. Маниче, Сеитаридис, Костиња, Тиаго Силва и Нуно заминаа во Динамо Москва за 32 милиони фунти или преку 40 милиони евра. За Луис Фабиано Порто доби само 11 милиони заради нејасниот договор со фудбалерот чии права ги застапуваа две компании од Бразил. Инаку не бегаше двојно поголема сума. Нуно Валенте отиде во Евертон, а Хелдер Постига по враќањето од Тотенхем пак доживеа евтина продажба во Сент Етјен. Во превод уште 3 милиони евра. Жезуалдо мораше да почне од нула, но мораше и да победува и не смееше ни да помисли да ја испушти Лигата на шампионите. Скаутите на Порто уловија нови бисери. Од Ривер Плата „слета„ командантот Лучо Гонзалез за 12 милиони евра, што за стандардот на Порто до тогаш беше голема сума. Околу Лучо се вртеше проектот на Жезуалдо години подоцна. Лисандро Лопез како голгетер на Расинг Аваланеда дојде за 4 милиони на мала врата, како и Марек Чех од Спарта Прага за 2 милиони. И со само тие три нови имиња и со придодавања на голманот Хелтон, Хуго Леал и Мораиш, плаво-белите пак стигнаа пред сите на врвот. Но Трапатони и Бенфика наредното лето ги пореметија сметките на Порто, но касата пак беше полна. Па макар имало и по некоја грешка во валутацијата како бразилецот Диего кој беше продаден на Вердер за 7 милиони евра. Во Бремен замина и Хуго Алмеида за 1,5 милион, а Цезар Пешото се скраси во Еспањол за половина милион. Само толку, само 9 милиони плус на контото тоа лето. Но паника немаше во таборот. Ефтино беа купени Рентериа од Интернасионал за 1,5 милион и Фучиле од уругвајскиот Ливерпул за смешни 250.000 евра. Стигна двојната круна и цементирањето на тим за подолг период. Наредното лето 2008 година сите очекуваа Да Кошта да го одврзе кесето, но тој ги изненади сите со финансиски операции за гинис, главно со големите клубови. Дојде време за созревањето на Пепе, кое Реал го плати 32 милиони евра, за продажбата на до тој момент само талентот Андерсон во Манчестер Јунајтед за 34 милиони, па во споредба со овие операции смешни беа и продавањата на Рикардо Коста во Волзбург за 5 и Ибсон во Фламенго за 1 милион. Дебел плус од 50-60 милиони, а замени кои вредат 10 пати помалку. Тоа беше демонстрацијата на политиката на Порто. Фариас од Ривер Плата требаше да дава голови, а вредеше само 4,5 милиони, Мариано Гонзалез беше избркан од Палермо и во Порто дојде за неполни 2 милиони, плус ефтините Болати, Степанов, Фернандо. Ново реновирање, стари навики. Со најскромен тим, пак титула и по некој скинат скалп во Европа. 
Во 2009 година Порто затвори уште една страница со својот развој. Се сеќавата на сумите платени за доаѓањето на Босингва и Кварезма. Сега двајцата „го фатија патот„ за Челзи и Интер, а Порто доби 46 милиони евра за двајцата. Пауло Асунсао во Атлетико Мадрид, Чех во ВБА и Пеле во Портсмут беа продадени за 6,5 милиони. И тогаш притисокот од медиумите Пинто да Кошта скапо да купи, го принудија големиот бос да издвои за некого 20 милиони евра. До тој момент незамисливи 20 милиони. За кого? За играч кој доаѓа од Токио Верди. Личеше на првоаприлска шега. Дојде робусниот бразилец Хулк и цели три-четири месеци не играше. Дојде и Кристијан Родригез од ПСЖ за 7 и Сапунару од Рапид за 6 и тогаш младиот Фреди Гуарин за 1,2 милион евра од Сент Етјен. Пак јужноамерикански стил и пак титула. Жезуалдо полека го исполни својот циклус. Сите знаеа дека Бенфика со новиот тренер Жорж Жесус кој дојде од Брага ќе го превземе приматот. Барем на една сезона. Затоа мораше да се заврши новата трансформација. А таа започна со нова чистка. Уште во јуни 2010, Жезуалдо беше заменет со најмладиот тренер во историјата на Порто, Андре Виљаш Боаш, до тој момент асистент на Моурињо во Интер. И каразматичниот нов предводник побара нова гарнитура млади звезди и звездички. Лисандро Лопез во последен момент, во август беше продаден во Лион за 26 милиони евра, но заменет со Фалкао од Ривер за само 6,5 милиони. Лучо заедно со Лисандро „кршеа копја„ во Франција, само што „командантот„ дојде на југ во Марсеј за 20 милиони евра. За помалку од милион купениот Алу Сисоко се врати во Франција, исто во Лион за огромни 18 милиони. А лесно можеше за таа сума и во Милан, само не ги мина лекарските тестови. Покрај „Ел тигре„ Виљаш Боаш одпочна со Алваро Переира од Клуж и Фернандо Белуски од Олимпијакос за кои што плати 13 милиони евра. Нов проект, нов млад тренер, 44 милион позитива таа 2010 пет титули во 9 месеци со Виљаш Боаш. И освоена лига без пораз и нови споредби со ерата на Моурињо. Има ли Порто сили за нов дабл. Со АВБ ја освои Лига Европа во Даблин (1:0 против Брага со голот на Фалкао) и сите јуришаа на потврда во Лигата на шампионите. Но Виљаш Боаш беше откупен од Челзи за 15 милиони евра, а Порто мораше пак од нула со нов млад тренер. Изборот падна на Витор Переира, уште еден човек од куќата Порто. И не само што сите му бараат најмалку европско полуфинале, туку тоа мораше да го брка и без капитенот Бруно Алвеш и каризматичниот Раул Меирелеш. Двајцата Порто ги донесе многу млади и многу ефтино, а ги продаде во Зенит и Ливерпул за вкупно 39 милиони евра. Плус нападот остана само на Фалкао по враќањето на Фариас во Јужна Америка во Крузеиро за 1,5 милион. Переира знаеше дека местото не му е меѓу Барса, Баерн, Манчестер и се покри со добри, но многу поефтини варијанти. Жоао Мутињо од Спортинг требаше да биде новиот Лучо, а вредеше 12 милиони. Отаменди и Џејмс Родригез дојдоа како супер таленти од Велез и Банфилд за 9 односно 6 милиони евра. Со голема помпа со само 17 години плаво-белиот дрес го облече аргентинецот Итурбе за 5 милиони, но никогаш не ги оправда очекувањата вложени во него. Лошиот карактер не му дозволи да биде новиот Кварезма. Переира „ниско леташе„ и знаеше дека нема в раце тим за повеќе од обична домашна титула. Но минималната цел не беше испуштена. Младиот тренер фати континуитет и се вклопи во клубската политика. 
Бомбата на летото 2011 година беше трансферот на Фалкао во Атлетико Мадрид, место продадениот Кун Агуеро за вртоглави 52 милиони евра. Во трансферот влезе и Рубен Микел за 6 милиони, а Гуарин отиде на позајмица во Интер за по половина година да биде одкупен за 12 милиони евра. Заработените преку 50-60 милиони евра, мораше да се потрошат со нови потенцијални десетици милиони за европскиот пазар. Така Данило од Сантос беше платен дебели 15 милиони, а не ги одравда, а поефтини трансакции беа направени со Јанко од Твенте за 4 и Дефур од Стандард за 7 милиони евра. Вратен беше од Марсеј Лучо Гонзалез без обештетување и Порто тргна полесно од предвиденото по нова титула во „Сагреш„ лигата. Иако само со Хулк во нападот дојде трофејот, извесно беше дека од 2012/13 клубот ќе мора да побара нов напаѓач, како прав наследник на Фалкао. Со една година задоцнување дојде Џексон Мартинез од колумбискиот Жагуерас за 11 милиони евра. Но со Хулк играа заедно само половина сезона, бидејќи во зимскиот преоден рок Хулк без ниту да го прашаат го продадоа во Зенит за 56 милиони евра. Никогаш не се потрошиле толку многу пари за еден играч во руската Премиер лига. И валоризацијата продолжи со огромните 14 милиони кои Интер ги плати за Алваро Переира и скромни по 3 милиони колку што Порто доби од Бурсаспор за Белуски и од Трабзонспор за Јанко. Големо изненадување беше одстапката на Роландо во Наполи за само 1,1 милион евра за една полусезона во јануари оваа година. Но Порто ја брани титулата, во Европа презими како по обичај, но испадна од Малага во осминафиналето, но планирањето продолжи. Дојдовме до ден-денешен. Скаутите не мируваат. Некои не знаат што ќе биде утре, а Порто знае од каде ќе почне. Веќе го купи Диего Рејес од Клуб Америка за 7 милиони и тоа треба да биде најава за продажба на Џејмс Мартинез. Или можеби ќе стигнат десетици милиони за Џексон, за Моутињо, за Отаменди. Така работи Пинто да Кошта. И има осум домашни титули во новиот милениум. Има два купа од Лига Европа и една Лига на шампиони по 2000 година. Ги произведе Моурињо и Виљаш Боаш, Деко и Фалкао, Кварезма и Пепе, Андресон и Карваљо и сума-сумарум е во плус од 242 милиони евра само од обрт на фудбалери. И пак неуморно следи, скаутира. Пак ја има целата слика во младинскиот фудбал. И пак ќе биде онаа машина за пари, но и за трофеи. Нешто за кое сите клубови со буџет како Порто можат да сонуваат. Но добро кај Пинто да Кошта не беше се розово. И во Португалија имаше свое Калчополи. Имаше обвинувања, па и казни за подмитени судии, по кои најмногу Боависта, а помалку Порто ја платија цената. Но тоа не може да ја помрачи сликата и патот кој Порто на сите им го покажа уште многу, многу одамна. Уште кога големата светска финансиска криза не тропаше на врата. За да го пресликате проектот на Порто треба многу. Треба идеа, вистински соработници, разработена мрежа. Но повеќе од се треба лидер. Треба Пинто да Кошта, а тој е само еден.            

Нема коментара:

Постави коментар