Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Одлична презентација на БК Пелистер во Штип

ОД ШТИП БОКСЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ГО ПОЧНАА ЕКИПНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
Овој викенд започна екипниот шампионат на Македонија во бокс. Некогаш во бившата држава ова првенство привлекуваше големо внимание и интерес меѓу битолчани.
Во првото пролетно коло Пелистер настапуваше во Штип против уште еден традиционален клуб, квалитетната боксерска школа на Баргала. Александар Најдовски - Сканта ја потврди својата одлична форма и неспорниот квалитет и во тешка категорија го совлада искусниот штипски боксер Илче Јоноски. Од останатите битолски боксери Никола Бакалов од БК Пелистер загуби од Мартин Стојчевски, а во воведните борби на младите боксери Леон Елмазов и Оран Јашаров имаа големо искуство со оглед на тоа што се работи за пионери. Во останатите категории немаше противници и сите борби не се одржаа. Но за почеток на една нова лига во бокс, добро е што иницијативата е реализирана и што боксот се враќа со викенд активности во нашиот град и воопшто во целата држава. Ќе видиме каков ќе биде интересот за екипниот бокс, кога БК Пелистер ќе биде домаќин.  

Нема коментара:

Постави коментар